На 173 735км направен мал сервис во домашни услови. Поминати точно 9800км од претходната промена.
Незнам што е работава, ама за три филтри ги поминав сите поголеми магацини за да го склопам сетот. Бев во Матрикс, мега ауто партс и крис и том, од сите 3 места купив по една работа затоа што другите две работи ги немаа на лагер. Уљето е купено од аутофилтер и е поскапо за 900 денари од лани. Исто и филтрите се доста поскапи од лани. Лани истиот филтер за уље сум го купил 190 денари, а сега 450 денари. Што е, тоа е!!
Променета е и нова штопна на картер (заборавив да ја сликам).
Следно на листата е менување на сите 4 амортизери и една манжетна на внатрешен зглоб. Деловите се веќе набавени и се надевам мајсторов од среда ќе ми се ослободи па и тоа ќе завршиме.
И ке остане да се види што ќе се прави со компресорот за клима, дали е компресорот или е лагерот. Тоа здравје после 10ти август.
Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk