Автор Тема: Opel Meriva 1.6 Facelift  (Прочитано 79445 пати)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Opel Meriva 1.6 Facelift
« Одговори #705 на: 04 Јуни 2023, 21:49:25 pm »
Па ако знае другарот, нека ја исполира како што треба.

Предниот браник ми е полиран во 3 фази после фарбање. Еве го 2ра година тера нема никаков проблем

Јас сеа ќе полирам тоа што фарбав од причина што не е мазно на рака. Ќе пробам прво со погруба паста, ако не иде тогаш 2000ка или 2500ка па фина паста.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: Opel Meriva 1.6 Facelift
« Одговори #706 на: 08 Јуни 2023, 08:16:45 am »
@Zile секоја чест, прави мерак?

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Opel Meriva 1.6 Facelift
« Одговори #707 на: 08 Јуни 2023, 08:28:33 am »
Прави прави и тоа ептен. Чим излагам од кола и се вртам повторно да ја видам....

Туку здравје, викендов планирам да и удрам една полирка, е тогаш џам ќе биде.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Opel Meriva 1.6 Facelift
« Одговори #708 на: 18 Јуни 2023, 15:07:37 pm »
Вчера ми удриа бубачки во глава. Отидов до кај Кардаш, купив половна ракета со темпомат. Ја монтирав и ја активирав со опком ама не работеше. Мислев дека ракетата е неисправна. Благодарение на @nestor04 (друже поклон до земја, без твоја помош немаше да ја биде) ми испрати линк од бугарски форум каде што типот исто става темпомат. Испадна кај мене дека фали само една жица која треба да се пушти од конекторот од ракетата до главниот (сивиот) џек. @nestor04 фала уште еднаш, дужам не само кафе, туку и кафана

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5899
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Meriva 1.6 Facelift
« Одговори #709 на: 18 Јуни 2023, 15:15:07 pm »
Еј Zile многу ми е мило што успеа да монтираш темпомат сам со оналјн помош ;D
Со здравје да се користи  ;D ;D
Доста корисна работа.
Сега испраксиран си за клучеви кодирање и темпомати. ;)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Opel Meriva 1.6 Facelift
« Одговори #710 на: 18 Јуни 2023, 15:21:13 pm »
Така е @nestor04  имам пракса сеа

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: Opel Meriva 1.6 Facelift
« Одговори #711 на: 18 Јуни 2023, 15:37:09 pm »
Од нигде никаде темпомат  :D А на некој кога ја купувал нова му барале сигурно 1000рче доплата за да има темпомат  ;D

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Opel Meriva 1.6 Facelift
« Одговори #712 на: 18 Јуни 2023, 16:40:19 pm »
Гарант во 2006та се доплаќало побајаги за темпомат.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: Opel Meriva 1.6 Facelift
« Одговори #713 на: 10 Септември 2023, 12:10:59 pm »
@Zile како се покажа сработеното до сега? Мислам на фарбањето?

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Opel Meriva 1.6 Facelift
« Одговори #714 на: 10 Септември 2023, 12:22:43 pm »
Сега за сега е одлично, нема никакви нус појави. Сеуште не сум ја исполирал, чекам да се погодиме со времево, да залади и да бидам слободен па да го исполирам барем кровот. Ако имам време денес ќе ја исперам и ке ставам некоја слика да видиш.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Opel Meriva 1.6 Facelift
« Одговори #715 на: 10 Септември 2023, 19:48:39 pm »
Еве за @зоки-златен некоја слика после перење.
Друга работа, мајстори ме убедуваа дека прелаз тешко се правело и секогаш ке двоела бојата.за задната врата има делче фарбано, па ајде најдете што е фарбано. Фала, пријатно











Едит: Аииии и помошникот го има на една од сликите
« Последно менување: 11 Септември 2023, 06:57:54 am zeroSignal »

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: Opel Meriva 1.6 Facelift
« Одговори #716 на: 10 Септември 2023, 19:50:39 pm »
Јас си реков ќе речеш дојди на пиво да видиш, он слики ќе ставал 😂
Едит: се погодиме во исто време да пишеме, вака одлично изгледа, голема разлика од претходно.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Opel Meriva 1.6 Facelift
« Одговори #717 на: 10 Септември 2023, 19:51:26 pm »
Ајде доаѓај дур сум во двор, таман пивото ладно е

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5899
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Meriva 1.6 Facelift
« Одговори #718 на: 10 Септември 2023, 19:51:28 pm »
Друга работа, мајстори ме убедуваа дека прелаз тешко се правело и секогаш ке двоела бојата.за задната врата има делче фарбано, па ајде најдете што е фарбано. Фала, пријатно
И кај мене е со прелаз правено и сечени се полумесеците, треба да го гледаш лакот под светло па да ја пронајдеш разликата, а прелаз не знае да направи само калфа. А кога ќе се исполира нема да се забележува ни под светло.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Opel Meriva 1.6 Facelift
« Одговори #719 на: 10 Септември 2023, 19:55:45 pm »
Многу незнаат да прават прелаз и не се нафаќаат, треба многу трпение. Втора работа, лесно е да се направи прелаз каде што има ивица ама приблемот е каде што нема ивица, на пример кај мене горниот стуб што се спојува со задното крило, никаде нема пресек.