Бидна и кровот. Не успеав да ги сликам сите фази за да направам туторијалче, се беше против мене денес
Спремна за филер па боја па лак.
Исфарбана, тоа горе што се глеа како флека, не е флека туку прашина.
И една грешка која ќе се поправи за недела две, да се исуши прво убаво. Од едната страна успешно направен прелаз, ама од другата не, знам каде згрешив. Ќе се стругне, тоа е
И како капак на се, плавата креп трака остава лепак на бојата. Тоа од гепекот што го фарбав прво беше со плавата креп трака изолирано. Се укашка целото, пробав со вода не се вадеше, wd исто и на крај со нитро и го укашкав бетер. Немам слика, се изнервирав. Ќе се префарба и тоа коа ќе се средува браникот.