Автор Тема: Opel Meriva 1.6 Facelift  (Прочитано 79454 пати)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Opel Meriva 1.6 Facelift
« Одговори #690 на: 26 Мај 2023, 20:40:53 pm »
Тоа е битно лак да има. Ако е тенок лакот и го пробиеш, нема спас тогаш. Јас хаубата само ја лакирав не ја фарбав ама лак и ставив 3 раце и тоа 3тата баш дебела, намерно за да можам да стругам со 2000ка шмиргла пред полирање.

Е сеа на стар лак, препоставувам дека нема да треба да се шмиргла, туку ќе се оди со 3 пасти. Прво груба, па фина па ултра фина.

Ова е само моја препоставка, немам искуство со полирање, сеа прв пат полирав

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Opel Meriva 1.6 Facelift
« Одговори #691 на: 26 Мај 2023, 20:57:32 pm »
.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: Opel Meriva 1.6 Facelift
« Одговори #692 на: 26 Мај 2023, 21:52:31 pm »
За домашна изработка, резултатот е повеќе од одличен.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Opel Meriva 1.6 Facelift
« Одговори #693 на: 26 Мај 2023, 22:17:19 pm »
Не слики не може баш да се долови резултатот но во живо е мнооогу подобро. Верувам дека многу мајстори ни пола од ова неможат да го постигнат со профи опрема а не па со спреј.
Едвај чекам да ги исполирам деловите што се фарбани, тек тогаш мислам дека ќе биде екстра.
Едит: еве уште некоја слика.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Opel Meriva 1.6 Facelift
« Одговори #694 на: 29 Мај 2023, 08:17:47 am »
Од кај зимаше боја и лак? Претпоставувам во посеби спрееви зема?
Зошто има варијанта и лак со боја, јас имам така земено, ама нема сјај после фарбање кога ке се исуши.
Вака гледам одлично испаднало.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Opel Meriva 1.6 Facelift
« Одговори #695 на: 29 Мај 2023, 09:00:04 am »
Боја и лак зимав од Хелиос она дуќанчето карши порта влае кога одиш по 5ка до спорт лајф што е.
Да, посебно зимав боја, посебно лак.

Отсутен M.Meskov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 392
Одг: Opel Meriva 1.6 Facelift
« Одговори #696 на: 29 Мај 2023, 09:58:05 am »
Боја и лак зимав од Хелиос она дуќанчето карши порта влае кога одиш по 5ка до спорт лајф што е.
Да, посебно зимав боја, посебно лак.
А бојата по код ли ја прават и имаш ли пробано дали со бензин се лупи?

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Opel Meriva 1.6 Facelift
« Одговори #697 на: 29 Мај 2023, 10:02:08 am »
Да, по код ја прават. Бојата е иста, онаа за коли што се става во пиштол.
Во спрејот ставаат боја, хартер...ја спремаат исто како за во пиштол а ја ставаат во спреј. Дали се вади со бензин, незнам.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Opel Meriva 1.6 Facelift
« Одговори #698 на: 02 Јуни 2023, 15:52:49 pm »
После толку фарбање и стругање, дојде време за мал сервис. Набавени следниве работи:

Сменети во домашни услови на 164 700км. На 174 700км ќе треба и голем и мал сервис во едно. Филтерот за масло ме измачи да го оштрафам ама успеав некако, многу е недостапен.

Следно е да се испере убаво колата и да се пушти една бомба внатре за климата.
« Последно менување: 02 Јуни 2023, 15:59:19 pm Zile »

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Opel Meriva 1.6 Facelift
« Одговори #699 на: 04 Јуни 2023, 21:30:40 pm »
Квалитетно потрошени 4 саати. Не беше перена повеќе од месец дена, а да не зборам колку имаше прашина од стругањето. Следно, полирање

Уште со колегава да се договорам да го среди браникот и тоа е тоа.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5899
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Meriva 1.6 Facelift
« Одговори #700 на: 04 Јуни 2023, 21:31:49 pm »
Ти ќе ја полираш?

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Opel Meriva 1.6 Facelift
« Одговори #701 на: 04 Јуни 2023, 21:32:48 pm »
Да

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5899
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Meriva 1.6 Facelift
« Одговори #702 на: 04 Јуни 2023, 21:35:27 pm »
Ако можи да ми ја објасниш постапката оти со месеци истражувам, имаме еднаш полирано со еден автолакер возило после фарбање ама кога видов дека од 1500 грубост почнува...
Добива сјај неверојатен, ама брзо паѓа лакот така...

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Opel Meriva 1.6 Facelift
« Одговори #703 на: 04 Јуни 2023, 21:40:46 pm »
Се зависи од лакот на колата во каква состојба е. Се дур не се види лакот во живо ништо неможе да се каже.

Ти ако сакаш да пробаш да полираш пробај само со пасти. Почни од погруба и заврши со најфина. Или ако зимаш од 3М ќе си земеш ќец два и тројка паста и соодветни сунгери за истите.

Не ти препорачувам да стругаш лак, поготово на постара кола.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5899
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Meriva 1.6 Facelift
« Одговори #704 на: 04 Јуни 2023, 21:44:23 pm »
Холограми од четка не излегуваат со фина од 3М, добива само сјај, имам пробано. А со погруба ми е страв да не падни лакот, другар кој се занимава со тоа ми рече ако ти е за продавање исполирај ја во 3 фази.