Автор Тема: Seat Ibiza ST 1.2 TDI  (Прочитано 23104 пати)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #30 на: 24 Октомври 2019, 14:59:36 pm »
OT
како можеш да го гледаш телефонов со тоа нештото расцветано и изгрицкано врз екранот, свака чаС

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #31 на: 24 Октомври 2019, 15:00:52 pm »
Не е мој на жена ми е  ;D

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8692
  • Пичлеме
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #32 на: 24 Октомври 2019, 16:10:09 pm »
OT
како можеш да го гледаш телефонов со тоа нештото расцветано и изгрицкано врз екранот, свака чаС

Не можев да се концентрирам на постот од тоа „скринсејверот“ :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #34 на: 28 Октомври 2019, 13:02:31 pm »
Вчера на 184.200км променети зимски гуми, некои си Kleber Krisalp од претходниот газда, доста меки и тивки гуми. Овие дојдоа со 14ки челични бандажи и раткапни ама не ги ставив многу се грди. Гумите се 6мм на нив така да се во добра состојба ќе видиме како ќе се покажат на јаки студови и снегови.

« Последно менување: 28 Октомври 2019, 20:03:09 pm vlatko.klp »

Отсутен malinamamun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 552
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #35 на: 28 Октомври 2019, 18:16:45 pm »
Си купив на гугл плеј интересна апликација (4-5 евра беше) VAG DPF, поврзуваш преку обд и покажува многу интересна статистика за дпф-то како функционира, пред колку км е последна регенерација, колку минути се поминати итн.

Еден интересен податок кој после читање на многу онлајн ваг форуми, забележав дека бројките во врска за гареж и кога започнува се исти без разлика дали се работи за 1.2 тди, 1.6 или 2.0 тди. Регенерација почнува некаде кога soot mass е околу 23-25 грама односно скоро 100% исполнетост. После успеша регенерација, гарежот не е никогаш на 0 туку отприлика на 5-6 грама односоно 20тина %. Овие 100% немаат врска дека самиот дпф е 100% полн, тотално различни работи се тоа. Инаку, гарежот може некогаш може да биде и 105-110% но и тоа не е страшно се додека знаеме дека регенерацијата е веќе започната и во тек. Веќе над 28 грама ако регенерацијата не е започната поради многу кратки релации и незагреан мотор, или гасење на моторот дур се случува регенерација, тогаш се појавува жолтото знакче во форма на ауспух и нели тогаш мора да возиш на отворено 20 и кусур минути итн.

Кога ја возев од Германија и стигнав дома, увидов дека последната регенерација била пред 590км а веќе започна мислам кога имав поминато 600км. 

Имено, апликацијава покажува статистика во реално време и многу е интересно што пасивна регенерација се случува толку ретко наместо како што мисли јавноста. Колата треба или да ја возиш констатно над 160км/ч за да има минимално намалување на гареж, или па да ја цепаш на некоја јака угорница 3-4та брзина констатно. Дури  и тогаш, ако да речеме имаш моментално 20 грама гареж, ќе се спушти 1 грам и ќе биде 19 грама.

Ова е скриншот скоро пред регенерација
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

После успешна регенерација. Забележете ги екстремно високите температури на издувот кои се резултат на софтверски шприцање на повеќе гориво. За да добиеш вакви температури при пасивна регенерација треба да возиш како будала  :)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Инаку, веднаш осетив дека има регенерација поради симптомите кои се очигедни. Моторот беше загреан, во лер обртаите се кренаа на 1.000 и само звук на моторот беше мааалце по груб. Сетоа ова траеше не повеќе од 10тина минути и заврши. Значи ова е циклус кој се случува констатно низ целиот животен век на дпф-то. Проблемите настануваат кога колата се вози на многу кратки дестинации и кога се гаси при регенерација.

Многу интересен податок е бидејќи после оваа регенерација, колата ја возам исклучиво во град. И веќе при само поминати 250км имав скоро 19 грама гареж и при отприлика 300км се случи следната успешна регенерација. Значи на отворено сум поминал 600км (тука нормално и самата брзина си го прави своето), а во град упола од тоа

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Oil Ash Residue (38 грама) е уствари пепелта како резултат од работата на моторот. Тука нели, минималниот blow by директно се таложи на крај во самиот ДПФ и тука е всушност целата фрка околу животниот век на ДПФ. Капацитетот на дпф е макс 70 грама што значи дека при поминати 183.000км, кај мене 54% дпф-то е полн. Затоа е многу битно кога се збори дека на возила со ДПФ,  мора да се става уље со ниско ниво на пепел (low saps). Со ставање мид сапс или хај сапс уље му го кратите животниот век на дпф-то повеќекратно.

Според моите калкулации, некаде при 340.000км дпф-то ќе биде полно 100% и поради тоа нема да има физички место за гарежот да се складира пред да се регенерира. Од тука, ова е многу корисно програмче за да видите уствари дали некој ги има вратено километрите на колата зошто одма ќе дознаете. Скоро секаде може да се заклучи од читање на релевантни форуми, дека ако колата не троши уље, се вози како што треба со загреан мотор и уље кое е low saps (low ash) тогаш со оригинален дпф треба да се поминат 300.000км горе доле пред да му дојде време за промена. Нормално, има и по форуми луѓе што поминале преку 450.000км со оригинален дпф но тоа се таксисти или луѓе што возат цело време на отворено.







Дали можеш да ми ја пишеш апликацијата во порака.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43719
  • Il Moderatore
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #36 на: 28 Октомври 2019, 19:15:37 pm »
Ете ја, пишана е, VAG DPF

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #37 на: 25 Март 2020, 20:55:35 pm »
Денес на 187170 сменет зимскиот со летниот сет, поминати 3000 км. 






Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #38 на: 30 Мај 2020, 09:48:49 am »
Дали знае некој колава има двомасен замаец?

При поагреисивно тргање во прва и втора се слуша како да има метално гребење, така најдобро би го опишал. Нема никакво тропање во лер со отпуштен кумплук така да можеби квачилото е при крај. Секакво мислење е добредојдено.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #39 на: 30 Мај 2020, 09:56:55 am »
Скоро сум сигурен дека има.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #40 на: 30 Мај 2020, 17:17:32 pm »
Зар на 1,2 тди да има двомасен? Нели оние 1,4 тди со три клипа немаа двомасен, би било чудно овие 1,2 да имаат....
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен BokiCivic

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3803
  • Боинг 747
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #41 на: 31 Мај 2020, 21:13:34 pm »
Според каталог нема . А и според сликава на самата ламела има пружини за да го ублажуваат ударот . Еве како изгледа сетот.


Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #42 на: 03 Јуни 2020, 07:14:05 am »
Викендов си го поминав и сеатот со биселот. Беше со многу повеќе флеки од голфот но овојпат чистев со хемија од https://www.poorboysworld.co.uk/shop/poorboys-world-carpet-and-upholstery-cleaner/ , а првиот пат голфот го чистев со хемија што дојде од бисел во самата кутија. Неколку слики што успеав да сликнам дур чистев.

совозачко седиште




 задна клупа





Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #43 на: 03 Јуни 2020, 08:38:46 am »
Уф... Добар.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #44 на: 22 Јули 2020, 14:02:46 pm »
Денеска возејќи приметив 190.000 мал јубилеј. Од кога ја купив имам поминато 7.000км за 10 месеци. Ова коронова поремети секакви планови и од денешна гледна точка втор автомобил не е потребен но јбг. Го возам ова 2 недели па после голфот во смисла да не поебам акумулатор од многу стоење. Планирам Септември да сменам филтер за полен а наредна година ребраст каиш и водна пумпа а можеби и ламела.

Количево е пали вози, многу стегнато никакви проблеми до сега освен што ги балансирав летните гуми кога ги монтирав, нови Бош брисачи, амортизери на 5та врата и тоа е тоа. Се гледа дека претходниот сопственик се грижел многу добро за неа, континентал премиум контакт на ибица ставил :), има нови предни дискови и плочки АТЕ, Sachs предни амортизери. Сеуште сум позитивно изненаден од 3 цилиндри и 75кс, многу добро си вршат работа.