Си купив на гугл плеј интересна апликација (4-5 евра беше) VAG DPF, поврзуваш преку обд и покажува многу интересна статистика за дпф-то како функционира, пред колку км е последна регенерација, колку минути се поминати итн.
Еден интересен податок кој после читање на многу онлајн ваг форуми, забележав дека бројките во врска за гареж и кога започнува се исти без разлика дали се работи за 1.2 тди, 1.6 или 2.0 тди. Регенерација почнува некаде кога soot mass е околу 23-25 грама односно скоро 100% исполнетост. После успеша регенерација, гарежот не е никогаш на 0 туку отприлика на 5-6 грама односоно 20тина %. Овие 100% немаат врска дека самиот дпф е 100% полн, тотално различни работи се тоа. Инаку, гарежот може некогаш може да биде и 105-110% но и тоа не е страшно се додека знаеме дека регенерацијата е веќе започната и во тек. Веќе над 28 грама ако регенерацијата не е започната поради многу кратки релации и незагреан мотор, или гасење на моторот дур се случува регенерација, тогаш се појавува жолтото знакче во форма на ауспух и нели тогаш мора да возиш на отворено 20 и кусур минути итн.
Кога ја возев од Германија и стигнав дома, увидов дека последната регенерација била пред 590км а веќе започна мислам кога имав поминато 600км.
Имено, апликацијава покажува статистика во реално време и многу е интересно што пасивна регенерација се случува толку ретко наместо како што мисли јавноста. Колата треба или да ја возиш констатно над 160км/ч за да има минимално намалување на гареж, или па да ја цепаш на некоја јака угорница 3-4та брзина констатно. Дури и тогаш, ако да речеме имаш моментално 20 грама гареж, ќе се спушти 1 грам и ќе биде 19 грама.
Ова е скриншот скоро пред регенерација
После успешна регенерација. Забележете ги екстремно високите температури на издувот кои се резултат на софтверски шприцање на повеќе гориво. За да добиеш вакви температури при пасивна регенерација треба да возиш како будала
Инаку, веднаш осетив дека има регенерација поради симптомите кои се очигедни. Моторот беше загреан, во лер обртаите се кренаа на 1.000 и само звук на моторот беше мааалце по груб. Сетоа ова траеше не повеќе од 10тина минути и заврши. Значи ова е циклус кој се случува констатно низ целиот животен век на дпф-то. Проблемите настануваат кога колата се вози на многу кратки дестинации и кога се гаси при регенерација.
Многу интересен податок е бидејќи после оваа регенерација, колата ја возам исклучиво во град. И веќе при само поминати 250км имав скоро 19 грама гареж и при отприлика 300км се случи следната успешна регенерација. Значи на отворено сум поминал 600км (тука нормално и самата брзина си го прави своето), а во град упола од тоа
Oil Ash Residue (38 грама) е уствари пепелта како резултат од работата на моторот. Тука нели, минималниот blow by директно се таложи на крај во самиот ДПФ и тука е всушност целата фрка околу животниот век на ДПФ. Капацитетот на дпф е макс 70 грама што значи дека при поминати 183.000км, кај мене 54% дпф-то е полн. Затоа е многу битно кога се збори дека на возила со ДПФ, мора да се става уље со ниско ниво на пепел (low saps). Со ставање мид сапс или хај сапс уље му го кратите животниот век на дпф-то повеќекратно.
Според моите калкулации, некаде при 340.000км дпф-то ќе биде полно 100% и поради тоа нема да има физички место за гарежот да се складира пред да се регенерира. Од тука, ова е многу корисно програмче за да видите уствари дали некој ги има вратено километрите на колата зошто одма ќе дознаете. Скоро секаде може да се заклучи од читање на релевантни форуми, дека ако колата не троши уље, се вози како што треба со загреан мотор и уље кое е low saps (low ash) тогаш со оригинален дпф треба да се поминат 300.000км горе доле пред да му дојде време за промена. Нормално, има и по форуми луѓе што поминале преку 450.000км со оригинален дпф но тоа се таксисти или луѓе што возат цело време на отворено.