Барав веќе подолго време второ градско возило. Се започна некаде Јуни месец и она што го изнагледав кај мене во Латвија и Литванија беше крш до крш. Обично носени коли од Германија со никаква историја, сечени лепени кршеви невидени. Од тие што не беа увоз изборот беше многу мал и очаен, 99% од колите веќе имаа сериозна корозија. Нормално, имаш огромен избор за веќе истрошени бмв, мерцедес и ауди ама тоа не беше мојата цел.
Фатив на мобиле.де барав стриктно коли од приватни лица што имаа активна регистрација и на крајот по долги преговори со еден многу културен дечко од Германија, падна договорот за Сеат Ибица 1.2 тди караванче. Колата имаше поминато технички таму поминато пред 1 месец, така да бев сигурен за техничката состјба, што како и кога било сменето од денот кога била купена. Од аспект на комуникација, средување на папири и сетоа тоа помина без никакви проблеми.
Земав авионски карти до таму, наредниот ден средивме папири и земав од тие црвените таблици за експорт и возејќи си ја донесов колата тука. Пред некој ден ја регистрирав, без никакви забелешки, све е тип топ. Кога ја качија горе на технички за преглед го гледам подвозјето и се чудам, нема грам прашина, кал едноставно све свети како да е купена вчера колата. Јебига, Германија.
Колата е произведена 2012 со 1.2 тди 3 цилиндри мотор од 75 кс. Му ја извадов маста од Германија до тука, ме фати вкупно 1500км цело време на автопат 150-170км/ч количето си ги истера без проблем.
Јас сум многу задоволен од моторот како тегне за 3 цилиндри. Звучи како да ќе се распадне во секој момент ама си брка работа ептен сум изненаден
Во целина, колата ме изненади позитивно колку е стегната во вожња. Целата е пластикарија внатре, ама ништо не крцка и при дупки и лош пат колата се однесува многу добро без никакви непотребни тресења, звукови, све е некако стегнато и го има она германско чувство на сигурност.
Од опрема имам темпомат, клима, автоматски светла/сензор за дожд, каминг хоум-ливинг хоум светла, автоматско преклопување на ретровизори. Интересна опрема за градско количе. Останатото е стандард. Ми даде батката и друг сет зимски гуми, моментално е на Континентал Премиум Контакт 5. Во Полска и Германија на моменти стигнав до 180км/ч и колата спие. Гумите се многу многу добри.
Вчера сменив филтер за воздух и полен, а деновиве остана уште уље и филтерот за уље.
Од тоа што е сменето како дефект од претходниот сопственик последниве 2-3 години е нов ЕГР вентил, кабел за АБС и централно, нов заден лонец (според ТУВ стариот веќе имал корозија), нови амортизери предни и преден десен лагер. Останатото се редовни сервиси, дискови/плочки. Имам целосна документација од 2012 до сега што како и кога е средувано. Свака част за претохниот сопственик како си чувал документи, све наместено хронолошки.
Планирам да купам нови брисачи, тоа е тоа сега за сега.
Еве некоја слика од кога ја регистрирав некни.
*заборавив да пишам, колата ја земав со нeшто ситно под 182.000 сега со патов некаде 183.500