јас поинаку перам.. прво испуштам се, па полнам со вода од чешма, турам 1 до 1,5 шишенце есенција, палам до работна температура да крене т.е. перка да упали, па гасам и чекам да се излади. откако ке се излади прво хладњакот му ги пуштам и двете црева и му пуштам вода под притисок.. после истото го повторувам и према блокот, секако, прво термостатот изваден. после тоа враќам се на место, полнам со вода, палам до уклучување на перка, чекам да исклучи, гасам кола и така жешко отворам на црево доле, секако претходно не сум ја стегнал стегата и со отворено капаче од резервоарче го правам тоа, за да нема притисок. чекам да се излади, плакнам пак со црево низ хладњак па низ блок, склопувам и полнам чист гликол концентрат од 100%. таа кола што така е истретирана, со сигурност следните 5 години нема никаков проблем по прашање хладњак, црева и парно, затоа што тоа е границата кога гликолот почнува да се распаѓа, т.е. адитивите во него почнуваат.
појаснување... есенцијата е одличен растворувач на маснотии, каменец и корозија ако има. меѓутоа за каменецот и одредени оксиданти сака повисока температура за да си го сработи тоа за 10-20 минути... само и сака обилно плакнење... е сега понекад може да се деси да протече хладњак или па дури и дихтунг некој да попушти.. тоа е затоа што таму више се душнал хладњакот или дихтунгот подгорел, само каменец и маснотии со се останати прљавштини го затнале дупчето, а есенцијата ги исчистила нив па сега тече... затоа не е препорачливо ова за секоја кола...