Автор Тема: Антифриз  (Прочитано 184509 пати)

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6851
Одг: Антифриз
« Одговори #390 на: 11 Јуни 2016, 16:40:12 pm »
И го најдовме најверојатно чарето. Хладњакот течеше од сите страни, заменет со друг.
Интересна работа, термопрекидачот ми беше со вредности 82-68 степена, а толку доцна ја вклучуваше перката, (97 според сказалка) валда ради воздухот во системот ? Или пак и сказалката не е баш најточна, покажува повеке од што треба.
Сеа другиот хладњак го монтиравме сосе негов термопрекидач, на него пишуваше 88-83, валда нема да е ништо проблем.

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6851
Одг: Антифриз
« Одговори #391 на: 11 Јуни 2016, 17:52:08 pm »
Извинете за трет последователен пост. Ја незнам што е работата, дали до толку лаже и сказалкава. Еве сега според сказалка кога ми уклучува перка, а термопрекидачот е со ознаки 88-83 степени


Го отворам и казанчето да истиши ако има воздух, нема ништо, го исфрли она воздухот уште во двор додека работеше. Чаре, што бутур е работава ?

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8037
  • Плинаш!!!
Одг:
« Одговори #392 на: 11 Јуни 2016, 18:36:35 pm »
Термостат дефинитивно. Кај мене истово се случи пред извесно време. Значи термостатот работеше само отвараше малку покасно и ги имав истите симптоми како и кај тебе. И јас сменив термопрекидач за џабе.

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6851
Одг: Антифриз
« Одговори #393 на: 11 Јуни 2016, 19:58:31 pm »
Ок, благодарам на советот.

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Одг: Антифриз
« Одговори #394 на: 12 Јуни 2016, 13:12:33 pm »
probaj kako sto ti rekov... termostat od Yugoto... probaj, za proba pari ne zemaat, a na skoda termostatite lesno stradaat
Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6851
Одг: Антифриз
« Одговори #395 на: 12 Јуни 2016, 13:52:22 pm »
Или со изваден термостат.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5231
Одг: Антифриз
« Одговори #396 на: 12 Јуни 2016, 15:10:11 pm »
И со изваден термостат знаат да прегреваат мотори :) ретко ама знае да се случува таква работа

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6851
Одг: Антифриз
« Одговори #397 на: 12 Јуни 2016, 16:32:49 pm »
Онаа температура од нешто под 110 степена вчера ја постигна уште на рамно, при тргни-застани.
Баш одма после тоа поново ја запнав по нагорнините по Припор, гас до патос и колку иде. Не ја качи температурата повеке од тоа. Застанав горе, отворив капачето, ништо, нема меури, цревата меки.
Се спуштам надоле, одма ја врати температурата на средната дебела црта. Застанав дома, ја оставив, качува до 105 степена според сказалка, тогаш пушта вентилатор, дуваше 2 минути, сказалката сеупште стои на 105 степена, а перката изгаси.
Многу чудно однесување, или нешто нема добар проток, или има воздух во системот, или лаже сказалката, дихтунг на глава го оставам на последно место пошто не вади симптоми на такво нешто барем засега, нема тврди црева, нема избивање антифриз преку капачка, нема чад, нема бели талози на уљето.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Антифриз
« Одговори #398 на: 12 Јуни 2016, 19:24:46 pm »
Proveri si go davacot

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6851
Одг: Антифриз
« Одговори #399 на: 13 Јуни 2016, 11:37:22 am »
Бев на мајстор, ми ја измери температурата со ласерски термометар, нигде немаше повеке од 88-90 степени температура. Во моментите кога ја вклучи перката (на 88 степени според термопрекидачот), на таблата таа изнесуваше 105 степени, а со ласерскиот термометар беше 88-90 степени скоро сегде.
Така да или давачот или сказалката нечинат.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Антифриз
« Одговори #400 на: 14 Јуни 2016, 02:22:19 am »
Бев на мајстор, ми ја измери температурата со ласерски термометар, нигде немаше повеке од 88-90 степени температура. Во моментите кога ја вклучи перката (на 88 степени според термопрекидачот), на таблата таа изнесуваше 105 степени, а со ласерскиот термометар беше 88-90 степени скоро сегде.
Така да или давачот или сказалката нечинат.

друже... незнам за која кола збориш, ама јас превентивно би го сменил термостатот, не термопрекидачот...
еве зашто:

првиот хладњак нај верјатно ти протекол, зашто прво сте испуштиле стариот антифриз и излегло скоро целиот талог, па со плакнењето со вода уште дополнително, а тоа уствари го заптива хладњакот кај што има слабости. понатака кога ти кренала прв пат колата температура, кренал и хладњакот, ама се кренал и притисокот, па затоа и ти протекол од сите страни.. ДЕФИНИТИВНО сум сигурен за ова, зашто претодно не течел?

ласерскиот пиштол тешко мери на кругло црево а уште потешко на хлдњак со дупчиња.. знам, пошто и јас го имам. проблемот е што и во упатството вели дека треба да мериш на минимум 30 сантими оддалеченост и тогаш зафаќа мерна површина од круг со дијаметар од 20 сантими... цревото е едвај 5 сантими.. хладњакот е 50% од таа површина, останатото е воздух или друга површина (лим, акумулатор, капак од филтер итн итн...) и автоматски добиваш грешен податок...

значи, според мојата логика, топло ти препорачувам термостаот да го смениш, и тогаш види пак што ке ти покажува стрелката.. ако пак ти прави вака, тогаш барем си мирен и знаеш дека се е ок со моторот, но немаш сигнализавија за кога стварно ке се дешава нешто и ке прегрева... а ако си се врати у нормала, е тогаш си го решил проблемот трајно...

размисли, одлучи и пиши шта се десило... ;) ;D
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6851
Одг: Антифриз
« Одговори #401 на: 14 Јуни 2016, 07:25:34 am »
Еден србин ми пишуваше дека и на неговата фелиција ист проблем, температура крева ненормално многу, а никакви симптоми на прегревање и на крај направил модификација, вградил друг сензор покрај оригиналниот и друг покажувач внатре.




Иначе мене и пред да го сменам хладњакот и антифризот, сказалката почнуваше скоро 1 месец претходно да ми се заковува на 100 степена, а ништо особено да не се дешава, ни кога отворам казанче, ни подуени црева, цревата сите жешки подеднакво горе и доле.
Ако решила да прегрее, нека прегрее. :)

ЕДИТ: И друга работа приметив вчера, кога пушта перка, сказалкава ми скокнува малку нагоре, едно 2 мм нагоре се качува во самиот момент на почнување на вртење на перката.
« Последно менување: 14 Јуни 2016, 07:31:54 am FiLo »

Отсутен velkov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 637
Одг: Антифриз
« Одговори #402 на: 14 Јуни 2016, 12:09:38 pm »
провери жицата од сензорот т.е. давателот да не ти оди на маса или да прави спои некаде

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6851
Одг: Антифриз
« Одговори #403 на: 14 Јуни 2016, 13:41:44 pm »
Ја разгледав, не допира нигде.
Имам друго сомневање, од пред некој ден забележав дека кога давам десен/лев жмигавец, ми се уклучуваат долгите светла, притоа мора да ја мрднам лево десно палката за да се изгасат, а некогаш и не се гасат, па во возење светат цело време, и притоа ми омалаксуваат малку вртежите на моторот. Можно е од тука да потекнува проблемот, ако е проблемот во струјата кај сказалката, да префрлува нешто маса.

Еве прееска во двор ја оставам да работи, си стои температурата таму 100 степени, перката се пали, работи 2 минути, па се гаси, па потоа пак се пали, се гаси, цревата подеднакво жешки горе-доле, меки се на допир исто како на изгасен мотор, го отворам казанчето нема никакво вриење од него, нема никакви траги од маснотии во антифризот, нема ништо ни на капачка ни на шипка од уље.
Па и помирно ми работи моторот сега него од претходно пошто стариот термопрекидач беше 82-68, а овој сега што го возам е 88-83.
Мајсторот вчера ми рече, ако крева 105 степена, веке ке ми јави симптоми на прегреан мотор, на 110 веке ке ми го врати антифризот ако го отворам казанчето.

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6851
Одг: Антифриз
« Одговори #404 на: 25 Јуни 2016, 15:31:53 pm »
Ако го интересира некого, го најдов проблемот. Се работеше за лоши контакти на маса кабелот, кај што се спојува со кошот и моторот, имаше рѓа и како смола, како нешто лепливо. Исчистив убаво, и осигурачот исто го исчистив, ставив и еве сега си работи, стига до 95 степена, пушта перка и за 2 минути на 90 степени паѓа температурата, а при константно возење по булевар, цело време 90-91 степен (на дебелата црта во средина).
До ова дојдов откако претходно забележав дека при секој пуштен потрошувач, перка, светла, грејач, парно, така сказалката нагоре одеше, а на све изгасено, само мотор да работи, сказалката на 92-93 степени паѓаше и на крај тоа испадна, во лоши контакти.