Автор Тема: Ново возило - буџет 20K  (Прочитано 29215 пати)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Ново возило - буџет 20K
« Одговори #15 на: 28 Февруари 2019, 09:03:05 am »
Убава анализа имаш направено.

Гледам дека еднаш месечно одиш до Битола, би те посоветувал да одиш кај Јосифов. Можно е да ти дај подобра понуда за Шкода.

Чисто онака да ти заматам вода еве некој оглас од коли со многу ниска км.

Авенсис 1.8
https://www.pazar3.mk/%D0%9E%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81/%D0%A1%D0%B5-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D0%B2%D0%B0/%D0%92%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D1%81/%D0%92%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D1%81/%D0%92%D0%9E%D0%97%D0%98%D0%9B%D0%90/%D0%90%D0%B2%D1%82%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D0%BB%D0%B8/Toyota/Avensis/Toyota-Avensis-1-8--147ks-4-000km-zamena-za-pomalo/3076734

Суперб со 45к км
https://www.pazar3.mk/%D0%9E%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81/%D0%A1%D0%B5-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D0%B2%D0%B0/%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BFj%D0%B5/%D0%91%D1%83%D1%82%D0%B5%D0%BB/%D0%92%D0%9E%D0%97%D0%98%D0%9B%D0%90/%D0%90%D0%B2%D1%82%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D0%BB%D0%B8/%C5%A0koda/Superb/Skoda-Superb-2-0-TDI/3114362

Малку се  занесва со цената овај. Али сепак вреди да се види.

Инаку и јас ги имам истите побарувања како тебе, вклучено и патување до Битола еднаш месечно.
Јас би одбрал добар Хечбек.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Ново возило - буџет 20K
« Одговори #16 на: 28 Февруари 2019, 09:17:00 am »
Ахаха, цената на Супербов е... 15.000 + 8500 евра лизинг.. Па за 23500 ќе земам нов.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Ново возило - буџет 20K
« Одговори #17 на: 28 Февруари 2019, 09:19:41 am »
Така де.
Јас се смеев првен на огласот.
Ама од кај знајш. Можи ќе му кликни во главата дека треси зелени, па ќе го дај на нормална цена.

Секакви ги има.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1719
Одг: Ново возило - буџет 20K
« Одговори #18 на: 28 Февруари 2019, 09:28:09 am »
Изгреби се уште нешто од типот каско и осигурување за прва година или гратис сервис 2-3 години, и лапај инсигниата.

За овој со супербот, пријател купи пасат  тси за 23800 нов. Со лед пакет итн. Додуша 2016та го купи, можно е да се кренати цените сеа.

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 405
Одг: Ново возило - буџет 20K
« Одговори #19 на: 28 Февруари 2019, 10:24:49 am »
Сега озбилно од мене уште еднаш ќе напишам на темава и се гасам.

Рече сакаш бензинец, мануелен менувач и буџет од 20к. Според мене имаш солиден буџет да земеш возило со одлични перформанси, ниска потрошувачка и комфорт. Од старт тука би ги отстранил суперб, инсигнија, 508 пошто да бидеме реални, за 20к неможеш да земеш такво возило што треба да задоволи основно критериуми.

Моето мислење е батали дали нешто ти се допаѓа од прва или не, туку секогаш отиди и тестирај. Па после оформи мислење. Моите 4 предлози за буџет од 20к се:

- Голф 1.5 тси 150кс или 130кс
- Фокус 1.0 125 кс или 1.5 150кс
- Цивик 1.0 129кс или 1.5 182кс
- Киа Ceed 1.4 140кс (сегаат имаат многу добри попусти и ова може да се земе и за под 20к со еден тон опрема)




Моторите ќе треба да се одберат во зависност од колку ќе сакаат дилерите да дадат попуст зошто и онака по ценовник сите овие модели се над 20к.

Поздрав.

Кај има Civic со 1.5 мотор за 20к? Да си купам цела флота, за секој ден во неделата по една.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3473
Одг: Ново возило - буџет 20K
« Одговори #20 на: 28 Февруари 2019, 10:27:50 am »
На Цивикот не даваат повеќе од 2000еур попуст, така да за 20к еур тешко.
Едино да почекаш, ќе искочи новата Октавија, па ако имаат некој бензинец на лагер за 5-6 месеци, ефтино да го земеш.
Киата во караванска изведба многу перверзно изгледа, појди види дали ја имаат на тест.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Ново возило - буџет 20K
« Одговори #21 на: 28 Февруари 2019, 12:10:53 pm »

- Alfa - единствениот бренд за кои имаме различни мислења со сопругата, мене ми се супер, неа не до толку, така што отпаѓа од комбинација.


Озбилно да поразговараш со жена ти, да ги видите односите во бракот... Поготвоо за Giulia. :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Ново возило - буџет 20K
« Одговори #22 на: 28 Февруари 2019, 13:21:30 pm »
абе која Џулија за 20 бона :)

Сака бензин, сака гепек, Порше нудат најдобри услови за лизинг, Октавија 1.5ТСИ за 20К ќе си земе со каква сака опрема, само треба да се стрпи некој месец

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Ново возило - буџет 20K
« Одговори #23 на: 28 Февруари 2019, 13:24:47 pm »
Општо зборев, за муабетите „не ми се свиѓа џулиа...“ одговорот е „развод!“ ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Ново возило - буџет 20K
« Одговори #24 на: 28 Февруари 2019, 13:31:51 pm »
Добра му е понудата на Алфа Ромео во моментов.

На 3 рати. Без камати.

Џулиета 3 х 5610е

https://www.alfaromeo.mk/promocii/

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3876
Одг: Ново возило - буџет 20K
« Одговори #25 на: 28 Февруари 2019, 15:38:33 pm »
Ме тури во мисла :)

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3876
Одг: Ново возило - буџет 20K
« Одговори #26 на: 28 Февруари 2019, 15:41:47 pm »
@Barca  Видов во Србија Volvo V40 за 19900 го земаш. Така да за парите вреди да си ги посетиш премиумите. Не знаеш каде ќе те стрефи среќа.
 

Се извинувам за даблпост.

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Ново возило - буџет 20K
« Одговори #27 на: 28 Февруари 2019, 16:21:22 pm »
Добра му е понудата на Алфа Ромео во моментов.

На 3 рати. Без камати.

Џулиета 3 х 5610е

https://www.alfaromeo.mk/promocii/

Ајдееееееее. Даваат ли QV со такви услови?

(*) Да, свесен сум дека ратата би била повисока.

Отсутен Barca

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 42
Одг: Ново возило - буџет 20K
« Одговори #28 на: 28 Февруари 2019, 19:02:45 pm »
Фала ви дечки на одговорите. Знам дека мешам и баби и жаби со изборот на ново возило, ама сепак за мене 20 бона се голем износ и кога веќе ги давам, сакам да купам нешто што ќе ми биде по ќејф најмалку следните 6 години.
Многу битна работа која влијае на изборот на ново возило е кога ќе возиш демо модел. И мислам дека тоа стварно е голем бенефит за нас како купувачи.
Бевме и до други авто салони и среќен сум дека кругот се стеснува.
Одиме по ред:
Fiat Tipo отпаѓа од комбинација. Пространо возило, даваат и солиден попуст, ама ентериерот ме разочара.
Во Nissan не влеговме, ама нема модел како што сакаме.
Peugeot 308 не ни остави впечаток. Не можам да објаснам зошто, ама едноставно не ми прај ќејф.
Citroen C4 кактусот има многу интересен ентериер, со, за мое пријатно изненадување, квалитетна завршна обработка, ама багажникот е премал. Не сакам SUV возила, ама мора да го пофалам новиот C5 Aircross. Ентериер фантастично добар, многу интелегентно решение за задните седишта, сите 3 се независни и може да се поместуваат напред/назад и со тоа има варијабилен багажник. За љубители на ваков тип на возила, топла препорака да го пробаат. Од друга страна, Peugeot 3008 ми се виде многу просечен во споредба со цитроенот, а иста групација се.
Елантрата е така-така, просечна би рекол и ништо повеќе.
Suzuki влеговме чисто да не ни биде криво и го повозивме SX-4. Трицилендричен турбо бензинец, кој за градска вожња нуди одлични перформанси. Сепак, моторот и менувачот се единствени позитивни работи, ентериер слабо, задна клупа повисока од предна, не прај ќејф ни ова.
Ја возевме инсигнијата, до душа 1.6 дизел од 136 коња со innovation ниво на опрема. И покрај тоа што е голема, солидно прегледна е за маневрирање, тивка на брзини од 120-130 km/h. Дизелот е со 320 Nm обртен момент, убаво испеглана крива има и таман си влечи. Не е најбрзо нешто што постои, ама за фамилијарна кола е сосема солиден мотор. Е сега, ако 1.5 тубо бензинецот од 140 коња кој има 70 Nm помалце, ама и неколку килограми е полесен, има слични перформанси, тогаш би бил задоволен. Тука максималниот обртен момент иде 300 обртаи покасно одколу кај дизелот, ама па затоа ижа поголем распон. Педалите одлично се дозираат, менувачот многу добар, управувач многу прецизен. Единствено нешто што не ми се бендиса е што управувачот беше многу лесен, како да возиш на играчка волан за компјутер од 1500 денари без feedback. По мене ќе си останат хидрауличните волани најдобри за возачите, ама во интерес на заштеда на маса на возилото и модерни технологии, сите нови возила се со електрично серво. Сума сумарум, можеби и малку пристрасно поради мојата љубов кон Opel, можеби бидејќи сега возам astra, инсигнијата пстави ептен позитивен впечаток.
Јас би ја земал во Edition ниво на опрема, но со Edition пакет плис, кој носи дво зонска клима и уште некои други работи. Сепак, најпозитивната работа кај opel е што има повеќе застапници, а тоа носи конкуренција, а тоа носи предност за купувачот. Што значи, си ја земаш понудата од едниот авто салон, му ја покажуваш на другиот и добаваш малку пониска цена, таман онолку за да си доплатиш гаранција, или да си додадеш дополнителна опрема.
Ова со конкуренцијата сакам да го пробам и кај дилерите на шкода, во Битола, Струмица, Куманово. Може иста цена ќе дадат, ама побрз рок на испорака.
Не стигнавме да одиме во Subaru, Honda и Kia.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Ново возило - буџет 20K
« Одговори #29 на: 28 Февруари 2019, 19:07:29 pm »
Гледам се крчка Инсигнииче ;D