Автор Тема: Ново возило - буџет 20K  (Прочитано 29222 пати)

Отсутен Barca

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 42
Ново возило - буџет 20K
« на: 27 Февруари 2019, 21:08:09 pm »
Здраво.
Веќе неколку години го следам форумот, како читател, а прв пат и пишувам на истиот. Од досегашните постови можам да заклучам дека имате големо искуство и познавање со автомобили, па ќе ве замолам за помош/совет при одбирање на мојот нов автомобил.
Сега возам Opel Astra G 1.6 16V 100 КС, произведена 1999 година, купена како половен автомобил во 2010 година (возена од баба/дедо во Германија, секако :D). Генерално, многу задоволен од досегашното искуство со истата, релативно евтина за одржување (отприлика 150 до 200 евра годишно во просек, вклучувајќи редовни сервиси, промена на потрошен материјал и по некоја поправка). Сепак, колата е 20 години стара, почна да се појавува корозија и сакам да ја сменам со нешто поново. Колата си е супер за возење, но има и некои работи кои ми сметаат - тоа што нема средишен наслон за рака со отвори за вентилација назад, бучно е повозјето над 100 km/h (особено со зимски гуми), сакам поголем багажник и подобри меѓу-забрзувања за престигнување. Затоа, размислувам за купување на ново возило.
Првата замисла ми беше да дадам околу 13-14 илјади евра за половно возило од 2015 година од рангот на Mazda 6, Passat, Insignia, Peugeot 508 и слично. Но, моето размислување е дека тие би биле возила со доволно извозена километража, така што јас ќе треба да правам големи сервиси во првата година, со што би се зголемила цената на иницијалната инвестиција (пак ќе кажам, тоа е мое размислување). Затоа, во консултација со сопругата (возач) се решивме за купување на ново возило до околу 20000 евра (и вака и така ќе треба да се зема кредит/лизинг, па ако е бал, нека е маскенбал :D). Од друга страна, размислувањето ми е во насока дека еднаш ќе треба поголем напор да се даде за купување на ново возило, ама потоа тоа би било учество за следното ново итн.
Добрата страна е што имаме релативно сличен вкус за автомобил со сопругата (откако успешно успеав да ја убедам дека не сакаме никаков SUV, џип, кросовер и слично). Значи, сакам да купам лимузина, седан, лифтбек или хеџбек возило - фамилијарно возило кое ќе не служи во следните 10 години. Караван, иако е многу практичен, некако не ми е личен на изглед (со многу ретки исклучоци).
Во поглед на моторизација, преферирам да биде бензинец и да има мануален менувач со 6 брзини. Мануален менувач, бидејќи ми претставува задоволство рачното менување на брзини, дури и во тргни-застани гужва ситуации. Знам дека новите автоматици се многу побрзи, ефикасни, повеќе штедат гориво, искористваат максимален обртен момент на моторот во дадена ситуација и слично, ама ќефот за мануален е поголем. Колата би се возела околу 10-15 илјади километри годишно. Секојдневна градска вожња во Скопје, барем еднаш месечно на релација Скопје-Битола и назад, некој викендашки излет, еднаш годишно на одмор (Хрватска, Италија, евентаулно и Грција).
Знам дека турбо-дизелите се далеку поиздржливи од новите турбо-бензинци, ама ја преферирам рафинираноста и смиреноста на бензинецот во однос на дизелот, а економичноста не ми е главен приоритет. Мислам дека новите турбо-бензинци ќе бидат квалитетни и без кварови барем во првите 100.000 km, при нормално оптеретување и нормално возење, иако тоа е мое субјективно мислење. Плус имаат некои вградени технологии за исклучување на цилиндри, еко-мод и слично при што помалку трошат во град, особено за во тргни-застани ситуации (за кога реално не ти треба воопшто нешто јаки перформанси). Од друга страна, на отворено при поголеми брзини трошат повеќе, ама тоа е.
Барам багажник од најмалку 450 литри. Thule не ми одговара, немам каде да го чувам, а не сакам ни да го изнајмувам по потреба. Дополнително барам и светлата предни да бидат појаки од тие на астрата. И пожелно е да има навигација, не треба да биде огромен дисплејот, ама да ја има. Не сакам да тегнам кабли и да местам држачи. Сакам новата кола да биде тивка, нема потреба да е многу спортска, повеќе би преферирал комфорт.
За хибридите сметам дека се одлично решение за во град, но не и за на отворен пат. Плус, кај нив мора автоматски менувач и затоа отпаѓаат од игра (мислам дека Suzuki Swift има решение со благ хибрид и мануелен менувач, ама е мало градско возило).
Почнав да одам по авто-салони и непријатно се изненадив од изборот на автомобили кои ги и(не)маат на лагер и времето за испорака на нарачано возило. Новата кола ми треба да ми биде испорачана пред 1 август, на 10-ти одам на одмор. Одиме по ред:
1. Toyota Corolla 1.6 атмосферец - автомобил на залез на кариера. Субјективно, на изглед просечно возило, ентериер ништо посебно, го нудат со опрема на која не би додал ништо. Имаат 3 возила на лагер. Единствено возило кое до сега го возев на тест и многу пријатно ме изненади во поглед на лесните педали, добри кочници, прецизен волан, а посебно менувачот. Моторот е солиден. Го нудат за 15.500 евра плус 300 евра за боја и плус уште нешто за алуминиумски бандаши. Знам дека, ем е атмосферец, ем е тојота, што значи сигурна нерасипливост, ама некако возилото е како првоз од точка А до точка Б без да нуди емоции. Плус, го нудат со 6 години гаранција на мотор, подвозје, електроника. Новата корола седан треба да ја донесат во салон, да соопштат цени, па да ја видиме и анализираме.
2. Skoda Octavia. Искрено, ова ми беше главен фаворит за ново возило пред да одам во автосалонот на Skoda. Единствено на залиха го имаат 1.6 дизелот кој е со 5 брзини и кој го нудат во Active ниво на опрема. А, ова ниво на опрема не ми одговара, ниту ми остави некој посебен впечаток. Ми направија понуда за Octavia 1.5 TSI Style, со дополнителна опрема (греење на предни и задни седишта, пакет за лоши патишта, 8 инчи навигација со мапи за цела Европа, виртуелна инструмент табла) за нешто над 20000 евра. Проблем е што бензинец од Skoda, или од цела VW групација се чека минимум 5 месеци, а може и 6 месеци. Се усогласуваат со новиот WLTP протокол и поголема побарувачка на бензинци имало во Европа отколку претходно.
3. Skoda Superb. Во автосалонот ја имаа изложено со Ambition ниво на опрема, плус нешто допоплнително. Неверојатна разлика во поглед на Active од октавијата. Одличен ентериер, надворешен изглед, простор, багажник, едноставно појава. Во Ambition ниво на опрема, со 1.5 TSI, со уште нешто дополнителна опрема ја даваат за околу 24000 евра, што сепак е over буџет. За ваква кола, мислам дека Active нивото е сиромашно.
4. Renault Megane Grand Coupe. Оваа кола ни остави најголем впечаток (и мене и на сопругата) во поглед на изглед. Т.е. се заљубивме во Talisman-от (кој ни е скап), а ова е за нијанса помалку убав и помал автомобил. Се уште немам официјална понудена цена, ама за оклу 20000 евра би требало да го дадат со новиот 1.3 TCE мотор со 140 КС. Солиден багажник (преку 500 литри), многу комотна и напред и назад. Знам дека за разлика од другите каросериски верзии на Megane се произведува во Турција, ама вака внатре делува сосема квалитетно. Изложената кола во автосалонот беше со речиси најниско ниво на опрема, така да очекувам дека во Bose ниво на опрема да биде одлична. 1.3 TCE е развиван заедно со Mercedes и во верзија со 160 КС го нудат во новиот A200, очекувам дека ќе биде квалитетен, економичен и моќен мотор. Време на испорака би било околу 3 месеци, што ми одговара. Повеќе впечатоци ќе имам кога ќе донесат некое демо возило и кога ќе го возам. За плус 300 евра се нуди вкупно 5 годишна гаранција.
5. Opel Insignia Grand Sport. Новата astra нѐ разочара во поглед на изглед и багажник, ама затоа инсигнијата многу ни се бендиса на изглед. Предницата е одлична, а и позади не е лоша. Има и солиден багажник од речиси 500 литри со  5-та врата. Внатре со простор е супер, освен просторот за глава назад за луѓе повисоки од 180 cm (може да им биде малку кнап). Единствено мене не ми се бендисва како му е решен задниот бришач и би ја земал без него, ама сопругата не дозволува (многу важно било да се има заден бришач). Ми ја нудат 1.5 Tubro со 140 КС во Edition опрема плус нешто дополнително (навигација) за 20400 евра. Време на испорака - јуни. Демо возилото им е 1.6 дизел и треба да го возиме за повеќе впечатоци.
6. Mazda. Mazda 3 се чека новиот модел, кој ќе стигне во април, а седан верзијата во јули. Новиот Skyactive-X може да биде револуција, ама сепак не би бил тестер на првата верзија од него. Нека поминат 2-3 години, да излезат проблемите и да ги решат, шо би се рекло да ги излечат детските болести и после тоа може да биде одлична инвестиција. Mazda 6 ни е скапа (иако на изглед, а и внатре во максималното ниво на опрема е ремек-дело и слободно може да му парира на премиум сегмент автомобили).
7. Ford. Новиот Ford Focus може ги зема сите награди и признанија во моментот, ама во sedan верзија со солидно ниво на опременост и 1.5 eco-boost 150 КС мотор ни е скап и некако ни се виде тесен. Од друга страна, Mondeo-то ни остави многу убав впечаток на изглед, внатрешност, простор и багажник. Сепак, нема ништо на лагер, ниту имаат формирано цени бидејќи се очекува да пристигне facelift моделот.

Возила кои не влегуваат во анализа:
- Golf - не ни се допаѓа на изглед.
- Passat - одлична внатрешност, ама скап.
- Seat Leon - прекрасен изглед, солиден ентериер, ама мал багажник и простор назад. Караван верзијата не ни е толку убава.
- Alfa - единствениот бренд за кои имаме различни мислења со сопругата, мене ми се супер, неа не до толку, така што отпаѓа од комбинација.
- Citroen - овие ја сменаа политиката и само кросовери почнаа да прават, а C4 кактусот новиот не ни се бендисва, плус нема доволно голем багажник.
- Suzuki - немаат лимузина.
- Volvo - одличен квалитет и изглед, но скапи се.
- Речиси сѐ од премиум брендовите Audi, Mercedes, BMW, Jaguar. Можеби се премиум, ама скапи се и за купување и за одржување. Можеби нудат многу од секој аспект, ама субјективно мислам дека само за отворање на кваката од авто-салонот и за добар ден бараат 10000 евра, па потоа да дискутираме за самото возило. Плус, воопшто не патиме од тоа да имаме бренд возило. Јас без проблем би возел и Dacia, доколку имаат солидна и лична лимузина како што бараме за поевтини пари, ама нема.

Возила кои допрва треба да ги видиме и анализираме:
1. Fiat Tipo - малку скептик сум, ама може и пријатно да изненади.
2. Subaru Impreza - мислам дека само името и остана, сега сонот се вика само WRX, ама може да изненади.
2. Honda Civik 4 door - вака по ценовник е скапа, сепак треба да се провери во салонот. Малку чуден заден дел има.
3. Hyundai - од тука веројатно Elantra. Очекувам нешто слично како королата. i30 е со помал багажник.
4. KIA - тука го има единствениот караван кој ни е многу атрактивен - новиот ProCeed, кој не знам дали е пристигнат во салонот. Од друга страна, очекувам Optima-та да биде скапа, плус бензинецот и е атмосферец.
5. Peugeot - новиот 508 е фантастичен, но сигурно ќе биде скап. 308-ката може да испадне како интересна комбинација, ама кај неа не знам дали ќе можам да го проголтам фактот дека инструментите се над воланот.

Во поглед на квалитет, земја на производство и слично се водам по девизата дека каде и да е произведено, има доволен квалитет на контрола. А, за расипување - ако кај Golf процентот на возила со кварови според некои статистики е на пример. 5 од 100, а кај Megane е 10 од 100, јас расмислувам дека би бил еден од тие 90 задоволни, а не еден од тие 10 незадоволни.

Однапред се извинувам за долгиот пост. Секое мислење е добродојдено, посебно во поглед на должината на возилото и секојдневното маневрирање. 

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Ново возило - буџет 20K
« Одговори #1 на: 27 Февруари 2019, 22:03:34 pm »
Гледаш едно, ти привлекува внимание друго, прескапо.
Или ребаланс или промена на критериуми :)

Јас би дал првенство на критериум возачка удобност и позиција зад волан отколку со или без заден бришач :)
Ќе се изненадиш како ќе се намали листата :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Ново возило - буџет 20K
« Одговори #2 на: 27 Февруари 2019, 22:21:35 pm »
Каков Суперб се зима за 20 бона...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • Eбач на батерии :D
Одг: Ново возило - буџет 20K
« Одговори #3 на: 27 Февруари 2019, 22:28:11 pm »
Каква Дачиа се зема за 20 бона...

Edit:
На прво место би ги рангирал инсигнијата и октавијата.
Второ и понатаму се останато.
Е сега, тоа што неѓа тест возила тоа кочи ситуација.
« Последно менување: 27 Февруари 2019, 22:51:48 pm Tesla »
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг: Ново возило - буџет 20K
« Одговори #4 на: 27 Февруари 2019, 23:09:43 pm »
Малку офф:
Па добро бе мамицата нивна бизнисменска. Коли продаваат на жими мајка: плати сега па за пола година кај и да е, ќе ти ја донесеме. Ископавме темели за зграда, ги продадовме становите за да ја довршиме. Се замислуваат којзнае што, а немаат никаква актива. Наместо заработката на компанијата да ја вложуваат во компанијата и вработените, тие земаат се за себе. Се поголем број африкански земји не престигнуваат, а нам секогаш некој од надвор ни е виновен.
Порано им се чудев на оние што имаат пари за нов, но сепак купуваат половен автомобил. Сега целосно ги разбирам.

На тема:
Поврзано со "рентот" погоре. Батка кога ќе се одлучите со невестата и кога ќе уплаќате, барај написмено наведен рок на испорака. Околу изборот, инсигнија барем мене би ми била фаворит. Доколку задоволува се друго, а само задниот бришач е проблемот, потсети ја сопругата дека компромисите се составен дел од животот.

Sent from my Redmi 5 Plus using Tapatalk


Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1640
Одг: Ново возило - буџет 20K
« Одговори #5 на: 27 Февруари 2019, 23:35:59 pm »
Супер анализа на скоро се што е на пазарот, јас би чекал Октавија 1.5тси, ако те служела Астрата толку долго, ќе издржи уште некој месец плус. Сепак колата планираш да ја возиш барем колку што ќе трае лизингот, 5-6 месеци не би требало да се проблем. Плус, имаше добар пример со Суперб 2.0тси со побрзо време на испорака од првично кажаното ако добро се сеќавам. Види кај возила на членови "паркиран" е Супербот.

Поздрав


Sent from my SM-G935F using Tapatalk


Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 405
Одг: Ново возило - буџет 20K
« Одговори #6 на: 27 Февруари 2019, 23:39:58 pm »
Те разбирам, и јас ги имам сличните маки, па дури и почнав да се премислувам од идејата да купам ново возило. Продавачите по салониве си мислат компири дека продаваат, а не автомобили. Разочаран сум од понудата и услугата. Чест на исклучоците (Пежо, Опел, Сузуки, еден момак од Рено, момак од Форд, индивидуални дилери на Порше што се услужливи итн)

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Ново возило - буџет 20K
« Одговори #7 на: 28 Февруари 2019, 00:16:01 am »
Најпрво реши се кој сегмент ти треба - C или D.

Огромна кола како Суперб за во град не верувам дека е практична, а ако поминуваш едвај 10% од километражата на отворен пат гледај да земеш нешто што ќе можеш полесно во град да го паркираш, особено ако немаш гаража/двор.

Греење на седишта не ти треба толку колку што ќе ти се најде вентилација на седишта.

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2672
Одг: Ново возило - буџет 20K
« Одговори #8 на: 28 Февруари 2019, 01:02:26 am »
Od toa sto procitav vo tvojot post, bi rekol deka znaes sto sakas a i poprilicno se razbiras vo koli.
Samo da nacekas prava prilika.

Ke dobies sigurno mnogu predlozi, ama ne veruvam deka mnogu ke ti pomogne. Tacno znaes sto baras.
Uzivaj vo izborot  :)

Od mene sovet samo okolu Made in?
Sepak Made in Japan e Made in Japan.
Ne se prepustaj mnogu na srekata deka nema da ti se pogodi felericno vozilo.
Podobro 1/100 otkolku 10/100.


p.s. na kraj ke prevagne mislenjeto na soprugata  :)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6439
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Ново возило - буџет 20K
« Одговори #9 на: 28 Февруари 2019, 07:33:12 am »
Шкода октавија едно другарче пролетта ја порачаа, за септември требала да стигни, ја зедоа ноември/декември.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Ново возило - буџет 20K
« Одговори #10 на: 28 Февруари 2019, 07:35:26 am »
Kia Sportage 1.6 atmo

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Ново возило - буџет 20K
« Одговори #11 на: 28 Февруари 2019, 08:19:53 am »
Kia Sportage 1.6 atmo

Останува само боја да одбери.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Ново возило - буџет 20K
« Одговори #12 на: 28 Февруари 2019, 08:33:42 am »
Од таа златната/бакарната металик.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Ново возило - буџет 20K
« Одговори #13 на: 28 Февруари 2019, 08:39:43 am »
Земи им ја Инсигнијата демо возило. Види ценичка и носи ја што побрзо. Ако не демото тогаш таа другата, зошто 20000 е феноменална цена за таа кола во однос вложено/добиено.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Ново возило - буџет 20K
« Одговори #14 на: 28 Февруари 2019, 08:43:55 am »
Сега озбилно од мене уште еднаш ќе напишам на темава и се гасам.

Рече сакаш бензинец, мануелен менувач и буџет од 20к. Според мене имаш солиден буџет да земеш возило со одлични перформанси, ниска потрошувачка и комфорт. Од старт тука би ги отстранил суперб, инсигнија, 508 пошто да бидеме реални, за 20к неможеш да земеш такво возило што треба да задоволи основно критериуми.

Моето мислење е батали дали нешто ти се допаѓа од прва или не, туку секогаш отиди и тестирај. Па после оформи мислење. Моите 4 предлози за буџет од 20к се:

- Голф 1.5 тси 150кс или 130кс
- Фокус 1.0 125 кс или 1.5 150кс
- Цивик 1.0 129кс или 1.5 182кс
- Киа Ceed 1.4 140кс (сегаат имаат многу добри попусти и ова може да се земе и за под 20к со еден тон опрема)




Моторите ќе треба да се одберат во зависност од колку ќе сакаат дилерите да дадат попуст зошто и онака по ценовник сите овие модели се над 20к.

Поздрав.