Автор Тема: Преставен новиот Fiat Sedici за 2012 година  (Прочитано 12762 пати)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Преставен новиот Fiat Sedici за 2012 година
« на: 16 Ноември 2011, 23:37:49 pm »
   Fiat ја претстави редизајниранарта верзија на моделот Fiat Sedici за 2012 година, која има освежен изглед и побогата опрема.
   Во понудата се два мотора од најновата Euro 5 генерација: бензински 1.6 16v од 120 KS и дизел 2.0 16v од 135 KS кои со ниска емисија на CO2 им овозможуваат на возачите да ја зачуваат животната средина и истовремено да уживаат во високите перформанси. Предвидени се два типа на погон, преден 4X2 и на сите тркала 4x4.
   Fiat Sedici MY 2012 достапен е во три нивоа на опрема: Dynamic, Emotion и Experience. Основната опрема подразбира клима уред, ЦД, светла за магла, четири воздушни перничиња и ESP систем против лизгање, додека најопремената верзија на моделот содржи и навигациски систем, ЦД МП3, Bluetooth и приклучок за iPod.
   Новина се ретровизорите со металик сребрена боја со интегриран покажувач на правец, електрично подесување и греење. Проширена е палетата со виолетова боја на каросеријата (Purple Rebel), а редизајнирани се и 16 инчните бандажи. Комфорниот ентериер е збогатен со нови материјали.
   Fiat Sedici MY 2012 нуди чувство на слобода во возењето при сите временски услови. Доказ за популарноста на овој модел е фактот што од 2006 година до сега се продадени 76.000 примероци, што го прави најпродаван компактен SUV во Италија.











Извор: http://www.idividi.com.mk/stil/avtosvet/725371/index.html

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Преставен новиот Fiat Sedici за 2012 година
« Одговори #1 на: 16 Ноември 2011, 23:39:30 pm »
Мене ми се допаѓа. А вас????

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Преставен новиот Fiat Sedici за 2012 година
« Одговори #2 на: 16 Ноември 2011, 23:40:59 pm »
Искрено не ми се допаѓа, а и ФИАТ ми е неконзистентен бренд во однос на квлаитет и посветеност. Многу често се случува да исфрлат во сериско производство инжинерски недокмплетирани решенија. Кога би го купувал, тоа би било откако ќе ги надрасне сите детски болести.

BTW, Корегирај ја сликата и на линкот стави му URL тагови.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Преставен новиот Fiat Sedici за 2012 година
« Одговори #3 на: 16 Ноември 2011, 23:45:01 pm »
Корегирано ;D

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Одг: Преставен новиот Fiat Sedici за 2012 година
« Одговори #4 на: 17 Ноември 2011, 00:08:04 am »
Suzuki SX4=Fiat Sedici толку!
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Преставен новиот Fiat Sedici за 2012 година
« Одговори #5 на: 17 Ноември 2011, 00:11:15 am »
Nisto cudno ova nesto da ima nekoj udel vo zbrkata megu Suzuki i VW okolu dogovorot za sorabotka... :D
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Преставен новиот Fiat Sedici за 2012 година
« Одговори #6 на: 17 Ноември 2011, 00:22:10 am »
Извинете колеги италијанофили, мене ова ми е грдо. Не сакам коли што немаат намена, ова е една од нив. Личи на моноволумен и кросовер во исто време, но ги има земено најгадните црти од двете. Нешто како Alfa Arna.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Преставен новиот Fiat Sedici за 2012 година
« Одговори #7 на: 17 Ноември 2011, 00:28:26 am »
Sedici како модел не е нов, па да е „крив“ за оладувањето на односите помеѓу VW и Suzuki.

Иначе да, ребрендиран Suzuki SX4 e, ништо повеќе или помалце :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Преставен новиот Fiat Sedici за 2012 година
« Одговори #8 на: 17 Ноември 2011, 00:40:02 am »
Чекајте малце. Sedici има и предходен модел. Кој од кој копирал??

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43709
  • Il Moderatore
Одг: Преставен новиот Fiat Sedici за 2012 година
« Одговори #9 на: 17 Ноември 2011, 00:44:12 am »
Никој од никого. Joint Venture меѓу сузуки и фиат, дизелите се фиатови - за тие што сакаат дизели :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Преставен новиот Fiat Sedici за 2012 година
« Одговори #10 на: 17 Ноември 2011, 00:47:20 am »
Извинете колеги италијанофили, мене ова ми е грдо. Не сакам коли што немаат намена, ова е една од нив. Личи на моноволумен и кросовер во исто време, но ги има земено најгадните црти од двете. Нешто како Alfa Arna.
Незнам па мене ми се допага. Исто така и полото што е во овој стил добро изгледа.

@Carrier166@ Значи си го имаат нати го дајми го.

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5542
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Преставен новиот Fiat Sedici за 2012 година
« Одговори #11 на: 17 Ноември 2011, 02:53:23 am »
Obicno koga se rebrendira model stanuva poubav, ali vo ovoj slucaj obratno.
Ova bi trebalo da bide konkurencija na ASX ili greska sum?
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14287
  • Пудингот на шоферството
Одг: Преставен новиот Fiat Sedici за 2012 година
« Одговори #12 на: 17 Ноември 2011, 02:58:10 am »
Седичи ама не го личи,мене ниту првиот ниту овај не ме аресваат  ;) ;D ;D ;D а ниту Сузуки СХ4  ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Преставен новиот Fiat Sedici за 2012 година
« Одговори #13 на: 17 Ноември 2011, 08:22:48 am »
Некаде прочитав дека Sedici на италијански е 16.. тоест, 4х4. Интересно им текнало. :)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Преставен новиот Fiat Sedici за 2012 година
« Одговори #14 на: 17 Ноември 2011, 08:24:42 am »
Сендвичи
Ум шо идит отпосле не јет ум!