Фала за советите, гледам што ми го препорача
@Busav Антонио и One smart shop, цените се поефтини од големите ланци за бела техника, најверојатно со таква ќе одам, ако се покаже поквалитетна од Делимано ќе бидам задоволен, затоа што Делиманото тера веќе 6-7 години.
Кога сме веќе тука, сакам да ја сменам и чешмата во кујната во новиот стан (само тоа ми беше „старо“ и цело време ми боде очи), исправна е се, само што сакам да земам од оние во форма на буква U (обратно нормално). Значи обична чешма, тука веќе имам бојлерче.
Препорачајте бренд/фирма, од каде, нешто посебно или ново да има што треба да се знае или обрати внимание, благодарам