Мислам дека Делимано чешмата (проточна) што ја имам е за менување, гледам дека пушта вода на оној спој на средина каде што е греачот и плус малку доле. Оваа чешма е во гарсоњерата што ја издавам, последните 2 години е издавана под кирија, на крајот од месецот си заминува кираџијата и сакам да ја сменам, да не му се јават проблеми на следниот подстанар.
Гледав на Мулер проточни чешми во Техномаркет или имате нешто друго на ум.
Дали така да направам или попаметно е да ставам обична чешма и секако мало бојлерче од 5 л (Горење на пр)?
Што ќе трае повеќе, што се исплати повеќе на подолг рок?