Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 363068 пати)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11068
  • Ќybriт Pro Max
јас за објект на Саник не би си го трошел времето
прогуглајте малку за нив, а може и да прошетате по претходни нивни објекти

за конкретниов горе, ако ме држи памет, му ги срушија последните 3 ката заради неквалитетен бетон, како се реши понатака ќе треба да се подраспраша подетално @Jimny

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1754
Јас овде не видов квадратура поголема од 70 квадрати, и тоа на 70 квадрати ставиле 3 спални соби.

Очај.

Mногу тешко се продаваат станови над 75м2, имам неколку познаници што градат згради. Проблемот е што ако се одлучат да прават поголеми станови, треба цела вертикала да ја прават со истата големина, а тоа им се премногу големи станови. Со оглед на цената по квадрат за нов стан, ретко кој се решава за голем стан. Прават повеќе соби, за да може секое дете да има детска соба.

Од друга страна, енормно многу се бараат станови околу 50-65 м2 за издавање и за живеење, особено за помлади, на кои ова би им било прв стан. Затоа и тие квадратури ги нудат. Кој купи голем стан пред 2020-та, имаше среќа.

Прават повеќе соби и затоа после добиваш главна спална соба од макс 10 квадрати, детските се како ходници со едвај 2 метри ширина, во кујна 2ца не може да се узминат, и дневната е како воз. И сето тоа додека губиш 3-4 квадрати на ходник кој нема никаква корист. Терасата е секако само за затворање и да се користи како остава.

А имаме стандарди и нормативи за проектирање, само што и тие се ем прилично лабави ем колку се спроведуваат е прашање. Плус мислам дека за кујните нема рестрикција за минимална квадратура, само за дневни/спални, и нормално сите кратат на тоа.

Еве го од Саник, 67 квадрати внатрешна површина и 4 квадрати тераса. Кујната соодветна ли е за 4 члено семејство?


Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4039
Тоа е, ако е 90м2 ретко кој ќе го купи.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3207
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Ствар е на вкус — јас, искрено, не преферирам и не сакам голема кујна. За мене тоа е непотребно. Кујната е место да направиш јадење и да излезеш, толку. Помина времето кога се правеа кујни по 15 метри и пола од тие садови, лонци и шерпи не се ни користени стојат недопрени по фиоките 30 години. Според мене, најдобра е минималистичка кујна — направиш јадење, јадеш и бегаш. Изумре тој тренд кога жената беше „заробена“ во кујна 24 часа околу шпоретот, како нашите мајки. Денес сè се гледа поедноставно и пофункционално. Јас лично големи кујни, не фала.
Фала, Марјан, на инфото. Од тоа што видов, доста згради имаат изградено низ повеќе делови од Скопје, ќе го имам на ум и не само јас, туку и другите твоите зборови.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2634
Ми излегува постојано по реклами, па планирам деновиве да отидам да видам како е во живо. Од тоа што го видов на сајтот, убаво им е средено катноста, позиционираноста, квадратурата, функционално изгледа добро. Цените се движат од 1500 до 1650 евра по квадрат, зависно од големината  помалите станови се поевтини, поголемите поскапи, така ми рекоа. Ќе одам деновиве на лице место да видам како е, бидејќи се работи за доста голем проект со преку 500 станови. Долго време се гради, а сега се во фаза на внатрешни работи керамика, паркети итн. Ако некој има купено таму, нека сподели информација. Ние во Треска што имаме уплатено, ни пролонгираа за декември за клучеви и имотни листови

Џими, на хартија кога гледав го сведов изборот на Саник за оваа локација и Биси до Расадник (Борис Трајковски).

Локацијата на Саник (со оглед на пренатрупаноста на Скопје) ме воодушеви, едноставно чистина пред тебе, кеј, Вардар, од другата страна Стар Аеродром. Убаво е чувството кога пред тебе нема ништо. Во тој момент веќе имавме во глава и кој стан, ориентација, кат, начечно и цена договоривме, за некои работи беа флексибилни (учество, остатокот пролонгиран за година дена и сл). Она што ме попишмани е динамиката на градење (требаше да биде готова пред година дена со вселување, има луѓе што имаат уплатено пред 2-3 години, нема абер да биде готова до следната година), фактот дека ќе треба уште 2 такви згради да изградат за да се заокружи инфраструктурата (пред се мостот од кај СРЦ Јане Сандански/Хотел Русија да се пробие во Ќерамидница и булеварот да пробие кај Ист Гејт). Во тек е експропријација, договарања, преговарања со жителите на Ќерамидница, ама споро оди. Допрва ќе се гради таму, машини, камиони, градилишта, патот оди од кај ТЕ ТО по тампон (шљунак), прашини....

Тука мора да го спомнам и името на Саник, има многу контроврзи, познати се дека не се баш фирма што е позната по квалитет, многу доцнат, а завршените проекти ги оставаат делумно незавршени (знам за 2-3 згради во Аеродром каде подземните паркинзи не ми се завршени скроз - вентилација, пристап и сл).

Зградата сигурно ќе биде завршена, кога, најверојатно почеток 2027, кога ќе биде се готово и комплетирано во однос на инфраструктура, ќе биде едно од поубавите нови локации во Скопје, еден ден, кога точно, никој не знае.

Многу се двоумев, ама разумот ме пренасочи на Биси. Да барав да уплатам два стана во исто време, можеби другиот ќе беше на таа локација, исклучиво со поглед на Вардар.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3207
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Во градба ли е биси?

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3702

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2634
Во градба ли е биси?
Да, во градба, рок септември/октомври 2027. Во јули/август почна да се гради.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3207
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Во градба ли е биси?
Да, во градба, рок септември/октомври 2027. Во јули/август почна да се гради.
Колку е во градба 1500? или јаче..

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11068
  • Ќybriт Pro Max
прошетај Тафталиџе кај QSI школото и ѕирни ги зградичкиве и на колкаво растојание се направени
некој го испроектирал тоа, некој дал дазвола за градба и уште почудно, некој дал пари за да живее таму


Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2634
Во градба ли е биси?
Да, во градба, рок септември/октомври 2027. Во јули/август почна да се гради.
Колку е во градба 1500? или јаче..
Беше 1800, сега не знам колку е. Кажа дека штом ќе дојде на површина (изградени -3, -2 и -1), ќе се качи цената за 100 е и така етапно (карабина, фасада, внатре, клуч на рака), не ме држи за збор, најдобро со нив да видиш.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11817
  • Архитект
Во право е @marjanot. Подалеку од Саник.

Јас имав можност да учествувам во проектирање на 5 негови згради. Не сакате да живеете во такви згради.
Уште еднаш. ПОДАЛЕКУ од Саник. Подалеку мислам дури по 2 парцели подалеку. Ако се сруши, да не ве зафати и вас.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3207
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Чим си работел, знаеш како стојат работите. Што имаш да кажеш за Мега Акустик за Треска до сега? Од она што јас гледам, добро се работи и се користат квалитетни материјали при вградувањето за разлика од другите кога гледав во градба. Ако имаш дополнителни информации за нив, секогаш се welcome.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3958
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Другар, зимаш ли некоја паричка за ова од уста што не ги вадиш Треска?

Ама искрено, го отупе. Свативме, си земал стан таму, најдобри се. У реду е.

Sent from my Xiaomi 13T


Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11817
  • Архитект
Чим си работел, знаеш како стојат работите. Што имаш да кажеш за Мега Акустик за Треска до сега? Од она што јас гледам, добро се работи и се користат квалитетни материјали при вградувањето за разлика од другите кога гледав во градба. Ако имаш дополнителни информации за нив, секогаш се welcome.

Незнам за нив ништо. Не сум имал искуство со тие фирми.