Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 356672 пати)

Присутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20211
Предлог за када од која продавница да се земе?

Фриго и аквалукс различни брендови имаат, некое искуство со кои производители прават поцврсти модели?

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2165
Сан Марти (Колпа Сан)  и ДеЛукс Акватик (сопствено производство).

Друг избор во Севернистан нема.  Ова ти е изџвакано инфо, да не трошиш време и енергија.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Предлог за када од која продавница да се земе?

Фриго и аквалукс различни брендови имаат, некое искуство со кои производители прават поцврсти модели?

Када када или оние играчките за туш кабина?
Када имаш и во Мега, јас играчките на никој не ги препорачувам, едно газење врз неа, пропаѓа цела, мора со потпора.
Најдобро ако е за туш, на плочки

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7214
  • French diamond
Која е разликата меѓу уба када и неуба када ?  ;D Нечини спиењето или ?

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2165
Иста е разликата како и за се друго. Има работи што се добри и квалитетни и го прават животот полесен и порастеретен.

Таа када ќе ја користиш 365 дена годишно.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7214
  • French diamond
 Не сум знаел дека и кадата е битна во животот.Јас лично када полнам 1 месечно можи и ниеднаш, туширање ми е доволно.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5197
Не сум знаел дека и кадата е битна во животот.Јас лично када полнам 1 месечно можи и ниеднаш, туширање ми е доволно.
Za kleckanje li ja punis

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2165
Не сум знаел дека и кадата е битна во животот.Јас лично када полнам 1 месечно можи и ниеднаш, туширање ми е доволно.

Ако. Многу е важно да признаеш дека не знаеш, за да можеш да осознаеш.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Која е разликата меѓу уба када и неуба када ?  ;D Нечини спиењето или ?

Има туш када и када.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2614
Не сум од Скопје, но размислувам да купам стан таму и да се преселам. Предлог за локација, инвеститор, цена за квадрат за која сум спремен да платам е макс 1700 евра, но предност би одел на поефтина варијанта.
Важно е зградата да има паркинг.
Ќе ве замолам доколку скоро сте купувале, разгледувале и слично за совет.
Многу зависи што конкретно бараш стара градба, нова градба, локација, дали си фамилијарен или самец, колку голем стан ти е потребен. За жал, Скопје моментално е секогаш подобра опција од било кој друг град во Македонија, колку и да не сакаме да веруваме, тоа е вистината.

Со 1700 евра по квадрат можеш да најдеш во Мичурин нова градба, но со вселивост за 2 години. За таа цена може и во Аеродром да најдеш стан. Во Центар за 1700 е многу тешко, иако зависи од квадратурата ако е помал стан со една спална, тогаш е поскап.Поголеми постари градба ке најдеш ама ке треба да вложиш дополнително во него.

Од нова година ДДВ се качува за 5%, што значи и цената на становите автоматски ќе оди погоре. Среќно друже, се надевам ти дадов некаква ориентација на твоето прашање – што побргу купиш, толку повеќе ќе заштедиш.

Во Аеродром, а со тоа и Мичурин нема шанси да се најде за испод 2000 евра. Во Аеродром нема ни за испод 2200 евра веќе. За твојот буџет провери во Кисела Вода кај Расадник (поточно спроти Расадник од другата страна на булеварот Борис Трајковски, кај Елена Лука, Биси, плус уште некоја фирма) имаа во понуда околу твојот буџет 1800 евра.

Саник има убава локација за зграда на кеј на Вардар, спроти салата Јане Сандански и хотел Русија од другата страна на Вардар. Цената со оглед на околностите е доста добра, 1470 евра е сега на промоција. таму е проблем инфраструктурата, посебно мостот што го направија кај салата, треба да продолжи како булеварско решение до Ист гејт мол, ама тоа никој не може да ти каже кога ќе биде. Плус Саник малку забушава со роковите, имаат почнато повеќе проекти а немаат капацитет да ги завршат. Конкретно оваа зграда е крената (изградена карабина), се местат прозори, рокот им е оптимистички до пролет 2026, ама јас се сомневам дека оваа зграда ќе биде готова комплет за живеење уште 2 години од сега. Оваа е прва од трите згради што треба на таа локација да се градат.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Goku

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13

Го гледав планот за тоа место. Баш наспроти оџакот од Топлификација  :D

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2614
Го гледав планот за тоа место. Баш наспроти оџакот од Топлификација  :D
Гледај на позитивната страна, земи стан со поглед на Вардар :) . Не е оџакот толку проблем (барем за мене), одамна не е на мазут топлификација,  колку што ми беше проблем реномето на самата фирма и немањето јасна слика за инфраструктурата кога би била готова. Инаку локацијата е доста добра кога би било готово сообраќајното поврзување од Аеродром до Ист Гејт и од зградата до Годи (Бриколаж, Лидл, Фон).
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3135
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Тој крај ќе се среди и изгради – веќе и сега се гради но во меѓувреме живеењето таму е навистина тешко. Не е невозможно, но секојдневието во хаос од градилишта, гужви со коли и сè уште недоволно снабдено и организирано урбано живеење е голем предизвик. Реални резултати може да се очекуваат некаде од овој момент па до 2035/40 година.

Градот мора да се шири, тоа е јасно, но во моментот изборот за живот таму е тежок. Особено, во зимските месеци, кога од Карпош4 дува северец и облаците се таложат долу во котлината. Локацијата кај „Ист Гејт“ исто така се покажа како неповолна за секојдневно живеење, особено во зимски услови.

Да бидеме оптимисти новите градби  – по невремето и квадратите од над 3000 евра сепак покажаа стабилен кров и дека се вложило квалитетно,додека друго видовме лимени кровови каде завршија.Само оптимстично немој да ве лажат дека станови ке паднат, може да падне средна нога кров над глава во 4 економска сила во европа не пада.

Присутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20211
Го гледав планот за тоа место. Баш наспроти оџакот од Топлификација  :D
Гледај на позитивната страна, земи стан со поглед на Вардар :) . Не е оџакот толку проблем (барем за мене), одамна не е на мазут топлификација,  колку што ми беше проблем реномето на самата фирма и немањето јасна слика за инфраструктурата кога би била готова. Инаку локацијата е доста добра кога би било готово сообраќајното поврзување од Аеродром до Ист Гејт и од зградата до Годи (Бриколаж, Лидл, Фон).

Колку и да се гради индустриска зона е.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30065
    • CARclub.mk
Индустриска зона е во моментов. Ама многу брзо се трансформира во резиденцијална површина. Пред само 5 години ги немаше сите тие објекти таму, а сега веќе има супермаркети, молови, а-у. И сè повеќе и повеќе ќе се „резиденцијализира“.