Многу зависи што конкретно бараш стара градба, нова градба, локација, дали си фамилијарен или самец, колку голем стан ти е потребен. За жал, Скопје моментално е секогаш подобра опција од било кој друг град во Македонија, колку и да не сакаме да веруваме, тоа е вистината.
Со 1700 евра по квадрат можеш да најдеш во Мичурин нова градба, но со вселивост за 2 години. За таа цена може и во Аеродром да најдеш стан. Во Центар за 1700 е многу тешко, иако зависи од квадратурата ако е помал стан со една спална, тогаш е поскап.Поголеми постари градба ке најдеш ама ке треба да вложиш дополнително во него.
Од нова година ДДВ се качува за 5%, што значи и цената на становите автоматски ќе оди погоре. Среќно друже, се надевам ти дадов некаква ориентација на твоето прашање – што побргу купиш, толку повеќе ќе заштедиш.