2200 за живеење до пруга некако многу е.
За цената не коментирам, а во поглед на локациајта таму, јас пре при одбрал стан од страна на пругата него до булеварот Борис Трајковски (Првомајска), каде каде е помирно, колку воза поминуваат дневно за разлика од булеварот.
Планирам да земам стан со една спална, не како инвестиција за рентање (не дека нема да се рента) туку како уште еден дом (во кој евентуално и би живееле со сопругата еден ден, ако им затреба на децата поголемиот стан или што и да носи животот) и гледам колку толку да ми се допаѓа просторот (кој се е поограничен и нема баш избор за идеално нешто).
Бев на неколку локации, кај „Мерцедес“, спомнатата локација на бул Борис Трајковски (спроти Расадник), „карши“ Хотел Русија (кај мостот на Шилегов што го зафркаваа дека не води никаде а уствари треба кај Ист Гејт да се пробие булеварот) и спроти Ист Гејт.
Останаа во конкуренција локацијата на бул Борис Трајковски (спроти Расадник) и „карши“ Хотел Русија (покрај кејот, отворен простор пред тебе, Аеродром на дофат преку мост), се надевам ќе се пресече додека да појдам на одмор, мислам дека условите за финансирање ќе пресечат, кај една фирма имаше опција 33% (веднаш, со преддоговор)/33% (карабина)/33% (клуч на рака) или опција 50% (со преддоговор) и 50% (клуч на рака) што највеќе ми одговара, нема да треба да ја продавам гарсоњерата веднаш.
Гледав едно време и стари станови, ама цените ме одвратија, како и моментот дека во секој еден мораше да се интервенира, па излегуваа поскапи од новите, а и фактот после да барам мајстори, малку тешко.
Бев и јас до Дабар да се распрашам ама цената ме одврати, разликата од другите фирми одеше од 200 до 700 евра од квадрат (зависно од типот на станот), што е многу.