Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 356718 пати)

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 403
  • Macedonia
Уживај, си ја наредив јас мојата лани и немам потреба од друг засега. Чисто го споменувам тоа како податок што можеби на некој ќе му значи, или не.

За паѓање на цените секако нема да паднат. Оти во Македонија си по-лимитиран во споредба со други места за инвестирање и многу луѓе гледаат инвестирање во недвижности како безбедна инвестиција. Има многу нашинци од странство што не ни живеат тука, а купуваат станови. Има многу луѓе што мислат ако видат исклучена светилка дека станот е непродаден, но не секогаш е така.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2165
Со здравје да се служиш. Паметна инвестиција, иако некој ќе те убедува дека не е паметна инвестиција.  Инвестирање во недвижнини не е само за пари, туку и за семеен комфор. Да имаш кај да избегаш кога ќе пораснат децата и ќе почнат да праат журки по дома.

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 403
  • Macedonia
Ти благодарам и се согласувам со гореспоменатото. А за такви што убедуваат дека не е паметна инвестиција веќе имав такви ситуации. Но, не сум сретнал подобар одговор на тоа прашање од истите луѓе.

Нема врска, за секое едно нешто ќе се најдат луѓе што ќе те предомислуваат, дали за стан, дали за некоја кола еве пример од тука, дали за бизнис... секој со своето и својот рачун...

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2614
2200 за живеење до пруга некако многу е.
За цената не коментирам, а во поглед на локациајта таму, јас пре при одбрал стан од страна на пругата него до булеварот Борис Трајковски (Првомајска), каде каде е помирно, колку воза поминуваат дневно за разлика од булеварот.

Планирам да земам стан со една спална, не како инвестиција за рентање (не дека нема да се рента) туку како уште еден дом (во кој евентуално и би живееле со сопругата еден ден, ако им затреба на децата поголемиот стан или што и да носи животот) и гледам колку толку да ми се допаѓа просторот (кој се е поограничен и нема баш избор за идеално нешто).

Бев на неколку локации, кај „Мерцедес“, спомнатата локација на бул Борис Трајковски (спроти Расадник), „карши“ Хотел Русија (кај мостот на Шилегов што го зафркаваа дека не води никаде а уствари треба кај Ист Гејт да се пробие булеварот) и спроти Ист Гејт.

Останаа во конкуренција локацијата на бул Борис Трајковски (спроти Расадник) и „карши“ Хотел Русија (покрај кејот, отворен простор пред тебе, Аеродром на дофат преку мост), се надевам ќе се пресече додека да појдам на одмор, мислам дека условите за финансирање ќе пресечат, кај една фирма имаше опција 33% (веднаш, со преддоговор)/33% (карабина)/33% (клуч на рака) или опција 50% (со преддоговор) и 50% (клуч на рака) што највеќе ми одговара, нема да треба да ја продавам гарсоњерата веднаш.

Гледав едно време и стари станови, ама цените ме одвратија, како и моментот дека во секој еден мораше да се интервенира, па излегуваа поскапи од новите, а и фактот после да барам мајстори, малку тешко.

Бев и јас до Дабар да се распрашам ама цената ме одврати, разликата од другите фирми одеше од 200 до 700 евра од квадрат (зависно од типот на станот), што е многу.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3135
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Ајде со среќа нека ти е!
Еве еден мој совет кога е станот во градба или во напредна фаза, а имаш уште да речеме година, година ипол или две до вселување – одлична опција е со 50-50 плаќање. Зошто? Многу добра опција е – добиваш стан по цена која сте ја договориле уште на почетокот, за целата фаза. Едноставно, другите 50% можеш да ги исплатиш и во наредната година, зависи како инвеститорот прифаќа.

Знај дека си имаш работа со македонска реалност – може да ти смени нешто во текот на тие 2 години додека се гради, па имаш можност да интервенираш ако треба а знаеш не си уплатил се.

Исто и јас, како твојот пример – купував со 50% на денот на преддоговорот, а 50% месец дена пред договорениот датум.
И јас го гледав тој дел – ама некако преку зима е многу лошо.Таму многу лесно се издаваат доста луѓе зимаат бидејки се поефтини

Друго – во наредни 10-15 години, сè ќе се среди, пошто нема веќе каде да се гради. Ако не се лажам и таму е над 1500 €/м² Во сара4 толку беа и тоа пред година ипол?
Инаку, првите згради што Даравелски ги градеше, кај фон, се продаваа за 900 €/м² – ама тоа беше пред 5 години.


Присутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 787
Гарсоњерата што каде и да е ќе ја имаш за продавање, во Аеродром е ?

Sent from my SM-S916B using Tapatalk


Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2614
Гарсоњерата е во Припор, спроти мотел Најс
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
2200 евра општо за Скопје е многу, дали било пруга дали било на врв на Водно.

Ама тоа е што е.

Отсутен Ace144

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 18
Генерално отидоа цениве у плафон, последниве месец-два пак има пораст. Имав стан за продавање па во ексел имав анализа за да оформам цена, конкретно во Ѓорче рипна квадратот за грубо 100 евра летово.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 810
  • The best or nothing.
Уживај, си ја наредив јас мојата лани и немам потреба од друг засега. Чисто го споменувам тоа како податок што можеби на некој ќе му значи, или не.

За паѓање на цените секако нема да паднат. Оти во Македонија си по-лимитиран во споредба со други места за инвестирање и многу луѓе гледаат инвестирање во недвижности како безбедна инвестиција. Има многу нашинци од странство што не ни живеат тука, а купуваат станови. Има многу луѓе што мислат ако видат исклучена светилка дека станот е непродаден, но не секогаш е така.

Која фирма ја градеше зградата, и како си задоволен со звучната изолација. Се слуша ли комшијата кога се бања?  :D

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7560
Ајде со среќа нека ти е!
Еве еден мој совет кога е станот во градба или во напредна фаза, а имаш уште да речеме година, година ипол или две до вселување – одлична опција е со 50-50 плаќање. Зошто? Многу добра опција е – добиваш стан по цена која сте ја договориле уште на почетокот, за целата фаза. Едноставно, другите 50% можеш да ги исплатиш и во наредната година, зависи како инвеститорот прифаќа.

Знај дека си имаш работа со македонска реалност – може да ти смени нешто во текот на тие 2 години додека се гради, па имаш можност да интервенираш ако треба а знаеш не си уплатил се.

Исто и јас, како твојот пример – купував со 50% на денот на преддоговорот, а 50% месец дена пред договорениот датум.
И јас го гледав тој дел – ама некако преку зима е многу лошо.Таму многу лесно се издаваат доста луѓе зимаат бидејки се поефтини

Друго – во наредни 10-15 години, сè ќе се среди, пошто нема веќе каде да се гради. Ако не се лажам и таму е над 1500 €/м² Во сара4 толку беа и тоа пред година ипол?
Инаку, првите згради што Даравелски ги градеше, кај фон, се продаваа за 900 €/м² – ама тоа беше пред 5 години.



Тоа во договорот се наведува дали цената е променлива или не. Кај мене првично пишуваше дека фирмата си го задржува правото да ја смени цената по квадрат, со месец дена претходна најава, доколку сакаш да исплатиш се по стара цена. Нормално, се побунив, зашто усмено се договоривме едно, а на нотар дојдоа со шаблон документ кој сите други го потпишувале каде пишуваше дека цената е променлива. Инсистирав да се испочитува усмениот договор, и да ми стои написмено дека нема да ми сменат цена, па така и бидна.

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 403
  • Macedonia
Уживај, си ја наредив јас мојата лани и немам потреба од друг засега. Чисто го споменувам тоа како податок што можеби на некој ќе му значи, или не.

За паѓање на цените секако нема да паднат. Оти во Македонија си по-лимитиран во споредба со други места за инвестирање и многу луѓе гледаат инвестирање во недвижности како безбедна инвестиција. Има многу нашинци од странство што не ни живеат тука, а купуваат станови. Има многу луѓе што мислат ако видат исклучена светилка дека станот е непродаден, но не секогаш е така.

Која фирма ја градеше зградата, и како си задоволен со звучната изолација. Се слуша ли комшијата кога се бања?  :D

Golden Art градба е. Не сум преселен фул тајм, но додека сум бил во станот немам приметено ништо. Од едната страна нема стан воопшто  туку сум само јас бидејќи лифтот е потаму. Имам soundbar сет со ТВ и го имам оставено неколку пати да трешти додека го тестирав, не рекол никој ништо. Мада со оглед на тоа што ни на терасата не се слуша скоро ништо ќе речам дека се добри во однос на изолација. Така да не се слуша кога некој се бања, ама знае да замириса кога некој си праи манџа преку вентилациите  ;D

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2165
Во зградите кај млинот на Жито Лукс?

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 403
  • Macedonia

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2614
@Makedons Голден арт е број 1 за квалитет во МК, од тој аспект немаш гајле
Претпоставката е мајката на сите заебувања