Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 357507 пати)

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 812
  • The best or nothing.
Сепак се работи за 30.000 луѓе. Мини градче во град.
Чим во куманово е 1500е за м2, тука е сигурно 2500е за м2. Тоа е пара, за цигли и бетон.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5930
Нека здрви еден нормален потпросечен земјотрес, кога ќе испукаат кај шо треба и не треба пола,  тогаш може ќе се подрегулираат цените сами.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1080
Во Куманово скокнаа цените од други причини, за 5 години од 600е отидоа до 1600е. Па и старите станови многу добија на вредност. Али градот е во тотален хаос, ке се потрошат тие пари и се надевам пак ке се врати на некоја нормала.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3137
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.


Треска резиденс. 33,000 жители треба да смести, само се прашувам од каде. Народот се сели констатно, а се повеќе и повеќе згради се прават. Капак на се, скоро 90% од становите се продадени уште во фаза на колчење на парцелата...
Класична дезинформација за јавност медиуми читање нема под ниту една логика толку луѓе да се сместат и изградат толку станови. 1500 стана се предвидени во комплексот дај боже да има толку луѓе 33 илјади нема реалноста е друга.Се сложувам со томи сите што се надвор поготови до накај 40гоф купуваат стан во Скопје цела МКД.Сите во треска што се изградени до сега се распродадени уште пред година ипол во дупка

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7561
Во Куманово скокнаа цените од други причини, за 5 години од 600е отидоа до 1600е. Па и старите станови многу добија на вредност. Али градот е во тотален хаос, ке се потрошат тие пари и се надевам пак ке се врати на некоја нормала.

Не баш.

1600Е е цена е за во централно градско подрачје, буквално ако сакаш да си на 2 минути одење од центар, без да мора да палиш кола. Има станови по 1100Е на 3-4 минути со кола од центар. Знам дека алудираш на парите што се земаа од тужби, ама глобално гледано, на цел Балкан цените се качени. Врање дојде до кај 900-1000Е.

Бабата и дедото купија стан во Маџир Маало за 1450 м/2, пред 2 години. Во истата зграда веќе се продаваат за 1800-1900м/2.

Тешко дека тие станови во центар ке идат надолу, без оглед на градежниот метеж и парите од тужби. Тешко се добиваат(засега) дозволи за градби во централно градско подрачје. 

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2167
Многу луѓе работат на интернет, многу луѓе работат во ЕУ и низ светот. Во Скопје има многу семејства со над 5 илјади евра месечен приход, ако и двајцата родители се ајтиаши.

Не може да се очекува цените на становите да останат исти бидејќи во земјава има пари како никогаш порано.


Најбитно е во Центар да дојдат цените до барем 10000 еу/м2 за луѓево да сфатат дека во центар на град не се живее.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3137
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Не е само ИТ индустрија,странство доста луѓе работат и други професии со супер заработувачка во Македонија има компании кои плаќаат и не треба партиска книшка или штабски реденик да се вработиш некаде како преживар.Јас познавам луѓе што 1400,500 евра зимат плата вез никаков притисок лагнини-кој за што си се изборил.Ако мрачиш мрачно е  ако сијаш сунчано е.Цените на недвижнини ке си растат со тоа што си има побарувачка кратко и јасно Скопје во наредни 10-15 години милион жители гарант.Тоа е живот кровче си треба а и доста пари народ има па си вложува во недвижнини.Мој совет веќе кога мора да платите(мора само да се умре) е да гледате кој материјал се вградува,санитарија,ладење греење 2026 година да уште на клими се лади грее простор е безвезе .. така да гради инвеститор е неприфатливо.Гледајте отварајте очи барем тоа што се плаќа да има и зошто а да има квалитетни инвеститори има.

Отсутен goranoh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 113
интересна дискусија :)  јас имам колеги во ИТ индустрија што заработуваат 20 000 еур нето месечно и скоро се инвестираат во недвижнини. Имам неколку примери каде што имаат по 4-7 станови и ги издаваат, се заработено од работа за странство, платени даноци, поштено.. е сега дали имаат удел во лудилово од цени, мислам дека да, ама не многу, не се ни 0.1% во овој ранг на заработувачка.

Иначе 5000 + еур по семејство има многу

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5930
Зошто некој со 5к евра месечни примања би живеел во Ск е над моите мозочни способности.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2167
Нормално. Затоа велам во Скопје треба да биде 5 до 10 илјади еу м/2 за Карпош Аеродром  и Кисела Вода, а Центар треба да си тера 10ка накај 15ка лабаво.


За да не живее секој во Скопје. Да живее тој што може.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1879
Од тужбите за базите во Авганистан 300к евра оштета и ете ти 3 стана во Скопје по 60 м2

Отсутен goranoh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 113
Зошто некој со 5к евра месечни примања би живеел во Ск е над моите мозочни способности.

јас исто размислувам, конкретно моиве примери се за Охрид, ама слични се цените, ударна локација е 4000 еур м2, а испод 2000 скоро и да нема ништо.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7561
Од тужбите за базите во Авганистан 300к евра оштета и ете ти 3 стана во Скопје по 60 м2

Тие суми се многу тешко достижни, и дали има 5% што ги имаат земено на самиот почеток. Тоа се луѓе на кои им има буквално паднато граната во скут и не им експлодирала. 150-180.000 долари, минус 10% за посредниците е тарифата. Скоро секој од нив купи кола меѓу 30-50к. Така да, реално останува за 1 саглам стан.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5197
Зошто некој со 5к евра месечни примања би живеел во Ск е над моите мозочни способности.
I mene ne mi vleguva u glava da sedis vo Skopje

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2167
Во Куманово скокнаа цените од други причини, за 5 години од 600е отидоа до 1600е. Па и старите станови многу добија на вредност. Али градот е во тотален хаос, ке се потрошат тие пари и се надевам пак ке се врати на некоја нормала.

Не баш.

1600Е е цена е за во централно градско подрачје, буквално ако сакаш да си на 2 минути одење од центар, без да мора да палиш кола. Има станови по 1100Е на 3-4 минути со кола од центар. Знам дека алудираш на парите што се земаа од тужби, ама глобално гледано, на цел Балкан цените се качени. Врање дојде до кај 900-1000Е.

Бабата и дедото купија стан во Маџир Маало за 1450 м/2, пред 2 години. Во истата зграда веќе се продаваат за 1800-1900м/2.

Тешко дека тие станови во центар ке идат надолу, без оглед на градежниот метеж и парите од тужби. Тешко се добиваат(засега) дозволи за градби во централно градско подрачје. 

Општина Центар одобри градење во последниве 4 години како во последниве 400. Буквално се потпишаа.