Јас во 2019 го купив станов кај што живеам. 84м2 плус гаража (приземјето е со гаражи, нема деловни простории), ставивме рампа и дворот е само наш. За тројца колку што сме ние е ок и има место за нормален живот, можел да има повеќе светлина но што е тоа е. Мене живот во стан не ми се допаѓа, научен сум да живеам во куќа поради слободата и комфорот што го нуди. Друг проблем е звучната изолација, очајна е, среќа никој не живееше во станот до нас, па човекот што го купил го убедивме да ни го продаде за да има мир. Доколку тој не се нафатеше ќе мораше јас да го продавам нашиот и да си барам чаре. Не знам по која логика измислиле спална соба(мојата во случајов) да граничи со дневна соба каде што има и кујна на соседен стан и каде што луѓето се по цел ден активни во таа просторија. Човек да попушти со нервите. Башка ѕидот со 16ка цигла. Комшииве под мене еве 2-3 години упорно го колат детето ама изгледа ножот им е туп па не им успева. Ако им речам дека не се нормални или им викнам социјална служба ќе излезам јас виновен. Паркингот што ни е одбележан на 5м должински по кола од неколку души не се користи рационално и се паркираат ко шерифи, им викаме не разбираат. Смрди од вентилацијата, па ко ќе сетиш дека комшиите готват некоја гадна манџа трчаш одма да пуштиш аспиратор за да му смрди на тој над тебе. Среќа не им текнало да готват по тераси па да не можам на раат да излезам кафе да се напијам. Се на се животот во зграда во балкансково поднебје е тежок, секој мисли дека платил нешто и дека може што сака да прави. Колективното живеење кај нас треба време да помине за да биде како што треба. Во проклетиов град нема добра локација за куќа, инаку не размислувам веднаш би си заминал. Затоа тој што купува памет во глава, да си провери комшии, ако е веќе изграден стан, во активна зграда, нека поседи под кирија некој месец да види на што е и дали е тој стан за него во спротивно животот пекол ќе му стане.
Sent from my iPhone using Tapatalk