Прикаски за мали деца се како тоа брзо се стигнувало од ваму до таму па и од други градови до Скопје, бидејќи една работа е да стигниш до влезот на Скопје, а друго е да треба да го поминиш градот попреку и сето тоа зависи низ кој дел од денот го правиш.
Мене одење накај работа знае да ми треба од 15тина минути до 40тина минути, а во (многу ретко, но се случило) исклучителни денови (протести, делегации и останати глупости) и околу саат. Враќање накај дома секогаш ми е од 8-10 минути бидејќи е растеретено.
Некој може да се качи на точак и место пола час, да отиде за 20 мин со точак, ама на враќање да се мачи (пример Бул. Никола Карев - Момин Поток према амбасадата) за да го фати подолго време, згора на тоа да се препотува наоблечен бидејќи ќе смрзниш, не е веќе лето, така да не е само да се каже земи тротинет или точак па живеј. Плус уште полошо е ако треба да носиш ранци со опрема, а не да отидеш само со празни џебови на работа.
Трето, компромисот кога се одлучуваш да одиш подалеку од центарот, е дека земаш поисплатлива цена по квадрат поголем животен простор, но од друга страна ако правиш пари ќе земеш и убавка квадратура во самиот град, но на долг рок колку подалеку од градот растојанието го плаќаш со гориво. Тука треба да се вброи и лошиот јавен превоз, ако живееш на страна треба децата некој да ги зема или групно да патуваат, степенот на урбанизација, култура и сл. Потешко им е за излегување. Не знам сега како е, ама како тинејџер сум се дружел едно време со деца од Илинден, па да менуваат автобуси, па поретки биле (а тогаш беше превозот подобар од сега, да живее #ТаткоМак) па да чекаат ноќни линии и сл. за да не ги одере таксистот итн.