Избегнувај инвестициони фондови зошто и они инвестираат најчесто во сп500, разликата е во тоа што они ќе ти наплатат провизија и може да не ти го прикажат реалниот раст ЕТФ и не даваат детален извештај кога и каде се имвестирани парите - ова беа причините што јас не инвестирав преку инвестициони фондови.
Пиша некој погоре комерцијална има соработка со ибкр ама пак ќе треба да се проверат провизиите. Јас директно преку ибкр инвестирам
0.25% е провизија по трансфер. Ако сами си отворите акаунт на IBKR e 0% 😁 (бар последно беше 0)
Јас ви кажав. Самите можете да си направите микс.
Пример 10000* евра. 8000 евра на SP500 (VOO акција, SPDR акција или VGT - јас и овој го сакам, ги следи сите IT компании на SP500) и ете 2000 евра да речеме во државни обврзници. Сега обврзниците имаат добра камата 5-5.5%.
Во просек SP500 е мислам околу 10% годишно пораст - статистички. Некоја година 20% некоја година нурнуваат, ама просек е 10% што е сосема ОК.
*Сумата што ви ја наведов е само да илустрирам процентуално.