Од коментариве погоре факт е дека во Македонија не е добро, но не можеме сите да се преселиме, можеби заради образование, заради јазик, едноставно некој не ни сака да се пресели.
За домот важно ми е :
- опкружувањето, маркети, здравство, едукација (знам за здравство и едукација смешно звучи од аспект на услуга на квалитет), достапност на паркови итн.
- Да има добар распоред, со нормални димензии на соби. Некој ќе каже што ќе ти е голема спална од 12м2, сакам да имам простор и не сакам да дадам пари кај што би се чувствувал како сардина, ретко кој од новиве станови има таква можам да ја кажам и привилегија.
- Распоредот и димензиите на станот ги трампам за гаража/приватен паркинг, не ми е проблем ова, живеев во Ново Лисиче кај последна 5ка комплексот на згради и не ми падна круната што немав свое лично паркинг место
- Живеев во неколку ај да ги кажам ново-градби, таа во Ново Лисиче не ја сметам за ново-градба ама и таму имав огромен проблем со звучна изолација или како беа направени преградните ѕидови па и меѓу становите. Да платам 1200м2 квадрат за стан од 90м2 кај што ќе го слушам секое сабајле комшијата како моча, или им дошле гости па да им ги слушам муабетите не доаѓа во предвид. Во хром дури и смешно беше, со комшијата преку ѕид се довикувавме за пијачка. Од мое искуство не само опкружувањето и локацијата туку типот на градба во денешно време има влијание на квалитето на живот. Замисли да не можеш да спиеш зошто комшијата пуштил филм да гледа.
Имаше постари градби и во Аеродром кои беа на продажба меѓутоа ценовната разлика со станот што го опишав во претходните постови беа мали, можеби некој преферира повеќе Аеродром, некој друг како
@bear Чаир/Бутел.