Постапката е ваква:
Склучувате преддоговор, кој е основа за иден главен договор.
Врз основа на тој преддоговор, банката ти одобрува тебе хипотекарен, каде ти си должник и иден заложен должник, а фирмата е заложен должник.
Банката парите од кредитот ги исплаќа на продавачот, т.е. фирмата.
Откако тоа ќе се заврши, се склучува главен договор помеѓу фирмата-продавач, и тебе, како купувач. Тек ондак, по спроведување на договорот во катастар имаш ИЛ.
Е сега, мене ми е дилемата - зошто до сега фирмата не си ја завршила таа работа? Дали е направена измената во катастар предбележување - запишување во ИЛ, пошто тоа е обврска на фирмата по завршување на објектот.
Таа да не е причината што ве влечат?
Мој совет - информирај се, растрчај се, не ја оставај вака работава. Фати тапија во рака - и тоа со станот, гаража (ако има), заедничка сопственост на скали и лифтови и земјиште под зграда. За најсигурно. Заедно со сите комшии.
Да не те плашам, ама јас во твоја ситуација не би можел да спијам.