Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 478965 пати)

Присутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1900
Ходник соби значи катастрофа стан, а сите нови згради се такви за да собере повеќе мали станови.
Јас не многу активно барав стан некојси 3-4 години, почнав да барам исклучиво нов, што се се изнагледав па и све тоа чим се продало во Скопје се ќе се продаде.
Баталивме нови почнавме стари станови да гледаме, многу подобри од новите, е сега во лифтот нема музика, нема домар ама па затоа има убав распоред со нормални соби и со по 3-4 стана на спрат. Сега кај што сум сме 11 стана на спрат.
Сакав Кисела Вода кај Дуња школото ама конечно купивме во Аеродром кај Бисер/Налеј. Уште данок да видам наредниве две недели колку ќе ме избричат и почнува голготата со реновирање, а има за реновирање, шајка нема заковано откако е направена зградата.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11884
  • Архитект

Најубаво.
Ќе си го стокмиш по мерак.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6984
И ќе истуриш пари колку за уште пола стан.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7241
@vlatko.klp

Во лоша смисла. Баш како што рече Калимеро.

Порано старите згради се знаеше, еден стан обавезно имаше светлина од две страни или на три страни. Денес за да направат повеќе станови, имаат ориентација само на 1 страна. Бидејќи по Закон во секоја соална соба мора да има прозор (макар и еднокрилен) немаат избор освен да направат т.н. "ходник" соби односно соби што се во неприроден размер каде соодносот х:у е 2:1 и повеќе.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3153
И ќе истуриш пари колку за уште пола стан.

Како не.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6984
Станот во кој живеам сега е од секогаш сопственост на моите. Они живеат во друг стан.

Се работи за стан во Богданци, 46м2.

Е така, шајка една немаше заковано 40 години.

Кога дојде ред јас да седнам, па ич да не е, ама помеѓу 11000 и 12000 евра се фрлија, ама се смени се, до последен штраф, со реновирање и прераспоред, до седнување и си да си го пуштам телевизорот и да си ги дигнам нозете.

Станот сега, во ваква состојба, тешко дека би се продал за 20000 евра, со се внатре.

Моето искуство е такво. Ете ги вложени пари во реновирање, повеќе од пола стан.

Присутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1900
Za normalno renoviranje, za da stignesh da go polnish so mebel trebaat 80 - 100 evra za kvadrat. Toa e mojata matematika. Mebelot koshta kolku shto ti sakash da koshta neli.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3153
Станот во кој живеам сега е од секогаш сопственост на моите. Они живеат во друг стан.

Се работи за стан во Богданци, 46м2.

Е така, шајка една немаше заковано 40 години.

Кога дојде ред јас да седнам, па ич да не е, ама помеѓу 11000 и 12000 евра се фрлија, ама се смени се, до последен штраф, со реновирање и прераспоред, до седнување и си да си го пуштам телевизорот и да си ги дигнам нозете.

Станот сега, во ваква состојба, тешко дека би се продал за 20000 евра, со се внатре.

Моето искуство е такво. Ете ги вложени пари во реновирање, повеќе од пола стан.

Во твојот случај во право си со цената и локацијата на твојот стан.

Мислев мислиш на скопски стан што сигурно не е под 40.000 еур.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Ова како на некој што купил некое количе околу 6000 евра без плин, да му речеш дека плинот ќе те фати колку пола кола, а ти возиш YUGO.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7241
Клабери, без потценување само, секој со својата математика.

Нема прав/погрешен избор. Ако некој е среќен со својот избор, тоа е тоа.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Не беше намерата потценување, туку споредба бидејќи многу се разликува цената според локацијата на станот за да се прави таква споредба. Од друга страна, цената на материјалите е иста и во Скопје и во Пехчево и во Охрид и во Злетово. 

Отсутен VW

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 47
  • TESLA фанатик
Грубо или ај да речеме средно вака би иделе цените
- нов стан да го опремиш за да влезеш - 6000е - (бела техника, кујна, спална, дневна,плакари)
- стар да го реновираш да дојдеш до опремување - 6000е - (струја инсталација, плочки, ВЦ реновирање, кујна реновирање, преградување, прозори, пакрет освежување...)

TESLA фанатик

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11884
  • Архитект
70m2 нов стан 73 - 75 000 еур
70м2 стар стан - 52 - 55 000 еур.

Разлика 20 000 еур.

Отсутен Angel Skopje

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 272
70m2 нов стан 73 - 75 000 еур
70м2 стар стан - 52 - 55 000 еур.

Разлика 20 000 еур.

на иста локација?  ;D

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20380
Таман за реновирање требаат некаде 15к ако се прави се.