Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 357854 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Имаш куќа, врати стан ;D

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Кај нас обично киријата е пониска од ратата, ако збориме за рата н кредит од 30 години.

Сум рекол и претходно, да не беше лошата даночна политика за данок на имот каде се данокот на имкт е небаре ист на некој со 1 и 10 станови, по стан ќе праевме други муабети овде. Нормално и побарувачката на жители од другите краеви н МК.

Не знам како точно мислиш, ама не е ист данокот, дупло е повисок ако нема пријавено никој на адресата, се рачуна како луксуз. Нас на куќа во изградба ни накалемија од 2010 год. до денес да платиме дупло повисоко данок на имот, а куќата се заврши и доби адреса годинава.

Ако 100 евра годишен данок за 2 стан ти е цена за луксуз, нема што да додадам.

Муабетот ми е а ти е 2 стан а 10 исто ќе си платиш. Само на 1 имаш ниска даночна стапка. Прашај некој во Германија или Австрија со 10 стана колку плаќа данок, посебно ако не е издаден. Таму има многу критериуми за пресметка, број на членови на смемејство, годишни примања, колку коли итн итн.
Исто и за колите, а си регистрирал кола Фиат со 150кс што чини 12к евра, а некој мерцедес од 40к евра исто ти е.

Отсутен Angel Skopje

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 272
дали некој знае како иде точно процедурата за „купи куќа - купи стан “ ?
https://www.finance.gov.mk/files/Javen%20povik%202019.pdf

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Џерманија ако не издаваш повисок данок плаќаш ? А ја не зна оти некој ако има 10 стана, што ги боли толку другиве, си спечалил чоекот си купил xD

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
дали некој знае како иде точно процедурата за „купи куќа - купи стан “ ?
https://www.finance.gov.mk/files/Javen%20povik%202019.pdf

Интересно, рекламираа подигнување на субвенциите од 50% на 70%, и субвенцијата на учество да е близу 8000 евра, глеам ништо од тоа...

Да не навлегувам во математики сега, ама од око вака, ми личи дека поисплатлива опција е да ти субвенционираат учество со фикс каматна стапка од мање више 4.2% (со тенденција да опаѓа гледајќи ја 6 месечната ЕУРИБОР стапка)... Ја направил некој математиката, па да сподели?

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Како да опаѓа ако е фиксна камата? Еуробор е во минус последниве години односно 0.0 и ти плаќаш само фиксна камата. Тоа може да се смено и утре еуробор ако биде 1% тогаш ќе плаќаш 5.3% наредни 6 месеци.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Како да опаѓа ако е фиксна камата? Еуробор е во минус последниве години односно 0.0 и ти плаќаш само фиксна камата. Тоа може да се смено и утре еуробор ако биде 1% тогаш ќе плаќаш 5.3% наредни 6 месеци.

Убо си реков, да не почнам со математиките :) Мислев дека ако е во минус, се поништува минусот со фиксната камата и од фиксниве 4.5% добиваш 4.2% ради -0.3 Еурибор.

Поентата ми беше, во 10те години кога си апсолутно заглавен со плаќање рати, при субвенционирано учество имаш фиксна камата од околу 4.5 проценти (ако не скокне Еурибор, а според историски податоци не би требало за толку брзо време да се дуплира), и имаш некаква сигурност дека ратата ќе ти остане иста/слична.

При субвенционирање рата, имаш 4% првите три години, 4.4% за години 4 и 5, и после тоа одиш на пазарна каматна стапка за која (ако добро паметам) се држи доста долго време на 5.Х%, и кој ли знае во која насока ќе се движи...

Изглеа нема многу смисла моево размислување на глас ;D

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Ако е негативна, се поништува се смета дека е 0% стапка, пишуе таму со ситни букви :)
Некои банки варијабилниот курс со фиксираат со СКИБОР

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Некад и ко ќе ги почниш математикиве, умот одма те влече накај чирија xD
Демек во таљанско имало некој си закон, ако си ќираџија хх годиње, имаш право станлт да го купиш за упола цена.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
И тука имаш такво право. Ако ти го продаде сопственикот се разбира. :)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Кај нас цената на половните станови иде по нагорна линија. Балканска логика секако.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Ако половните станови се продаваат за цена повисока од новите станови, најверојатно има зошто :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Јасно ми е Банза, понуда и побарувачка.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1880
Јасно ми е Банза, понуда и побарувачка.

Повеќе би рекол се збори дека се поквалитетни од тие што се прават денеска, али лаички муабети, може воопшто да не се точни.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Дали било нов стан или стар е многу помалце важно од локацијата која игра огромна улога во цената. Џабе ти е реновиран стан со најквалитетна опрема и материјали во Топанско Поле рецимо, кога ќе се продаде за иста цена како 30 годишен нереновиран стан во центар со помала квадратура.