Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 357403 пати)

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2167
Така е друже. Ама затоа ти имаш фармерки од 10890 денари. Замисли да си учел.

Да се нашалиме.
Едно нешто не можете да го спорите, а тоа е квалитет на образование, и го разбирам и поддржувам @Banzai во таа теза. Во комшии му е Корчагин, најдоброто средно училиште во Македонија, од кое излегле безброј деца со навистина искористен потенцијал, корисен за државава.

И Корчагин е гимназија, и она моено во Гостивар е гимназија, ама не е исто. Јас завршив 5.00 просек учејќи селективно што ми се учи, другото ќе скрпев 3 реченици и ради претходен просек проаѓав лесно. Во Корчагин треба да седнеш, газ да испотиш и да ја разбереш одлично селектираната материја предадена преку одлични образовни методи. Професорите во тоа школо им раѓаат желба за учење на учениците, желба што им останува за навек. Ете како имајќи центарска адреса ќе му ги крене шансите на вашето дете да си ги исполни потенцијалите, а и соништата во животот.

Не, тоа не треба да е така, сите училишта треба да се на високо ниво како Корчагин, ама не се. Кога ќе бидат, друга приказна ќе кажуваме.
Се сложувам. Корчагин е стварно гимназија за пример. Бар додека јас бев средно. Не учев таму, но со другари што сум се дружел тогаш вистина е дека се бараше многу. Орце и Карев беа некако исто елита,а ама тогаш Карев дека заедно беше со Зев Љуш Марку не беше на некое ниво. Орце и Корчагин беа елитите но мислам дека Корчагин бил една посебно школо кое имаше доста јаки ученици и предавање. Инаку овие од внатрешноста беа смешки. Во мало градче тетка му предавала во школо и овие сите 5ки. Ама наредени како друга оцена да не постои.
На факултет едвај пробуваа 6ка да извадат.
Многу е чудно како во цело Скопје баш тие на кој што тетката им ја стави петката дојдоа и успејаа многу повеќе од староседелците. Најголемите газди таму мислам дека по потекло не се скопјани. Тоа си нема врска според мене, ја у школо ретко кога бев со примерно поведение, па имаше деца кои што станаа инженери. Ако некому му се учи му се учи, името на школото нема врска.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk
Да учев ќе имав некој неписмен да ми биде шеф над мене. Вака си купив диплома за кога ќе дојде ден да можам ко високо образован да влезам у државно.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk



Малку заебанција не е на одмет.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6991
  • Бенве сие бенве
Таман си е, ја се потресов кога ми текна дека можев да бидам прва смена па отидов си купив патики од 7640 :)

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8944
  • Пичлеме
Ама како се рекло, од заебанција на заебанција, заебанцијата в газ :)
Затоа сме таму кај што сме, оти сѐ ни е заебанција, здравството ни стана заебанција, образованието ни стана заебанција, судството ни стана заебанција, политичарите ни станаа заебанција (чест на исклучоци, Амди Бајрам е озбилен политичар и затоа е најдолго на власт), патиштата ни стана заебанција, снегот ни стана заебанција (на аеродром на писта в снег заглаве авион... и после зимски гуми не требало, се јадело гомна за да се продаваат)...

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2167
Таман си е, ја се потресов кога ми текна дека можев да бидам прва смена па отидов си купив патики од 7640 :)

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk



Пара буши где бургија нече.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6991
  • Бенве сие бенве
Среќа каматите се ниски

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2167
човек на човека жирант му е

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Ама како се рекло, од заебанција на заебанција, заебанцијата в газ :)
Затоа сме таму кај што сме, оти сѐ ни е заебанција, здравството ни стана заебанција, образованието ни стана заебанција, судството ни стана заебанција, политичарите ни станаа заебанција (чест на исклучоци, Амди Бајрам е озбилен политичар и затоа е најдолго на власт), патиштата ни стана заебанција, снегот ни стана заебанција (на аеродром на писта в снег заглаве авион... и после зимски гуми не требало, се јадело гомна за да се продаваат)...
На заебанција се прават најмногу пари :)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo

Како тоа се побивам? Бидна од мене хирург, инженер, доктор или експерт во полето кое сум го избрал? Не бидна, зошто не створив навика за учење, околината не беше таква. Учев/читкав тоа што беше интересно, за другите предмети се вадев некако. Завршив 5.00 просек, на државна матура избрав македонски и англиски, извадив 4ка и 5ка, а школските матури ги испопрепишавме и сите со 5ки ги положив. И ја, копук од Гостивар без навика за учење фатив 19то место (од 1198 студенти) на државен ранкинг на студенти примени на Економски факултет, додека далеку поквалитетни студенти кои ме шијат и со знаење и до интелигенција беа во приватна квота поради строгите критериуми на оценување во нивните средни школи. Тоа мене не ми звучи фер.

Јас не разбирам зошто обвинуваш некој друг  за сопствениот неуспех? И како ќе ти помогнел некој друг (училиште или кој и да е), кога ти сам си си одмогнал? Ќе се навратам на еден мој пост од една друга тема за концептот на лична одговорност.

Кажав не е фер за луѓето кои страдаат поради луѓе како мене што се снашле. Иначе да не ме мислиш, доста успешен сум и покрај таквата позадина. ;D

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000

Еве го мојот пост:
Имаше убав плац со барака горе кај амбасадите, околу 1000м2 за испод милион го даваше дечкото.

Иначе не се само патиштата, туку и супермаркети, школи за јазик/балет/карате/кошарка/пливање и што ли друго тренираат децата денес, градинки, основно и средно школо и за мене многу битно е какви соученици и комшии ќе има едно дете додека расте. За жал не е иста структурата на луѓе во Центар и Карпош на пример споредено со некоја приградска населба.

[1] Што има врска дали излегле или не излегле еден куп интелектуалци од сите села што ги наброја со дали стварно има таму образовни установи, патишта, вонучилишни активности за деца и останато за што дискутираме?

[2] Еден куп квалитетен народ од Македонијава се пресели во Германија, високо образован и претпоставувам ценет во Германија. Дали тоа значи дека ако кажам дека во Македонија полоши се условите отколку во Германија грешам?

[3] Иако јас пред се зборувам за приградски населби (урбана средина), а не класични села (рурална средина), сепак ти подобро и од мене знаеш како изгледа една приградска населба/село во Германија, а како изгледа кај нас. Имам другарка што живее и работи во Минхен. Живеат во близина на Минхен во едно "село" накај Еберсберг. Прекрасно место со сите неопходни удопствија за еден модерен брачен пар во 21 век со 2 малолетни деца, урбанизирано, мирно, зелено, чисто.




Јас можам да разберам желба некој да сака да живее таму. Дали поради “статус“, мерак, или желба ете да биде во “центарот на сите збиднувања“. Не е битно, сопствен избор. Јас не можам да разберам дека таму има “многу подобри услови за успех“ споредено со други места во Македонија, вклучително и приградските населби на Скопје. Затоа што, според мене, воопшто не е така, и за некој да биде успешен во животот (и во кариера и на личен план) треба многу повеќе, отколку да живееш во Центар/Скопје.



Поентата е, има еднакви можности да стане интелектуалец ако учел во Центар, во Скопје, во приградските населби, или каде и да било на друго место во Македонија. Дел зависи од училиштето, ама уште поголем дел зависи од родителите, работните навики, вдахновение, желба и жед за наука. Вон-училишните активности се најчесто чист прдеж и лекување на комплекси на родителите. И во Македонија. И во Германија. И во Америка. Ако некој навистина сака да го насочи сопственото дете на прав пат, се што треба да му направи е да го научи да работи како коњ, да не се откажува после првиот проблем и да му објасни дека светот не ротира околу него.


Со тековните миграции (и со пренаселувањето во Скопје) денес ситуацијата е за еден наставник/професор во основните и средните училишта во внатрешноста да е одговорен за максимум 20 деца. Во Скопје, колку што знам, не е така. Ако го поделиш времето/вниманието што може еден наставник/професор во 40 минути да го сподели по бројот на деца и да работи нов материјал, според бројките, во внатрешноста на Македонија има поголеми шанси да добие повеќе внимание и насоки, отколку во Скопје.


Понатаму, не знам колку ги следиш најразличните натпревари по природни науки и по општествени науки во основните и средните училишта и нивните резултати. Скопје и неговите “елитни училишта“ имаат многу пониски резлутати (или немаат резултати) споредено со ученици од другите делови на Македонија. Од друга страна, тука се тврди дека таму имаат најдобри шанси и најдобри услови. Во што лежи проблемот?


Трето, последните 10-15 години од факултетите кои треба да произведуваат наставен и професорски кадар за сите сфери (а особено во природно-техничките науки) е сведен на буквален минимум. Уште повеќе, најголем дел од тие млади наставници/професори/интелектуалци доаѓаат од внатрешноста на Македонија. Колку и како се добри е друга работа. Факт е, дека сите што имаат завршено природни/технички науки настовна насока се бараат под дрво и камен за да работат во скопските училишта. Затоа што сериозно снемува кадар. Прашањето ми е, како тој кадар ќе биде подобар и помотивиран во Скопје, а полош и помалку мотивиран ако работи во родното место во провинцијата?


[2] Нема да згрешиш воопшто ако кажеш така. Ама условите се поразлични во Германија. Таму ги нема игрите кои ги има во Македонија. Многу луѓе (вклучително и интелектуалците) имаат големи психолошки проблеми да го преџвакаат тој систем. Дека нема на кој да се јават, дека нема кој да им заврши работа, дека децата мораат да бидат во општински округ на градинка, дека децата мораат да одат во општинското училиште, дека децата мораат да одат во општинската гимназија. Без разлика какво е опкружувањето и/или со какви соседи и калибар на луѓе живеат. Единствен начин да го промениш тоа е да се преселиш во друга општина/друг стан и тоа што подалеку од претходната општина. На крај пак доаѓаме до личното вдахновение, посветеност и желба за наука и успех.


[3] Во септември ми дојде другар на гости од Германија. Шетавме и во Скопје, шетавме и во Благоевград Бугарија, Струмица, Штип, низ селата околу моето. Другарот има хоби фотографија и во текот на патувањето од пет дена направи неколку илјади слики. Лајтмотив на 70% од фотографиите беше ѓубре и бетон. Во Скопје, во центар, на водно, во старата чаршија, во карпош, секаде кадешто стапнеш ѓубре, бетон и статуи. Дрво нема ни за лек. Тревка нема ни за лек. Public dogs, или кучиња скитници насекаде. Во селата и другите градови кадешто бевме, немаше ништо од тоа. Имаше каде-каде помалку ѓубре, помалку загаденост и инфраструктурата беше многу подобра, отколку што ја има во Скопје.


Конкретно за Германија. Да живееш во приградска населба или село, исто ти треба една или две коли во гаража. Ако ти треба оптика интернет, треба да си доплатиш како и во Македонија. Ако сакаш да одиш на театар/опера/кино, мораш да одиш во најблискиот град. Ако сакаш ноќен живот различен од локалната пивница, мораш да одиш во најблискиот град. Ако сакаш егзотичен ресторан мораш да одиш до најблискиот поголем град. Ако сакаш доктор специјалист, мораш да одиш до најблиската клиника (која може и да е 50км+).
Единствено што е подобро направено е распоредот/планот за распространување на банки/супер маркети кадешто има закон колку максимум смееш да патуваш/возиш со кола за да стигнеш до супермаркет. И да, патната инфраструктура е каде-каде подобра.


Луки со 99% од работиве што ги напиша се согласувам.

1. Изгледа погрешно си ми го разбрал постот чим ми објаснуваш за "услови за успех". Ниту некаде спомнав дека ако живееш во Центар имаш подобри услови за успех, ниту дека ако имаш градинка и супермаркет до гз ти ќе успееш во животот :)

2. Воопшто не правев споредба за живеење во Скопје со живеење во "провинција". Правев споредба живеење во центар на Скопје или некоја населба што граничи со центар и живеење во приградска населба на Скопје. Односно темата на муабет беше дали стан во Скопје или куќа на 10-20-30км од Скопје.

3. Идеата ми е дека моментално според мене и според моите критериуми подобри услови за живење и секојдневно функционирање на едно семејство, не за успех, има во населбите во Скопје каде за 66000 евра ќе купам стан, отколку во населбите во Скопје или близина на Скопје каде за 66000 евра ќе изградам куќа од 150м2 или колку и да беше според Куоре. Илинден мислам дека е едно од ретките места каде навистина е потсредено и добро урбанизирано, бар од тоа малце што сум видел. Се надевам само нема да ја усерат општината со градење премногу згради.

На крајот, се согласувам дека Скопје е одвратно загаден и прљав град. Се согласувам дека образованието во глобала ни е заникаде. Се согласувам дека домашно воспитување е основа за развивање во здрава и права личност, иако според мене големо влијание има и друштвото и опкружувањето во кое ќе израсне и ќе се развива детето. Тука подразбирам дека голем плус е ако другарите му бидат деца кои се слично воспитани како него и со слични вредности од дома. Не е битно дали се богати, сиромашни, од фамилија на интелектуалци или од фамилија на помалку образовани луѓе.

Околу Корчагин:
Прво, небитно е дали живееш до Корчагин или во Сопиште за да учиш во Корчагин, така да стварно воопшто не ми беше поентата дека ако живееш во Центар ќе имаш подобро средно образование отколку ако живееш во Сопиште. Повеќето од соучениците не ми беа од Центар.

Второ, додека учевме јас и после брат ми, во Корчагин имаше деца од различни социјални и економски категории. Прекрасно беше дека тоа не се приметуваше во тие 4 години додека бевме таму. Немаше курчење со мобилни, облека, коли, мотори. Ако не се распрашаш нема да знаеш дали родителите на некое дете се директори или обични работници. Немаше поделби меѓу децата по основ на тоа од каква средина доаѓаат. И секако, многу од професорите беа стварно добри педагози пред се и одлични професори. Нормално во сето ова има исклучоци, но стварно беа исклучоци. На крајот, денес огромен дел од моите и соучениците на брат ми се високо образовани и успешни во работата која ја работат, за жал и огромен дел преселени.

Баш лани професорката Фросе математика од Корчагин имаше направено албум со сите нејзини бивши ученици кои работат и живеат надвор од Северна. За жал огромна беше бројката, но убаво беше да се прочита дека скоро сите одлично се снашле и работат на убави позиции низ светот.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
А бе и Бошко Луди е дете од корчагин... ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
И Филип Петровски :(
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Значи тој бил од детето од клас шо збирал пари за 8 ми март и пола ги трошел на частење а со другата пола некој поклон од пластичарска :D

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Во сите класови бил благајник и од сите класови го бркале па се враќал ;D
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Поврзано е со најважните македонски патишта.
Автопатот Север - Југ. Има нов пат до Велес и Штип. Има две спортски сали. Има продавници, кафичи, има пазар и има голем потенцијал за развој на земојделска индустрија.

Има далеку поутепани села како Фурка, Рич, Конче, Петралинци, Нова Маала, Шипковица.... Русиново, Владимирово....

Колку ли само неброено интелектуалци има излезено од сите тие села, а тука коментирате како сѐ што живее таму е утепано и дотепано. А тоа, богами кажува многу повеќе за вас, отколку за луѓето што живеат и творат таму.
Што имаш против петралинци? Има две цркви, три дуќани, мини пошта, реновирано школо, спортски игралишта од гујово време. Ништо нема помалку од другите.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Поврзано е со најважните македонски патишта.
Автопатот Север - Југ. Има нов пат до Велес и Штип. Има две спортски сали. Има продавници, кафичи, има пазар и има голем потенцијал за развој на земојделска индустрија.

Има далеку поутепани села како Фурка, Рич, Конче, Петралинци, Нова Маала, Шипковица.... Русиново, Владимирово....

Колку ли само неброено интелектуалци има излезено од сите тие села, а тука коментирате како сѐ што живее таму е утепано и дотепано. А тоа, богами кажува многу повеќе за вас, отколку за луѓето што живеат и творат таму.
Што имаш против петралинци? Има две цркви, три дуќани, мини пошта, реновирано школо, спортски игралишта од гујово време. Ништо нема помалку од другите.
Да не е селото каде направија игралиште за 10 пензионери ;D во гујово време?