Ми излегува постојано по реклами, па планирам деновиве да отидам да видам како е во живо. Од тоа што го видов на сајтот, убаво им е средено катноста, позиционираноста, квадратурата, функционално изгледа добро. Цените се движат од 1500 до 1650 евра по квадрат, зависно од големината помалите станови се поевтини, поголемите поскапи, така ми рекоа. Ќе одам деновиве на лице место да видам како е, бидејќи се работи за доста голем проект со преку 500 станови. Долго време се гради, а сега се во фаза на внатрешни работи керамика, паркети итн. Ако некој има купено таму, нека сподели информација. Ние во Треска што имаме уплатено, ни пролонгираа за декември за клучеви и имотни листови
Џими, на хартија кога гледав го сведов изборот на Саник за оваа локација и Биси до Расадник (Борис Трајковски).
Локацијата на Саник (со оглед на пренатрупаноста на Скопје) ме воодушеви, едноставно чистина пред тебе, кеј, Вардар, од другата страна Стар Аеродром. Убаво е чувството кога пред тебе нема ништо. Во тој момент веќе имавме во глава и кој стан, ориентација, кат, начечно и цена договоривме, за некои работи беа флексибилни (учество, остатокот пролонгиран за година дена и сл). Она што ме попишмани е динамиката на градење (требаше да биде готова пред година дена со вселување, има луѓе што имаат уплатено пред 2-3 години, нема абер да биде готова до следната година), фактот дека ќе треба уште 2 такви згради да изградат за да се заокружи инфраструктурата (пред се мостот од кај СРЦ Јане Сандански/Хотел Русија да се пробие во Ќерамидница и булеварот да пробие кај Ист Гејт). Во тек е експропријација, договарања, преговарања со жителите на Ќерамидница, ама споро оди. Допрва ќе се гради таму, машини, камиони, градилишта, патот оди од кај ТЕ ТО по тампон (шљунак), прашини....
Тука мора да го спомнам и името на Саник, има многу контроврзи, познати се дека не се баш фирма што е позната по квалитет, многу доцнат, а завршените проекти ги оставаат делумно незавршени (знам за 2-3 згради во Аеродром каде подземните паркинзи не ми се завршени скроз - вентилација, пристап и сл).
Зградата сигурно ќе биде завршена, кога, најверојатно почеток 2027, кога ќе биде се готово и комплетирано во однос на инфраструктура, ќе биде едно од поубавите нови локации во Скопје, еден ден, кога точно, никој не знае.
Многу се двоумев, ама разумот ме пренасочи на Биси. Да барав да уплатам два стана во исто време, можеби другиот ќе беше на таа локација, исклучиво со поглед на Вардар.