Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 288727 пати)

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4757
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Зошто не може стара зграда?


Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8657
  • Пичлеме
Моментално сум во Тафталиџе во зграда стара 2 години. Квалитет? Има пукнатини на ѕидовите на повеќе места, онака ради поштовање. Плочките во купатилото се прилично лошо залепени. Паркетот на некои места се раздвојува, значи се одлепува. Звучната изолација е прилично лоша, како муабетот погоре, се слуша се од секаде.

Сум живеел порано во Кисела Вода, позади кулите, во нова зграда. Освен бабиштата од погорниот спрат во 6 на сабајле кога се довикуваа преку тераси, ништо друго не слушнав, нити од горе, ниту од долу, ни лево ни десно.

Брат ми живее во К. Вода во прилично нова зграда, лоша звучна изолација... и да, не ми се допаѓа К. Вода :)

Појма неам кои се изведувачите на гореспоменатите згради.

Многу лош момент е соседството. И најдобрата зграда да е, обавезно има копита тешки и го ебат цел рает. Или прават ѓубре, или паркираат кај ќе стигнат и те блокираат (како што е погоре спомнато) иако си имаш сопствен паркинг. Плукаат по лифтови, плукаат по скали, тресат чаршави од тераса...

Околу Тутунска Банка, брзината на одобрување на кредит... брзина како во државна фирма, во случајот со кој јас сум запознат, процесот траеше повеќе од 1 месец. Да, банката ги префрла парите на фирмата и ти после си имаш работа со банката.



Отсутен mambo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 77
Зошто не може стара зграда?
pa kolku sto znam kredit se dava za novogradbi

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1069
немојте со вакви дезинформации на форум..............станбен кредит се зима за било каков, со било која старост на недвижен имот со имотен лист(куќа, стан итн). разликата е само во проценката на вредноста на имотот кој ја кажува овластен проценител.

едит: за половен стан, треба преддоговор со кој претходниот сопственик се согласува да се стави хипотека на твое име на негов имот, а на имотниот лист се прави промена на твое име откако ќе се направи главниот договор(солемнизација) за купопродажба.
« Последно менување: 15 Ноември 2018, 18:22:05 pm zvonkog »

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Нема веќе разлика на цена во градба/вселив. Можеби на некој понеатрактивни локации. Мој предлог за 5 - 10000 да купиш плац во околина на Скопје а за остатокот да направиш куќа. Доколку е можно такво нешто со кредит..

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4757
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Има и неколку убави куќички накај Волково по огласиве по цена за стан.


Отсутен mambo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 77
немојте со вакви дезинформации на форум..............станбен кредит се зима за било каков, со било која старост на недвижен имот со имотен лист(куќа, стан итн). разликата е само во проценката на вредноста на имотот кој ја кажува овластен проценител.

едит: за половен стан, треба преддоговор со кој претходниот сопственик се согласува да се стави хипотека на твое име на негов имот, а на имотниот лист се прави промена на твое име откако ќе се направи главниот договор(солемнизација) за купопродажба.
hmmm....toa znaci deka iznosot na kreditot ce go odredi procenitelot?

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3432
Земи си во Илинден стан, секако возиш 10 мин имаш до Центар, башка се има во Илинден веќе не е како порано, што сте запнале за тоа централно градско подрачје, јас избегав од таму.

Присутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1818
Додека сме на тема стан конкретно илинден ми изгледа како многу поволна понуда што нудат за станови но има некој повеќе информации колку се квалитетни тие згради дали се океј функционира и околината дали пред се е добра за живеење, бидејќи центар е хаос, и стан vs. куќа на слична локација(илинден) за цена 40-50к евра би можела да се подигне или е невозможна мисија. пс. за кредит да се подигне мора да се има учество одреден процент?

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4976
Незнам за Илинден ама тоа во Хиподром не е нај нај. Ем нема подрум ем нема паркинг, џабе е таа цената.

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • Eбач на батерии :D
Подобра опција бутел, радишани итд.
Пројдов со кола низ илинден магла.
Лесно е да се пише 10 минути со кола, ама некогаш ќе си уморен, детето треба да го земе некој, му се иде во град, нема автобус (такси ќе фати многу) има многу фактори.
Мене за илинден/лисиче/карпош/тафталиџе ми се отпишани пред се заради маглите и смрдеата.
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3432
Епа плац и куќа од другата страна на автопатот, Ајватовци или Бунарџик.
Новата зграда во Илинден што ја прават во близина на автопатот е со гаража подземна.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11737
  • Архитект
Сопиште.
Рај за живеење.
Долно/Горно Соње.

600м надморска височи. Сонце цело време. Не е загадено.


На 5 мин.

Патишта сега прават.

Башка имаме станови за продавање во зграда со базен.
Милина
:)

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1667
Сопиште.
Рај за живеење.
Долно/Горно Соње.

600м надморска височи. Сонце цело време. Не е загадено.


На 5 мин.

Патишта сега прават.

Башка имаме станови за продавање во зграда со базен.
Милина
:)

Ти у Сопиште живееш?

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6602
Кога ќе дојде детето да оди основно, потоа и средно училиште, излегување во град, тогаш ќе ја видите маката со убавиот живот во Соње. Таа мака се нарекува поврзаност на овие места со ЈСП, односно автобус број 58.