Само не морало и внатре розево да го направат, a цената доста е крената за таа класа на возила, пред 10 години дури пунто ново имаше за 8000 евра.
Во случајов се работи за каталошка цена 9990, која ја споредуваме со Акциска на Јарисот 9990. Секако дека првата е подложна на корекција, за разлика од акциските цени кои се најечсто патос.
Да, се сложувам дека пред некое време Ајгото се нудеше за 8990 каталошка со COOL ниво на опрема во 2007ма, но сегашниов кој е 9990 е многу посличен со опрема со тогашната TERRA опрема, која нудеше 4 воздушни (ова има плус завеси), Далечинска брава, електрика напред, а таа била 9700 евра каталошка. А згора на тоа ова сега има плус електроники, исофикс, воздушни завеси, каде-каде подобри седишта, ЛЕД дрл, проектор фарови, лед штопови, УСБ итн.
Еве го ценовникот од 2007ма.