Автор Тема: CARclub Тест: Toyota Aygo X-Cite  (Прочитано 14616 пати)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: CARclub Тест: Toyota Aygo X-Cite
« Одговори #15 на: 13 Ноември 2018, 23:40:05 pm »
Лани на одмор 4ца со 4 куфери се превезовме од аеродром до смештај со Пежо 108.
Фала богу дека позади беа тројца, а на сувозачко 2 куфери, ама за пола саат вожња никаков проблем.

Сиромашни сме за ново ајго, а не сме сиромашни за исто толку скапо 15 години старо бмв со пола милион километри?
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: CARclub Тест: Toyota Aygo X-Cite
« Одговори #16 на: 13 Ноември 2018, 23:50:52 pm »
Бенве си е бенве, банзаи.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: CARclub Тест: Toyota Aygo X-Cite
« Одговори #17 на: 14 Ноември 2018, 00:26:58 am »
На страна што е ружно, за млади е топ.

Што ни фалеше на времето со југо, буба, рено4 и слични за на одмор? И тоа по 5 души, ранец со купаќи, пешкир и некоја маица.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: CARclub Тест: Toyota Aygo X-Cite
« Одговори #18 на: 14 Ноември 2018, 01:26:10 am »
На страна што е ружно, за млади е топ.

Што ни фалеше на времето со југо, буба, рено4 и слични за на одмор? И тоа по 5 души, ранец со купаќи, пешкир и некоја маица.

Ништо не ни фалеше. Топ беше. Тргаш сабајле у 6 саат за во Охрид, по ладното. Скопје - Охрид 4 саати. Пауза на Стража за доручек и да олади Реното. Ако ти се погоди шлепер пред тебе Кичево-Охрид, претицување никад. Стигаш у Охрид на пладне у 12.  Дехидридан, испотен со марамче на грбот под маица. Прозор отварање само на лептири напред, зашто ќе дува позади, децата испотени.

Првите три дена на одмор се аклиматизираш, пробуваш да се средиш од патот.

Не дај боже, со фичо да идеш до Макарска или Башка вода.

Аџилак.


Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
Одг: CARclub Тест: Toyota Aygo X-Cite
« Одговори #19 на: 14 Ноември 2018, 03:35:59 am »
Не ми беше намерата да навлегувам во дискусија колку багаж собира. Секако дека можеш и ајгото да го товариш и да идеш на одмор, ама правиш компромис, трпиш да ти е тесно.
Како и да е, сакав да кажам, кога купуваме коли сакаме да ни биде возило за сѐ. Оти само тоа ќе ни е во наредните 10тина години..
А да не навлегувам во нашиот менталитет, и зошто некој сака да вози стар половњак ама да пише бмв на него

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Toyota Aygo X-Cite
« Одговори #20 на: 14 Ноември 2018, 08:58:47 am »
Низ град ако се вози нормално и внимателно е стварно економично, да му го дадам на @Tischläufer сигурно ќе извади одлични бројки.

Лајк!
Од дамна не сум земал онака некое мало бензинче, да го пробам како е со потрошувачка низ град. На Николче му го земав хибридниот Аурис еднаш, извадив 4.7 литри бензин низ град. Чекам Јарис хибрид да видам колку ќе му извадам. Бонбони се Тојоткиве.
Ептен е добро. Комплетно е ревидирано моторчето, со балансер, со проширени издувни канали, променети всисни канали за подобро мешање, подобрено ладење, поткрената компресија, намалено триење на ланчето и уште многу ситни работи. Во комбинација со лесно тело е многу интересно. Забележано е видно намалување во потрошувачката и на тестови и во реални услови. Ако имаш можност, дефинитивно да го пробаш колку мирно работи во лер и како оди потрошњата. :)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: CARclub Тест: Toyota Aygo X-Cite
« Одговори #21 на: 14 Ноември 2018, 09:31:43 am »
Не ми беше намерата да навлегувам во дискусија колку багаж собира. Секако дека можеш и ајгото да го товариш и да идеш на одмор, ама правиш компромис, трпиш да ти е тесно.
Како и да е, сакав да кажам, кога купуваме коли сакаме да ни биде возило за сѐ. Оти само тоа ќе ни е во наредните 10тина години..
А да не навлегувам во нашиот менталитет, и зошто некој сака да вози стар половњак ама да пише бмв на него

Одлуката е многу едноставна.

Купуваш јарис кој ќе го возиш 95% низ град и 5% до езеро, море, планина,

или

Купуваш БМВ на старо кое ќе го возиш 95% нуа град у 5 % до езеро, море, планина.


Со јарисот ќе идеш низ град полесно и ќе ти биде поефтино за возење и одржување, и 5% од времето ќе ти биде тесно заради куферите што нема каде да ги ставиш.

Со БМВ-то ќе ти биде покомотно, потромаво низ град и ќе биде поскап за одржување, и 95% од времето ќе возиш вишок слободен простор низ Град за да имаш место за куфери кога ќе треба да идеш некаде.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1765
Одг: CARclub Тест: Toyota Aygo X-Cite
« Одговори #22 на: 14 Ноември 2018, 10:31:44 am »
@eko13 @AngelSK Заради тоа што сме заборавиле колку се практични вакви мали градски количиња.

Не сум против малите коли, ама не ми е оправдана сумата од 10к за кола што се гледа од сликиве дека има прилично лоши пластики, 70 коња, и минимум опрема.

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1353
Одг: CARclub Тест: Toyota Aygo X-Cite
« Одговори #23 на: 14 Ноември 2018, 13:54:06 pm »
Само не морало и внатре розево да го направат, a цената доста е крената за таа класа на возила, пред 10 години дури пунто ново имаше за 8000 евра.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: CARclub Тест: Toyota Aygo X-Cite
« Одговори #24 на: 14 Ноември 2018, 14:12:13 pm »
Зеро, ова треба пред секој нов тест да стои колку да не се тупи за цените на секој трет пост.

Цитат
According to the European Central Bank consumer price index, prices in 2018 are 12.90% higher than prices in 2008. The euro experienced an average inflation rate of 1.22% per year during this period.

In other words, €100 in 2008 is equivalent in purchasing power to €112.90 in 2018, a difference of €12.90 over 10 years.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Toyota Aygo X-Cite
« Одговори #25 на: 14 Ноември 2018, 14:20:55 pm »
Само не морало и внатре розево да го направат, a цената доста е крената за таа класа на возила, пред 10 години дури пунто ново имаше за 8000 евра.
Во случајов се работи за каталошка цена 9990, која ја споредуваме со Акциска на Јарисот 9990. Секако дека првата е подложна на корекција, за разлика од акциските цени кои се најечсто патос.

Да, се сложувам дека пред некое време Ајгото се нудеше за 8990 каталошка со COOL ниво на опрема во 2007ма, но сегашниов кој е 9990 е многу посличен со опрема со тогашната TERRA опрема, која нудеше 4 воздушни (ова има плус завеси), Далечинска брава, електрика напред, а таа била 9700 евра каталошка. А згора на тоа ова сега има плус електроники, исофикс, воздушни завеси, каде-каде подобри седишта, ЛЕД дрл, проектор фарови, лед штопови, УСБ итн.

Еве го ценовникот од 2007ма.

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: CARclub Тест: Toyota Aygo X-Cite
« Одговори #26 на: 14 Ноември 2018, 14:23:13 pm »
Супер кола за низ град. Интересна боја, баремм  да беше 1500-2000е поефтина.
Со оваа цена е многу блиску до Јарисот..

едит: во исто време постиравме со Дени :)

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Тест: Toyota Aygo X-Cite
« Одговори #27 на: 14 Ноември 2018, 14:32:15 pm »
Зеро, ова треба пред секој нов тест да стои колку да не се тупи за цените на секој трет пост.

Цитат
According to the European Central Bank consumer price index, prices in 2018 are 12.90% higher than prices in 2008. The euro experienced an average inflation rate of 1.22% per year during this period.

In other words, €100 in 2008 is equivalent in purchasing power to €112.90 in 2018, a difference of €12.90 over 10 years.

Ехее, кај си отишол ти напред не ми е јасно! Ние еврото си го есапиме од 2001 како што си беше...

"Euro Inflation Rate, €100 in 2001 to 2017. According to the European Central Bank consumer price index, prices in 2017 are 30.89% higher than prices in 2001. The euro experienced an average inflation rate of 1.70% per year during this period."

Со други зборови, ова геј точаков би чинел 7.000 евра во 2001, али сетете се во 2001 за 7.000 евра што можеше да се купи? Пунто 55 со прозори на ручка десен ретровизор како доплата и браници у црна пластика.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
Одг: CARclub Тест: Toyota Aygo X-Cite
« Одговори #28 на: 14 Ноември 2018, 16:15:57 pm »
Не ми беше намерата да навлегувам во дискусија колку багаж собира. Секако дека можеш и ајгото да го товариш и да идеш на одмор, ама правиш компромис, трпиш да ти е тесно.
Како и да е, сакав да кажам, кога купуваме коли сакаме да ни биде возило за сѐ. Оти само тоа ќе ни е во наредните 10тина години..
А да не навлегувам во нашиот менталитет, и зошто некој сака да вози стар половњак ама да пише бмв на него

Одлуката е многу едноставна.

Купуваш јарис кој ќе го возиш 95% низ град и 5% до езеро, море, планина,

или

Купуваш БМВ на старо кое ќе го возиш 95% нуа град у 5 % до езеро, море, планина.


Со јарисот ќе идеш низ град полесно и ќе ти биде поефтино за возење и одржување, и 5% од времето ќе ти биде тесно заради куферите што нема каде да ги ставиш.

Со БМВ-то ќе ти биде покомотно, потромаво низ град и ќе биде поскап за одржување, и 95% од времето ќе возиш вишок слободен простор низ Град за да имаш место за куфери кога ќе треба да идеш некаде.

Важи за тебе, ако ти возеш 95% од времето во град.
Не си во право ако претпоставуваш дека 95% од народот не излегува од својата општина и дека не се виделе море. Од каде знаеш тој со бмв-то дали и колку вози на отворено?  Како ги пресмета тие 5%?
Неможе да трвдиш дека сите се неизживеани и не се виделе автопат.

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 406
Одг: CARclub Тест: Toyota Aygo X-Cite
« Одговори #29 на: 14 Ноември 2018, 16:18:23 pm »
Епа тогаш значи не е проблем што Aygo ја има оваа цена, проблем е што Yaris, Fiesta, 208, C3 и сличните се екстремно блиску со цената, што го прави Aygo-то "obsolete"