Еве јас одма да те побијам бидејќи не е секогаш ама баш секогаш така, некогаш и те како може да се споредува. Во ред, со премиум гуми зимски немам некое искуство, ама еве ќе дадам пример, возев летни Бриџстон, имам спомнувано неколку пати, бриџстонот ми се чини дека ги рачунаат како премиум не е битно ама се поефтини од мишелинките, сега возам Мишелин пс3, Кој и да го прашаш ќе ти рече Мишелин мора да се подобри, ама Бриџстонот држеа многу подобро, значи многу крута али страшна гума, шина ја осеќаш под тебе, а се поефтини од мишелинките

Зборам за исто возило, иста димензија. И тоа да напонемам, дека тој модел јас го немам сретнато во продажба, Туранза ЕР 30 беа, имам сретнато само ЕР 300. Така да не мора секогаш да значи дека она рекламираното, поскапото ќе биде секогаш подобро и не треба секогаш да се размислува така, дека безбедноста си кошта и тоа е тоа ќе фрлиме 100 евра плус

Прашај по луѓе информирај се малку па после донеси одлука. Нема везе, отидовме во друга насока, Ханкок-от што ги предложив си се врв гуми за парите, потпис и печат ставам.