Ама јас не реков дека стриктно за возење по мраз е подобро потенка гума. Реков дека зимска гума е подобро да е потенка. А зимска гума не се вози само по мраз, туку и по снег, по вода, по шљакатарник, по се и сешто.
Типични зимски услови се коловоз покриен со слој од се и сешто. Потенката гума ни треба за полесно да се растрга тоа се и сештото. Од истите причини поради кои потенка гума е поотпорна на аквапланинг.
А ако возиме по лизгалиште за уметничко лизгање (чист мраз, ништо одозгора) тогаш навистина е сеедно колку е широка гумата. Не е ниту подобро ниту полошо да е широка-тенка. Ама такви сценарија се ретки.
ОТКАКО ќе се оствари контактот со тоа одоздола, стои ова што го велиш. Но ЗА ДА се оствари тој контакт in the first place - подобро е потенка: потенката гума полесно го растргнува мекото и подлабоко се збрцува за да дојде во контакт со нешто за што ќе може да има колку толку грип.