1. (скоро) секоја нова гума е добра.
2. кога се споредуваат гуми како држеле не е доволно да се иста димензија на иста кола и возени на ист пат. Подлогата, т.е. асфалтот и неговата моментална состојба е подеднакво важна (ако не и поважна!) за грипот како и гумата. Па така, ако состојбата на подлогата кога се „тестира“ полошата гума е подобра, лесно може да ти се чини дека полошата гума држи подобро. Сигурен сум дека некој „Тигар“ на чист и добар асфалт ќе држи подобро отколку некој „Континентал“ на истиот тој асфалт ама мааалку попрљав или подзамачкан. Затоа, внимателно со споредбите која била која од боља. Да беше така едноставно да се оцени, немаше инженерите да се мачат и да смислуваат разни сложени техники на тестирање.
3. Цената на гумата не е одрена само од тоа колку грип нуди. Покрај марката и грипот, ги плаќаш и удобноста, трајноста, латерал ова, аквапланинг она, дрн, дрн.
4. Ако некоја гума доаѓа фабрички со некој спортски модел, тоа е само гаранција дека е добра, но не и гаранција дека е најдобра.
5. За жал, поскапа гума не значи баш секогаш и подобра гума. Најчесто - да - но не и апсолутно секогаш. Купувањето на поскапата гума гледајте го како safe bet, не како гаранција со тапија.