Филип, исти ѓавол им е на Авон или Конти дали ќе кажат пошироки поарно или потесни поарно, ако гледаме финансиски аспект. Они не викаат 245/35/17 е поарно за снег од 225/45/17. Они глобално викаат дека поширока гума е поарно, ти ако сакаш стави 245/45/16 наместо 225/45/17, кои можеби се и поефтини, ама се пошироки. Ефектот на прикаската е исти. Не ти држи теоријата.
Дискутабилно, бидејќи не сите купуваат и нови бандажи заедно со зимските гуми, а за ист бандаж поширока гума е поскапа.
Сепак, благодарение на твоето укажување, подготвен сум да прифатам дека мојот аргумент има суштински дефект. Затоа, веднаш ќе ја напуштам тезата за заговор и повеќе нема да ја користам.
Наместо тоа, ќе пробам на друг начин:
1.а. Доколку навистина поширока гума беше поарна за зимска, тоа ќе го пишуваше на
повеќе места*, независни едно од друго.
1.б. Доколку не е точно дека потесна гума е поарна за зимска, тоа
немаше да го пишува на повеќе места, независни едно од друго.
2.а. Доколку на една иста кола поширока гума значи поголема контактна површина, тоа ќе го пишуваше на
повеќе места, независни едно од друго.
2.б. Доколку не е точно дека контактната површина е независна од ширината на гумата, тоа
немаше да го пишува на повеќе места, независни едно од друго.
Сега? како ти се чини?
---
*) „место“ = кредибилен извор