Автор Тема: Зимски гуми  (Прочитано 1365484 пати)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14390
  • Пудингот на шоферството
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4485 на: 29 Декември 2014, 23:11:40 pm »
Bas me interesira na koe dugme se isklucuva abs.Do sega ne sum sretnal takvo ili e bas cista slucajnost.
Ретки се возилата на кои има дугме за исклучување.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен aleksandarbt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 804
  • Opel zafira 2.0 125 kw
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4486 на: 29 Декември 2014, 23:12:23 pm »
Eve pogore ispoisklucija se ama bas se cudam kako

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34157
  • Таков е животот... јебига
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4487 на: 29 Декември 2014, 23:23:05 pm »
Не треба да се исклучува ABS-от, треба само да се „навежба“ моментот до уклучување на ABS. Вчера и денес си играв со „до ABS“ моментот, ако научиш да контролираш, многу поефикасно е кочењето.

Денес и јас си играв со АБС-от на Твингото. Забележав дека на брзини над 20км/ч АБС-от работи. Под 20 км/ч АБС не работи и тркалата блокираат.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43931
  • Il Moderatore
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4488 на: 29 Декември 2014, 23:31:06 pm »
Прилично висока гранична брзина.. обично е некаде 5-10км/ч границата...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20700
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4489 на: 29 Декември 2014, 23:33:27 pm »
Bas me interesira na koe dugme se isklucuva abs.Do sega ne sum sretnal takvo ili e bas cista slucajnost.

Да извадиш осигурач, не со дугме.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34157
  • Таков е животот... јебига
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4490 на: 29 Декември 2014, 23:51:25 pm »
Прилично висока гранична брзина.. обично е некаде 5-10км/ч границата...

Од прилика. Кога ќе прикочиш брзо успорува па може да е и 15км/ч границата. Од прилика толку.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4491 на: 30 Декември 2014, 00:26:53 am »
Вака човек кога чита ќе помисли дека секоја зимска гума е одлична, пошто гледам наназад сите ги испофаливте гумите што ги возите. Дали е она македонското, моето е најдобро, или стварно секоја зимска гума е добра?
Испаѓа дека нема потреба од скапи гуми, купи си ментор и накриви си ја капата :)

За што македонско зборуваш?

Изнесуваме сопствени искуства. Ниту нешто фалиме, ниту имаме скриени агенди. Немој да бидеш типичен македонец.

Не ваѓај реченици од контекст. Генерално сакав да кажам, по она што го читам дека сите се задоволни од брендот на зимски гуми што го возат. Дали е тоа така само за да го оправдаат нивниот избор или навистина е така, не знам, затоа и пишав. Генерален беше заклучокот дека секоја зимска гума си е добра за крај нели ;)

Иначе јас можам да кажам дека сум разочаран од BF GOODRICH на службената кола, за разлика од SAVA ESKIMO S+, иста димензија се гумите а разликата е голема.

друже,,, морам да ти одговорам... иако овдека генерално членовите на овој форум се заљубени во своите возила (фигуративно кажано) сепак некои 10-15% од нив се многу искусни по одредени прашања, а воедно и несебично ги делат искуствата и советите.  па така по прашање на зимски гуми ако убаво си ја прочитал целава тема ке сватиш неколку работи кои се објаснети:

-било која зимска гума е подобра од летна, за на снег и мраз
-секоја зимска гума од ист бренд не дава исти квалитетни резултати на иста димензија. на пример тигар гумата со димензија 15 и 16  е ненадмашна во својата класа за тие димензии.. меѓутоа на 13, 14 и поголемите е реалтивно послаба... тоа се должи на типот на шарата и нејзината нагазна површина. јас конкретно возам тигар на предни тркала и семперит на задни. лани имав семперит комплет сите 4 и констатирав дека семпаеритот за моето возило не се баш нај нај за на погонски тркала, меѓутоа за правец држење со повеке од одлични. претходната година пак имав на фулда комплет, преттоа мишелин. од моето искуство мишелиниот и тигарот се врвот што може да се добие од стабилност и тркација на снег за ова возило. на водно вчера двапати се симнав и качив и ладно си застанував и чекав другите да се одглават за да продолжам нагоре, без притоа да имам никакви потешкотии во тргањето...

поентата ми е дека, за секоја кола, со својата тежина има и соодветна гума со шара за да добие убава тркација (т.е. лепење на нагазната површина).. кога ова што го кажав, ке го споиш со погоре објаснетото дека многу луге прашуваат и добиваат коректни одговори по ова прашање на овој форум, ке дојдеш до заклучок дека многу членови се задоволни од брендот што го возат затоа што направиле вистински избор за нивното возило... затоа и има задоволни луѓе. јас на годишно ниво менувам по 8 комплети гуми, па од искуство можам да кажам.. сум пробал се и сешто.. а такви како мене ги има многу. тоа е тоа.. затоа сите се фалат од својот избор тука. никој не си го фали коњот затоа што е негов, нити пак си го правда личниот избор, поготово што на ПОВЕЌЕТО при изборот тука им било помогнато од членови кои имаат искуство по тоа прашање.. на пример имаме членови кои со службени возила (претежно автомобили) проаѓаат по 200-300 па и повеќе километри дневно и во град и на отворена релација.. може не се авто експерти, ама затоа за гуми, потрошувачка, брисачи, средства за стакла, греење, навлаки, хемикалии, масла и некои такви детали кои само со искуство се дознаваат, ги прават експерти во тоа поле, иако тоа не им е професија.

ако ме разбра арно, ако не, јбг, толку можам да ти појаснам...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7080
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4492 на: 30 Декември 2014, 09:06:49 am »
Добро склопено, само да надополнам ...

Кога се гледаат тестовите за зимски гуми, ако една гума е најдобра на 195/65-15 не значи дека е најдобра на 225/45-17. Самите тие си пишуваат дека тестот е валиден само во димензија еден број плус или минус.

Пример за 195/65-15, важи и за 185/65-15 како и за 205/60-15.

Отсутен Ford Fikus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 421
  • Ford Focus 1.4 mk2.5
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4493 на: 30 Декември 2014, 09:51:16 am »
Вака човек кога чита ќе помисли дека секоја зимска гума е одлична, пошто гледам наназад сите ги испофаливте гумите што ги возите. Дали е она македонското, моето е најдобро, или стварно секоја зимска гума е добра?
Испаѓа дека нема потреба од скапи гуми, купи си ментор и накриви си ја капата :)

За што македонско зборуваш?

Изнесуваме сопствени искуства. Ниту нешто фалиме, ниту имаме скриени агенди. Немој да бидеш типичен македонец.

Не ваѓај реченици од контекст. Генерално сакав да кажам, по она што го читам дека сите се задоволни од брендот на зимски гуми што го возат. Дали е тоа така само за да го оправдаат нивниот избор или навистина е така, не знам, затоа и пишав. Генерален беше заклучокот дека секоја зимска гума си е добра за крај нели ;)

Иначе јас можам да кажам дека сум разочаран од BF GOODRICH на службената кола, за разлика од SAVA ESKIMO S+, иста димензија се гумите а разликата е голема.

друже,,, морам да ти одговорам... иако овдека генерално членовите на овој форум се заљубени во своите возила (фигуративно кажано) сепак некои 10-15% од нив се многу искусни по одредени прашања, а воедно и несебично ги делат искуствата и советите.  па така по прашање на зимски гуми ако убаво си ја прочитал целава тема ке сватиш неколку работи кои се објаснети:

-било која зимска гума е подобра од летна, за на снег и мраз
-секоја зимска гума од ист бренд не дава исти квалитетни резултати на иста димензија. на пример тигар гумата со димензија 15 и 16  е ненадмашна во својата класа за тие димензии.. меѓутоа на 13, 14 и поголемите е реалтивно послаба... тоа се должи на типот на шарата и нејзината нагазна површина. јас конкретно возам тигар на предни тркала и семперит на задни. лани имав семперит комплет сите 4 и констатирав дека семпаеритот за моето возило не се баш нај нај за на погонски тркала, меѓутоа за правец држење со повеке од одлични. претходната година пак имав на фулда комплет, преттоа мишелин. од моето искуство мишелиниот и тигарот се врвот што може да се добие од стабилност и тркација на снег за ова возило. на водно вчера двапати се симнав и качив и ладно си застанував и чекав другите да се одглават за да продолжам нагоре, без притоа да имам никакви потешкотии во тргањето...

поентата ми е дека, за секоја кола, со својата тежина има и соодветна гума со шара за да добие убава тркација (т.е. лепење на нагазната површина).. кога ова што го кажав, ке го споиш со погоре објаснетото дека многу луге прашуваат и добиваат коректни одговори по ова прашање на овој форум, ке дојдеш до заклучок дека многу членови се задоволни од брендот што го возат затоа што направиле вистински избор за нивното возило... затоа и има задоволни луѓе. јас на годишно ниво менувам по 8 комплети гуми, па од искуство можам да кажам.. сум пробал се и сешто.. а такви како мене ги има многу. тоа е тоа.. затоа сите се фалат од својот избор тука. никој не си го фали коњот затоа што е негов, нити пак си го правда личниот избор, поготово што на ПОВЕЌЕТО при изборот тука им било помогнато од членови кои имаат искуство по тоа прашање.. на пример имаме членови кои со службени возила (претежно автомобили) проаѓаат по 200-300 па и повеќе километри дневно и во град и на отворена релација.. може не се авто експерти, ама затоа за гуми, потрошувачка, брисачи, средства за стакла, греење, навлаки, хемикалии, масла и некои такви детали кои само со искуство се дознаваат, ги прават експерти во тоа поле, иако тоа не им е професија.

ако ме разбра арно, ако не, јбг, толку можам да ти појаснам...

Друже онак.
Хвала пуно за исцрпниот одговор :) Ама не си требал да арчиш толку време и да пишуваш реферати. Коментарот мој беше појше на мајтап даден, отколку си некаква критика за некого. Доколку така било сватено се извинувам.
И јас сум добил многу корисни информации од членови на форумов тука.
Во контекст на споделувањето искуство, споделив што мислам за двата сета на зимски гуми кои имам прилика да ги возам.
Дали има некој друг со bf goodrich тука да ме потврди или демантира?
Поздрав.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4494 на: 30 Декември 2014, 12:12:45 pm »
-било која зимска гума е подобра од летна, за на снег и мраз

Било која зимска гума е подобра од летна за каква било подлога чим температурата е ниска, не само за снег и мраз. И на сув и чист автопат - доколку е ладно - зимската гума е подобра од летната. Зимска гума се вика затоа што се става во зима. Не се вика ни снежна ни мразна гума. Еден од најраширените митови за зимските гуми е дека се потребни за снег и мраз. Не. Потребни се кога е времето ладно, без оглед дали има снег или мраз.

Така да, во горниот цитат треба само делот „на снег и мраз“ да се замени со „во зима“ и се ќе биде во ред.

Другото што го пиша така е и го потпишувам: си има кој модел у која димензија го бива а у која не. Еден ист модел на гума може во една димензија да е топ а во друга срање.

Отсутен otrakan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 281
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4495 на: 30 Декември 2014, 14:38:35 pm »
Да кажам едно искуство,имам летни викинг нови гуми на бмв-во напред 225/45/17 назад 245/40/17 на 30 см снег не можам да тргнам од место,незнам дали е до ширина на гумите или друго а на мраз и на 10тина см снег нема мака не лизга не занесува си тргнува нормално покрај што се работи за заден погон
;)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4496 на: 30 Декември 2014, 14:42:04 pm »
Летни и згора на тоа широки гуми е најлошата можна комбинација за во зима. Со тие гуми ти е најпаметно да не палиш воопшто кола. Во зима тоа се повеќе уреди за лизгање отколку за тракција.

Отсутен otrakan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 281
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4497 на: 30 Декември 2014, 14:51:59 pm »
Избегавам да возам барем колку што можам али за низ град со исчистени улици не се лоши
;)

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9107
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4498 на: 30 Декември 2014, 15:30:24 pm »
Летни и згора на тоа широки гуми е најлошата можна комбинација за во зима. Со тие гуми ти е најпаметно да не палиш воопшто кола. Во зима тоа се повеќе уреди за лизгање отколку за тракција.

дополнително BMW заден погон, затоа и неможеш да мрднеш од место. незнам како воопшто возиш кола со заден погон без зимски гуми колку и да е чистено по улици, многу малце мраз или снег може голема беља да ти направи

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5076
  • The Spartan General
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4499 на: 30 Декември 2014, 15:33:21 pm »

дополнително BMW заден погон, затоа и неможеш да мрднеш од место. незнам како воопшто возиш кола со заден погон без зимски гуми колку и да е чистено по улици, многу малце мраз или снег може голема беља да ти направи

Јас никогаш не сум имал проблем со зимски гуми и заден погон со моите 2 бмв-а.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.