Филип, не си сосем во право.
Битно е која гума каде е произведена и во која фабрика бидејќи има разлики. Ти на ADAC гледаш како Мишелин е меѓу најдобрите гуми, но тоа се однесува само на мишелин произведени во Франција или англија. Шпанските и Полските мишпелин за ништо не ги бива. Знам па ти кажувам. Моите мишелинки две се од англија, две се од полска. Ела дојди да ти ги покажам разликите. Освен 4-тата и 5-тата точка, аргументите ти се невалидни.
Мене при купување на гуми од кога ќе изберам марка и модел, не ми е битно каде се произведени, туку ми е битно кога се произведени. Не дека година или две стари се проблем, ама јас сепак купувам што е можно потазе од причина што не знам како се чувани тие година или две (можда се чувани во излог на сонце и слично).
На HR-V -то имав Michelin Energy Saver , и не бев импресиониран кој знае колку, па минатата година за CR-V то земав Continental WinterCrossContact 225/65/17 а се мислев и за Michelin Alpin A4. На крај пресуди која гума е потазе, и ги земав Conti -to.
Оваа година за Citroen C3 -та отидов да купам Continental TS850, меѓутоа Michelin Alpin A4 беа потазе, и ги земав нив (185/65/15) (плус добив и цена поевтино него Conti -to). Made in Germany се (иако воопшто не ми е битно , видов од после), ама се произведени 27 недела 2013 година (1 е 2 недели постара, ми промакна ама нема врска.. Не ми пречи).
Повеќе ми пречеше што едната страна ја работеше еден мајстор, другата друг па на едната страна гумите беа напумпани 2.5 со 2.3 , а другата 2.1 со 2.0. Приметив дека нешто не е како треба па одма отидов да проверам, и корегирав на правиот притисок

Од гумиве сум презадоволен како вози Цитроенчето. Дури и на повисоки температури (ги возев 10 дена на 15-16 степени дури беше), подобро држеа, кочеа и слично од летните Bridgestone (фабрички со колата), кои имаат 22000км поминати.
Со Bridgestone -от ми занесуваше задниот дел кога ќе удрев на дупка во кривина, и целата кола повеќе се љуљаше, додека Mishelin -ов се далеку по стабилни, посмирени и поцврсто е возењето (по предвидено дефинитивно).
Така да и таа граница од 7 степени, и не е до толку цврсто дефинирана, колку што веројатно се рекламира. Веројатно е тоа некаков општ просек, ама не и апсолутно секогаш така.
Да не се разбереме погрешно, дефинитивно не би ги возел зимските на температури над 15-16 степени на подолг рок и би бил посреќен да ги возам на пониски температури, ама не би се замарал толку да е баш 7. Оваа година и покрај високите температури ги променив на едната кола на 07.11, на другата на 13.11 (и се спасив од страшни гужви наредните денови кога залади).
Поздрав
Дарко