Автор Тема: Зимски гуми  (Прочитано 1731590 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #3345 на: 27 Ноември 2013, 14:46:43 pm »
дали се исто стари? дали се исто пумпани? дали се исто возени? дали се исто одржувани? дали се исто x, y, z..................................................?

Но - не. Многу мислење е тоа. Многу комплицирано е. Дај боље ќе ги изстереотипизираме на арбитрарна основа (земја на производство) и се е поедноставно за сфаќање. Кој ќе мозга сеа....

Отсутен Lubenicata

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 716
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #3346 на: 27 Ноември 2013, 14:52:10 pm »
Некој неписмен (според мене) вулканизер на пријател му кажал дека грешка се правело на кола со предна вуча преоритет и подобро било позади да се стават две зимски или пак тие две што се подобри позади да се ставам демек тоа било грешка што сите ја прават...мислење...?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45082
  • Il Moderatore
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #3347 на: 27 Ноември 2013, 14:53:58 pm »
Јас имав Континентал Спорт Контакт 3-ки (претходните) кои имаа такви видливи озонски пукнатини на нагазната површина, а беа произведени 2009-година. Интересно беше што вулканизери кога ги менуваа мислеа дека се многу стари гуми - а уствари беа не повеќе од 4-5 години. Мејд ин Џермани си беа :) И немаа никаков проблем со карактеристиките при возење.

Некој неписмен (според мене) вулканизер на пријател му кажал дека грешка се правело на кола со предна вуча преоритет и подобро било позади да се стават две зимски или пак тие две што се подобри позади да се ставам демек тоа било грешка што сите ја прават...мислење...?

Вулканизерот треба да го частите пиво во најмала рака. Ви дал совет, кој ретко ќе го чуеш кај нас, а е во потполност точен.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34505
  • Таков е животот... јебига
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #3348 на: 27 Ноември 2013, 14:56:47 pm »
исто се стари, на иста кола се возени, исто се пумпани (обавезно по пропис), ниту една не е оштетена, иста димензија, ист режим на возење. И едните и другите се прскани со спреј за гуми (3-4 пати вкупно, претежно на крај на сезона), соодветно се ротирани. Од ист добавувач се купени, со иста пратка (чекав да стигнат). Не сум сигурен дали се иста недела произведени, не сум забележал, но секако се 2010-та година сите 4.

Исто се излижани (максимум 2мм) но полските се испукани а енглеските не се. Денес ги сменив и денес ги гледав.

Од друга страна, Фулда произведени во Полска, сите 4 гуми се идентични на изглед, исто се стари како мишелинот, произведени 2010-та. Ниту една не е испукана а се исто третирани како мипелинот, со истото средство за гуми, исто пумпани, исто возени (само зимно време).

Филип, за да стереотипизираме треба информациите да се фискирани и точни па да речеме Мишелин од Полска не чинат а тие од англија чинат. Но не располагаме со доволно статистички податоци за да заклучиме. Затоа немој да кенкаш одма, полесно било да стереотипизираме. Ни тоа не е лесно денес. Полесно е да речеме дека Мишелин генерално чини или не чини отколку да стереотипизираме дека мишелин од полска нечини а од англија чини.

Некој неписмен (според мене) вулканизер на пријател му кажал дека грешка се правело на кола со предна вуча преоритет и подобро било позади да се стават две зимски или пак тие две што се подобри позади да се ставам демек тоа било грешка што сите ја прават...мислење...?

Сосем точен. Вулканизерот дал пријателски совет а не комерцијален. Такви луѓе што повеќе ги има толку подобро за секој поединец. Тој вулканизер и тоа како е писмен, сега да одите и да му се извините на човекот.

Отсутен Lubenicata

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 716
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #3349 на: 27 Ноември 2013, 14:59:02 pm »


Вулканизерот треба да го частите пиво во најмала рака. Ви дал совет, кој ретко ќе го чуеш кај нас, а е во потполност точен.
За предна вуча позади битно е....why? :o

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #3350 на: 27 Ноември 2013, 15:04:14 pm »
Некој неписмен (според мене) вулканизер на пријател му кажал дека грешка се правело на кола со предна вуча преоритет и подобро било позади да се стават две зимски или пак тие две што се подобри позади да се ставам демек тоа било грешка што сите ја прават...мислење...?

http://forum.carclub.mk/index.php/topic,529.msg557957.html#msg557957

не е битно дали е предна или задна вуча, гумите кои имаат подобар грип треба секогаш позади.

на „неписмениот“ вулканизер да му се поклоните, нежно да му ја баците десната рака и заедно со двете увозни пива да му доставите и 10 кебапчиња + нафора + шопска.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34505
  • Таков е животот... јебига
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #3351 на: 27 Ноември 2013, 15:07:43 pm »
Имаме дискутирано на таа тема бајаги.

Накратко: ако зимските гуми се напред (бвез разлика дали е предна или задна влеча) тоа значи дека предницата ќе има подобар контакт со подлогата. Во такви услови на лизгав пат предницата сосем прецизно се однесува, држи правец а задницата треба да ја следи предницата. Ами како задницата со летни гуми ќе ја следи предницата со зимски гуми на лизгава подлога? Нема смисла нели? Во тој случај колата ќе оди многу почесто и поизразено во oversteer.

Понатаму при кочење, ако задните гуми лизгаат и не кочат, кинетичката енергија од задницата ќе се пренесува на предницата. Ами зимските гукми се дизајнирани да се справат со кинетилката енергија на предницата а не на предницата и задницата збирно. Така да ефикасноста на предните гуми кои се зимски драстично ќе се намали ако задните не кочат и ги оптеретуваат предните дополнително.

Сега појасно ли е?

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #3352 на: 27 Ноември 2013, 15:12:04 pm »
Кога напред се зимски а позади летни, може да се случи ова. И, пази, ова е на прав пат. Што праиме во долги благи кривини кога треба со пипкање на кочницата да правиш ситни корекции на брзината? Пируети...


Aко се обратно (ко што треба) до ваква ситуација нема воопшто да дојде: ќе се вози по полека, возачот преку воланот има добра претстава за количеството грип, и сите среќни нешто подоцна ќе стигнат на дестинацијата.

На кој уште не му е јасно:


„the driver would've feel it through the steering wheel..."

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34505
  • Таков е животот... јебига
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #3353 на: 27 Ноември 2013, 15:17:57 pm »
Сосем точно.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30713
    • CARclub.mk
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #3354 на: 27 Ноември 2013, 15:21:57 pm »
I'm with filipv on this one. На своја рака неколку пати го имам осетено ефектот на гуми со помала тракција на задна осовина (и на суво и на влажно/замрзнато) и дефинитивно би се чувстувал побезбеден со гумите со подобра тракција на предните тркала.

Меѓутоа пошто традиционално македонското искуство се игнорира, еве конкретен тест.


Конкретно, во Шведска е забрането да се вози само со две зимски гуми.

А да, и кај нас исто.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34505
  • Таков е животот... јебига
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #3355 на: 27 Ноември 2013, 15:24:51 pm »
Кај нас мислам дека бараат само на погонските тркала или грешам? Масовно гледам коли со зимски гуми само на погонските тркала.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #3356 на: 27 Ноември 2013, 15:33:54 pm »
уште една во низата идиотштини

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #3357 на: 27 Ноември 2013, 15:37:12 pm »
Со две зимски напред е подобро од тоа да си со четири летни. Најдобро е со сите четири зимски несомнено али боље нешто него ништо викаат луѓето кој немаат пари дакупат четири.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #3358 на: 27 Ноември 2013, 15:38:01 pm »
Со две зимски напред е подобро од тоа да си со четири летни.

Не е. Од безбедносни причини.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #3359 на: 27 Ноември 2013, 15:38:19 pm »
Кола со предна влеча нека проба да закочи нагло на снег/ мраз со летни напред зимски назад комбинација. Баш ме занима каде би се нашла после операцијата.

Имам еднаш загубено тракција првата зима со мондеото на мраз. Задниот дел кој беше ионака лесен беше со летни гуми, напред зимски. Брза контра на воланот ме врати назад. Слично и/исто се случуваше и наредната зима со 4 зимски гуми. На суво држеше како по шини ама на снег/мраз мондеото леташе задниот дел. Потешко губеше тракција назад со зимски секако, ама сепак лесниот заден дел си го правеше своето.