Треба да купам зимски гуми и ми требаат препораки. 225/40/18 димензија.
Пред 4 години за зимска се одлучив за Bridgestone Blizzak lm005, супер се однесува на влажно време и на снег... ама место 18", за истите пари земав 16" + нови алуминиумски фелни MAK.
Како управуваат/кочат на суво? На тестов доста лошо се покажале.
Кај мене во сите услови се одлични, само не се нај-нај на снег.
Не знам дали имаме исти димензии, ама сепак - различно возило е.
На мраз, од друга страна, еднаш имам толку застрането на една глупа кривина во Маврово без последици
што не знам дали јас сум толку добар возач или гумите ме спасија.
Зборувам за маневар од три пати мотање цел круг на волан лево и десно...
Излегов на правото на крај.