Автор Тема: Зимски гуми  (Прочитано 1296749 пати)

Отсутен andov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 55
Одг: Зимски гуми
« Одговори #9375 на: 05 Април 2024, 14:49:42 pm »
@changetheoil savethecar касно го видов одговорот.
Goodyear UltraGrip 9+
Goodyear UltraGrip Performance 3
Continental WinterContact TS870
Michelin Alpin 6
Hankook Winter I*Cept RS3

Овие ги заземаат (ако не сум грешка) првите 5 места на тестови. Не дека одам којзнае во каков снег или имам којзнае колку јака кола, сигурноста ми е битна. Ако може да се заштеди и да се одбере една од подобрите опции уште подобро.

Ќе има сега попусти, па да ги купам и да ги складирам.
Примамлива е цената на Ханкукот, дали можеби придонесува до пониска потрошувачка и бучава на пример од Петлас зимска?
Близак лм005 ја има за наш пазар?

Sent from my Mi 9T Pro using Tapatalk


Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5657
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Зимски гуми
« Одговори #9376 на: 05 Април 2024, 14:53:25 pm »
Тешко се најдува, но гледам ја има на crnigumi.mk, но имам лошо искуство со "нарачка" на 19ки гуми кои ги немаше никаде во Македонија и по 1 недела ми одговорија дека само така им стои на сајтот, а во магацин ја нема таа гума.

Отсутен andov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 55
Одг: Зимски гуми
« Одговори #9377 на: 05 Април 2024, 15:38:44 pm »
Тешко се најдува, но гледам ја има на crnigumi.mk, но имам лошо искуство со "нарачка" на 19ки гуми кои ги немаше никаде во Македонија и по 1 недела ми одговорија дека само така им стои на сајтот, а во магацин ја нема таа гума.
Ах да, најчесто има проблеми со нестандардни димензии, особено со ваков тип на сајтови

Sent from my Mi 9T Pro using Tapatalk


Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 495
Одг: Зимски гуми
« Одговори #9378 на: 05 Април 2024, 15:48:01 pm »
@nestor04 BRIDGESTONE BLIZZAK LM005 имам земено од АутоМакедонија, пред 3 години.... тогаш цена за 16ка беше 4915 денари.
Топ гума, супер се однесува во секоја ситуација, посебно топ е за влажни услови.

П.С. мој совет, толку вложуваш во колата, не штеди на гуми. Тоа парче од неколку сантими е единствениот контакт помеѓу асфалтот и над 1 тон автомобил... Кога ќе поделиш сумата на гумите кои ќе ги користиш барем 5 години, смешен месечен трошок излегува за една од најбитните работи за безбедност...


Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен andov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 55
Одг: Зимски гуми
« Одговори #9379 на: 05 Април 2024, 16:42:03 pm »
@nestor04 BRIDGESTONE BLIZZAK LM005 имам земено од АутоМакедонија, пред 3 години.... тогаш цена за 16ка беше 4915 денари.
Топ гума, супер се однесува во секоја ситуација, посебно топ е за влажни услови.

П.С. мој совет, толку вложуваш во колата, не штеди на гуми. Тоа парче од неколку сантими е единствениот контакт помеѓу асфалтот и над 1 тон автомобил... Кога ќе поделиш сумата на гумите кои ќе ги користиш барем 5 години, смешен месечен трошок излегува за една од најбитните работи за безбедност...

На гуми и кочници не се штеди

Sent from my Mi 9T Pro using Tapatalk


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Зимски гуми
« Одговори #9380 на: 05 Април 2024, 16:44:34 pm »
Убав реален муабет.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5657
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Зимски гуми
« Одговори #9381 на: 05 Април 2024, 16:45:26 pm »
@andov Мислам дека погрешно мислење имаш околу одржувањето на моите коли (не сакам да се сфатиме погрешно и да ја насочиме темава погрешно). Имам перфорирани Ate PowerDisc дискови заедно со Ate плочки на кола од 1.2т и 90кс.
Два три делови ако имам купено од тука, сѐ останато одам до Грција, купувам од Аутодок. Масло користам најскапо 10-40ка (Amsoil, го нема тука), можеби ќе преминам на добра 5-40ка.
Еве линкче да разгледаш, гледам послабо си активен на форумов. Исто така пиши ми пп ако може да го разгледам Лексусот викендов идам Ск.

https://forum.carclub.mk/index.php/topic,25383.540.html

Едит: Гумите ми се евтинки да, но се добро рангирани на ADAC тест, сепак толку имав во моментот финансии и подобро до нив него со Петлас зимски на +40 како што правел претходниот газда. Затоа сега барам добри зимски. Колата сум ја извадил од преса буквално.

Отсутен andov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 55
Одг: Зимски гуми
« Одговори #9382 на: 05 Април 2024, 16:57:38 pm »
@andov Мислам дека погрешно мислење имаш околу одржувањето на моите коли (не сакам да се сфатиме погрешно и да ја насочиме темава погрешно). Имам перфорирани Ate PowerDisc дискови заедно со Ate плочки на кола од 1.2т и 90кс.
Два три делови ако имам купено од тука, сѐ останато одам до Грција, купувам од Аутодок. Масло користам најскапо 10-40ка (Amsoil, го нема тука), можеби ќе преминам на добра 5-40ка.
Еве линкче да разгледаш, гледам послабо си активен на форумов. Исто така пиши ми пп ако може да го разгледам Лексусот викендов идам Ск.

https://forum.carclub.mk/index.php/topic,25383.540.html

Едит: Гумите ми се евтинки да, но се добро рангирани на ADAC тест, сепак толку имав во моментот финансии и подобро до нив него со Петлас зимски на +40 како што правел претходниот газда. Затоа сега барам добри зимски. Колата сум ја извадил од преса буквално.
Не не, далеку од тоа, коментарот ми беше општо пишан. Во твојата ситуација сакав само да ти кажам дека и мала разлика може да биде значителна. Премиум контакт 6 имам на колата, малку поентузијастички да тргнам и колата крева паника. Верувам дека со гуми од пониска класа би било поприметно. Затоа и реков, за некои работи на колава не треба да се штеди, пред се од безбедносна гледна точка.

За активноста моја, да, не сум баш активен, дојдов да се пофалам дека лексус си купив :-))) (мала шала)

Викендов ми е кнап, ама ајде ќе се договориме следно идење или мене ако ме носи патот накај тебе. Барем да ја исперам да не се брукам пред народ

Sent from my Mi 9T Pro using Tapatalk


Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5657
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Зимски гуми
« Одговори #9383 на: 05 Април 2024, 16:59:22 pm »
И неперена Лексус си е Лексус, хаха. Немам искуство до бензинец Лексус, не сум ни возел, имам со ист таков 2.2 искуство со ремап и навистина бара добри гуми, задниот погон не ми изгледа баш нај-нај, затоа и те прашав. Ако те носи патот накај Прилеп тука сум  ;)

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8569
  • Малерозен дрводарец
Одг: Зимски гуми
« Одговори #9384 на: 05 Април 2024, 17:07:55 pm »
Blizzak има стално ЕвропаГуми.
Во случај да нема, донасаат за недела-две
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1912
Одг: Зимски гуми
« Одговори #9385 на: 05 Април 2024, 17:14:07 pm »
Јас имам Goodyear Ultragrip 9 зимски и толку се добри што не ми се мењаат со летни гуми.. ;D

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5657
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Зимски гуми
« Одговори #9386 на: 05 Април 2024, 17:57:56 pm »
Јас имам позитивно искуство со allseason гуми на Goodyear Vector 4 Seasons 3 Gen XL 255/50R19, многу се тивки (можеби таква изолација има МЛ-от), но и скапи. Затоа и го ставив на можна листа.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5657
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Зимски гуми
« Одговори #9387 на: 05 Април 2024, 18:43:58 pm »
LM005 отпаѓаат од игра. Буквално сѐ што прочитав е негстивност околу брзото абење на гумата. 2-3 години активно возење. А и најскапи се. За перформанси нема збор. Во потесен круг се Конти и Ханкук.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1804
Одг: Зимски гуми
« Одговори #9388 на: 05 Април 2024, 19:54:49 pm »
Која димензија бараш?

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5657
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Зимски гуми
« Одговори #9389 на: 05 Април 2024, 20:14:54 pm »
185/65R15