Јас исто така возам GoodYear Ultra Grip 9 и искрено да ви кажам сум презадоволен. Живеам во Велес на ридот, поточно таму каде што снегот ретко кој го чисти и еве овие два три дена неколку пати без проблеми си возам со колата. Вчера имав и ситуација качуваајќи се нагоре ми наидоа две коли, морав скроз да избегам во снегот за да поминат и после без никаков проблем си продолжив. Викам качуваајќи се нагоре само за да ви доловам дека горништето кое го искачувам е прилично стрмно со снег и на некој делови е убаво натапкан и разлизган од децата со санките. Јас сум задоволен од оваа гума.
Sent from my Lenovo A6020a41 using Tapatalk