Можеш да ставиш и 195/60/15 и 185/60/15 (вториве се многу поблиски до оригиналната димензија).
Двете димензии се доста поефтини од 195/55/15, така да ти се отвора изборот уште повеќе. Погледни и Continental TS860. Nokian се гуми од ултра мека компонента за доста ладни зими, нешто што кај нас го немаш (или го имаш 6 до 10 дена во поладните месеци). Обично зимите кај нас се околу 4-5 степени, ако пукне сонце и до 16-17 знае да стигне дневна, такви температури се смрт за меки компоненти.
Continental се правени за европски зими, повеќе влажен и сув асфалт за умерено ниски температури. Поради тоа, веројатно и си траат најдолго (член имаше 8-9 години стари, личеа ко нови а не се жалеше и на перформанси колку што паметам).