Ич не сакам да заземам страни, а и повеќе од јасна е големата ценовна разлика од "евтините" до "скапите" т.е. кој колку си може.
Сепак, мислам дека и искористеноста во години и нормално, степенот на изабеност, многу менуваат на крај.
Пред 2 дена бев сведок на лошо пролизгување на Tigar (користени отприлика 2 години, со добри шари) во повеќе различни ситуации.
Многу блиска бројка во цена со Sava HP2, ама можат слободно вода да им носат.
Она, без заебанции

Порано возев Sava во полоша состојба од претходно спомнатите Tigar и подобро се однесуваа.
Со обновените Sava - веќе нема споредба.
На сиот тој неисчистен асфалт од Велес до Скопје можев слободно да одам 120-140 км/ч.
А, зборувам за гуми што се буквално "евтини".
Проблемот ми е - дали скокот во цена од 5000 денари парче до 12000 денари парче за Michelin ќе направи толку голема разлика да се чувствувам многу посигурно?
Можеби на планина - да, ама не возам таму, така да не знам

Ама што се однесува до буџетските варијанти, сепак не би одел со најевтиното само заради тоа што е најевтино.
Добра е темава. И кога препорачувате гуми, ве молам само од искуство и со сите параметри.
Еве, мене лично како млад возач ме уби параноја околу снеговиве/мразовиве, а на крај излезе дека Sava HP2 се чистокрвен мадафака ( 215/60/15 )