За да нема двојби и предрасуди околу изборот, советот треба да се формира врз основ на буџетот. Џабе сакаш Мишлен, Конти и слично ако не можеш да си ги дозволиш.
Едноставно е, барам совет за зимски гуми димензија ххх/хх-хх во рамки на хх.ххх денари. И толку.
Мислам дека гумите како ставка не се толку голема во однос на останатите трошоци за одржување и возење на возилото за да бидат проблем. На пример за 40000km колку што треба да се извозат едни гуми, на сервис и гориво ќе се потршат од 3000 до 6000 евра во зависоност од возилото, па така 100 евра плус за подобри гуми во однос на нискобуџетните и не е некој трошок. Сепак, не секогаш се има потреба за најдобра можна гума. На пример, жена ми колата ја вози исклучиво во град, и тоа смирено 50-60km/h и не верувам дека некогаш ќе ја дигне над 80–90km/h. За ваков случај и пoтреби сметам дека мид-рејнџ летни и зимски гуми ќе завршат работа речиси идентично како и хај-енд. Не дека нема разлика меѓу хај-енд и мид-рејнџ, но тие разлики се забележливи при поголеми брзини и по-динамично возење. Па затоа, и покрај тоа што можев да и купам хај-енд гуми, жена ми на колата вози Hankook Ventus 205/55R16 и Sava Eskimo S3+ 185/65R15. Кога сум ја во прашање јас, возам многу подинамично(убрзавам од семафор до семафор, па кочам), возам често на отворено и возам брзо(на автопат 150~200), па во мојот случај хај-енд гумата и те како има смисла и поента. Затоа на мојата лимузина возев Michelin Primacy HP и Michelin Alpin. Со Michelin Alpin, иако двојно поскапи од Sava Eskimo S3+, сметам дека се утка за скопските зими затоа што со Sava–та колата имаше подобри перформанси. Значи не секогаш поскапата гума е подобар избор! Многу е битно гумите да бидат содветно избрани за условите во кои ќе се вози.
Нејсе, бидејќи патиме од синдром "ако може да не платам", кога се купуваат гуми, а и за многу други нешта(на пример Kingston V300 vs Samsung 850 EVO), се прават неумесни компромиси каде за мала разлика во цена се купува драстично понеквалитетен производ.
Но нај-јак феномен е тоа што има и такви кои купиле нова кола и можат да си дозволат секакви зимски гуми, но воопшто не купуваат. На крај секако ќе следи народски кажаната поговорка "скржавиот и сиромавиот двојно плаќаат", само кога се гуми во прашање тоа "двојно" може да биде многу повеќе.
Не е само до буџетот, до димензијата е повеќе
Ако возиш постандардна димензија ќе си земеш премиум гума за ич пари шо се вика. Знаете ли колкава разлика во цена има помеѓу 195/50/15 и 195/50/16? Па дупло некаде ако не и повеќе.
195/50R15 и 195/50R16 се некомпатибилни гуми на бандажи со различна димензија и не можеш едната да ја ставиш наместо другата, ниту пак едното тркало со бандаж да го ставиш наместо другото.
Разликата во цена помеѓу 205/55R16, како стандардна големина и масовно увезувана и продавана, и гума 195/55R16 која е со слична големина (2% разлика во дијаметар и 5% разлика во ширина), а која е нестандардна и се носи во мали количини, во случајот кога купував летни гуми(Hankook Ventus) за колата на жена ми беше 35%. Секако избрав 205-ки.