@Darko Мк5, за мене побитно е краток пат при (панично) застанување, отколку тракција. Је*и га, за тракција многу работи зависат, од тежина на возило, димензии, распоред на тежина итн. Не можам Стилото да го споредам со 166 во ниедна ситуација на тракција, стилото е „чигра“. Тек да го видиш спаркот на Миле?... Кај што он може без мака, со летни, ја веројатно би морал на 166 да стаам ланци, џабе ASR-и, џaбе други помагала. Сепак, кога ќе ставиш на една кола со исти карактеристики, различни гуми, ќе имаш претстава каде си.
Како што реков претходно, секој бира гуми според начинот на возење, услови во кои најчесто вози и буџетот пред се`. Може некоја гума од буџет делот да „изненади“ и да понуди подобри перформанси на дожд да речеме од премиум, ама многу веројатно дека во другите елементи (на суво, или на снег или на дожд) би била полоша. Премиум гумите нудат добри и избалансирани перформанси во секој сегмент. Тоа ги разликува од буџет гумите.