Баш затоа и не е исто дали ти ќе даваш секоја втора година 100/200 евра повеќе, или Дени секоја десетта за Континентал. Мислам дека се разбирате, ама поинтересно ви е да не се разберете 
Напротив, баш повеќе се исплати ако даваш секоја година по 100/200 евра повеќе...Еве зошто:
Да земемe дека за редовен сервис на секои 10000km се даваат по 100 evra.
Да земеме дека возиш некој дизел со 7.5l/100km просечна потрошувачка, односно околу 650 евра за поминати 10000km.
Да земеме дека регистрација + годишен зелен картон коштаат 250 евра.
Тоа се вкупно 1000 евра за поминати 10000km за една година. Ќе ги занемариме трошоците за вонредни сервиси и слично.
Да земеме дека се менуваат гуми на 40000km, а гумите чинат 400 евра. Тогаш таа цена од 1000 евра за 10000km ќе стане 1100 евра за 10000km. Поточно за поминати 40000km колку што е животниот век на гумите ќе платиме 4400 евра.
Ако пак наместо 10000km годишно се возат по 40000km, тогаш цената за поминати 40000km ќе биде 400 евра за редовен сервис + 2600 евра за гориво + 250 евра за регистрација + 400 евра за гуми, односно 4250 евра. Ако се земат во предвид и останатите трошоци за одржување на возилото, како и самата амортизација на возилото со текот на годините, тогаш разликата во цена по поминат km помеѓу возилото кое не се вози и она кое се вози ќе биде драстично поголема. Па така смисла имаат инвестициите во возило кое се вози.
И не знам зошто упорно кога се зборува за гумите како инвестиција се мисли на нив како поединечен трошок, кога не се! Тие се само мал трошок од севкупнот трошок поврзан со возилото од кога е купено па се до негова продажба/расход.