Ова во контекст на комплексите околу брендот на гумите, од една страна велиш дека и покрај тоа што нели за тебе не се проблем хај енд гумите сепак на женати си и купил Сава, у исто време се курчиш со Мишелинките на службената но си го правадаш изборот каде како фактор ги зимаш скопските зими и стилот на возење, што е тотално субјективно. Интересно сето ова го користиш како реплика на марјанот кој што културно без комплекси си ја кажа причината зашто не купил Конти или Мишелин.
Не Куоре, јас не размислувам како тебе. Зборував исклучиво за мое лично возило одржувано со лични средства. На приватната моја кола имав Michelin Pirmacy HP и Michelin Alpin купени со мои лични пари. И ако прочиташ повторно што имам пишано, Sava Eskimo S3+ е подобра гума од Michelin Alpin за во зима во Скопје, остави ја цената на страна! И кога би купувал повторно зимска гума за мое лично возило, секако ќе купам Sava Eskimo S3+ пред Michelin Alpin.
А стилот на возење и те како е објективен параметар, само ти толку разбираш физика! Силите кои делуваат на гумите при 150km/h во однос на силите кои делуваат при 50km/h се поголеми за 9 пати. Тоа значи дека и разликите во траекториите при кочење или извртување со едните гуми во однос на другите при 150km/h ќе бидат 9 поголеми отколку при 50km/h. Ако при 50km/h со едните гуми во однос на другите разликите во траекториите се пола метар, при 150km/h разликата во траектории ќе биде 4.5 метри. Затоа и сметам дека нема поента да се купат хај-енд наспроти мид-рејнџ гуми за пензионерско градско возење при кое ралзиката во стабилноста на возилото е многу мала и незначителна за да биде пресудна за било што.
Веројатно сакал да каже цена квалитет, издвоен од домашен буџет и службен буџет. 
Службен од државна фирма, и службен од приватна фирма се два различни поими 
Ако некој бира нормално е да го избере најскапото, кога друг го плаќа.
Ако го плаќа од свој џеб, ондак се наоѓа "разумен компромис", и во тој случај компромисот е бест бај, нели...

Типичен македонси пример 
Не, не. Ти и Куоре тргате од себе и мислите дека сите така размислуваат.

Јас зборував за мое приватно возило кое го одржував со лични средства и на кое му купив премиум гуми затоа што на начинот на кој го возам возилото (динамично и брзо, многу често на отворено при 150+ km/h) разликите во перформансите на гумите доаѓаат до израз и играат голема улога.
Што се однесува до службеното возило! Таму гумите се набавуваат на тендер така што се зададени одредени карактеристики кои треба да ги исполнат понудувачите, а добива најниската понуда. Па така на службеното возило возам летни Continental не знам кој модел, a зимски Nokian не знам кој модел...Во секој случај не се премиум гуми, ниту пак јас ги бирав! Да можев да бирам секако дека ќе изберев исто како што би избрал кога возилото би било мое приватно, а тоа со оглед на моите потреби и мојот стил на возење се хај-енд летни и зимски гуми!