Автор Тема: Проблем со палење (Opel Calibra)  (Прочитано 5169 пати)

Отсутен Indigo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 427
Проблем со палење (Opel Calibra)
« на: 21 Август 2018, 00:09:06 am »
... колата е Opel Calibra 1993 со мотор C20XE 2.0 16v 150hp. од кога ја купив има проблем со палењето, поточно моментот на палење. ме фати инает и ги тестирав параметриве за палење на 10 коли со ист мотор такада информациите што ќе ги прочитате земете ги како факти. се надевам ќе можам да доловам за што станува збор.

Проблемот е во тоа што, мојот мотор прерано фрла искра и како растат обртаите доаѓа до "pinging/engine knock" и палењето потоа касни. резултатот од ова е слабо забрзување, многу вибрации и бучава од моторот.

иницијалното палење (на лер гас) кај мене се случува на 19/20 степени пред горна мртва точка, наспроти фабричкото од 16 степени. Пробав со разни компјутери, потоа ја сменив целата моторна инсталација комплет со сите сензори (предходно беше со разводник, сега е со бомбина), и буквално секој сензор е сменет но без успех. Го проверив ребрастиот и тој е на точки како што треба. што би можело да го предизвикува ова ?

spark advance (calibra) (во лер)


spark advance (astra - со истиот мотор) (во лер)

« Последно менување: 21 Август 2018, 00:19:18 am Indigo »

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17389
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Проблем со палење (Opel Calibra)
« Одговори #1 на: 21 Август 2018, 02:29:08 am »
Да не ја чипувал некој колава?

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6628
  • Бенве сие бенве
Одг: Проблем со палење (Opel Calibra)
« Одговори #2 на: 21 Август 2018, 04:57:22 am »
Да не има прерано ребрестиот еден заб?

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен Indigo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 427
Одг: Проблем со палење (Opel Calibra)
« Одговори #3 на: 21 Август 2018, 09:05:10 am »
колата не е чипувана, како што кажав погоре пробано е со разни ECU-а, нема разлика.
ребрастиот е на точки и доле на радилица и горе на 2те брегасти.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4904
Одг: Проблем со палење (Opel Calibra)
« Одговори #4 на: 21 Август 2018, 09:46:40 am »
Дали ремениците се каде што треба? Дали се на кајла или на конус? Постои можност истите да се поместени.

Отсутен Indigo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 427
Одг: Проблем со палење (Opel Calibra)
« Одговори #5 на: 21 Август 2018, 15:15:27 pm »
Дали ремениците се каде што треба? Дали се на кајла или на конус? Постои можност истите да се поместени.

ремениците (спрема реперот на поклопецот) се каде што треба... Од некој мајстор слушнав дека биле на кајла меѓутоа не знам што значи и дали може да се поместени.. ако си расположен пушти ми слика да видам како изгледа кајла, и што би значело во превод на англиски да можам подетално да истражам.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4904
Одг: Проблем со палење (Opel Calibra)
« Одговори #6 на: 21 Август 2018, 15:20:50 pm »
Не мешај репер со ова што те прашувам реперот може ти е точен, ама ако позицијата на ременицата во однос на брегастата/радилицата е поместен џабе ти се 100 репера.


Toa железото забот е кајла. Не тврдам дека е вака на твојот мотор немам појма како е. Различни мотори различни изведби, некаде е на кајла, некаде е на конус, некаде на преклоп се набиени...

Отсутен Indigo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 427
Одг: Проблем со палење (Opel Calibra)
« Одговори #7 на: 21 Август 2018, 20:24:52 pm »
Не мешај репер со ова што те прашувам реперот може ти е точен, ама ако позицијата на ременицата во однос на брегастата/радилицата е поместен џабе ти се 100 репера.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Toa железото забот е кајла. Не тврдам дека е вака на твојот мотор немам појма како е. Различни мотори различни изведби, некаде е на кајла, некаде е на конус, некаде на преклоп се набиени...

ова за да се помести, нели треба нешто да се скрши ?

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4904
Одг: Проблем со палење (Opel Calibra)
« Одговори #8 на: 21 Август 2018, 21:51:33 pm »
Немора да значи може да е џвакната кајлата, тоа поместување ако е поместено е минимално затоа и работи. Бидејќи кажа дека се друго сензори, инсталации, компјутери е пробувано затоа и целам на некој механички проблем. Каде чита положба на радилица на замаец или? Друго што имаш од сензори? Дали можеби има мап сензор?
Конструктивно не го знам моторот вака од памет нагаѓам може некој од параметрите да ја ремети цела работа. Другите параметри какви се? Да не има некој што е надвор од вообичаени бројки или заглавен на иста вредност...

Отсутен Alex.mkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 158
Одг: Проблем со палење (Opel Calibra)
« Одговори #9 на: 22 Август 2018, 00:14:16 am »
Набрзина како што проверив за овај мотор палењето на лер гас на 940 вртези треба да се движи од 14 до 18 степени и е електронски контролирано од компјутерот, сензори кои имаат врска со математиките кои ги прави компјутерот да го нагоди запалувањето идеално спрема услувите во кои работи моторот ти се:
-Сензор на брегаста
-Сензор на радилица
-Сензор за позиција на педала за гас TPS
-MAF
-IAT (intake air temperature)
-Сензор за температура на мотор ECT
-IAC ventil
-EVAP ventil
-Ламбда сензор
-Knock sensor
-Octane adjuster

Но како што гледам проблем со прерано палење си имал и со разводник и со електронско, може да е нешто со изместено палење механички

Отсутен Indigo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 427
Одг: Проблем со палење (Opel Calibra)
« Одговори #10 на: 22 Август 2018, 01:31:06 am »
Немора да значи може да е џвакната кајлата, тоа поместување ако е поместено е минимално затоа и работи. Бидејќи кажа дека се друго сензори, инсталации, компјутери е пробувано затоа и целам на некој механички проблем. Каде чита положба на радилица на замаец или? Друго што имаш од сензори? Дали можеби има мап сензор?
Конструктивно не го знам моторот вака од памет нагаѓам може некој од параметрите да ја ремети цела работа. Другите параметри какви се? Да не има некој што е надвор од вообичаени бројки или заглавен на иста вредност...

положба на радилица чита од шајбна (trigger wheel 60-2) (која е сместена на радилица) и е потопена во уље (внатрешна е).
мап сензор нема. сите параметри се добри освен палењето.
« Последно менување: 22 Август 2018, 01:45:47 am Indigo »

Отсутен Indigo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 427
Одг: Проблем со палење (Opel Calibra)
« Одговори #11 на: 22 Август 2018, 01:34:45 am »
Набрзина како што проверив за овај мотор палењето на лер гас на 940 вртези треба да се движи од 14 до 18 степени и е електронски контролирано од компјутерот, сензори кои имаат врска со математиките кои ги прави компјутерот да го нагоди запалувањето идеално спрема услувите во кои работи моторот ти се:
-Сензор на брегаста - нов
-Сензор на радилица - нов
-Сензор за позиција на педала за гас TPS - нов
-MAF - нов
-IAT (intake air temperature) - нов
-Сензор за температура на мотор ECT - нема ваков сензор
-IAC ventil - нов
-EVAP ventil - сменет, иако нема врска со палење
-Ламбда сензор - неисправен, исклучен, нема врска со палење, и астрата погоре има неисправна ланда
-Knock sensor - нов
-Octane adjuster - и во позиција A и Б нема разлика.

Но како што гледам проблем со прерано палење си имал и со разводник и со електронско, може да е нешто со изместено палење механички

грешки на дијагностика не дава, патем инсталацијата и сензорите ги менував лично јас, преходно моторниот менаџмент беше Motronic 2.5, сега е Motronic 2.8. такада дефинитивно проблемот е механички. но КАДЕ?
моторот работи „добро“ од лер до 7000 обртаи (нема детонации пукања итн), работи рамномерно и обичен човек не може да примети дека има проблем, се додека не седне во друга калибра со ист ваков мотор. тропање, чукање и други „лоши“ звуци нема, но моторот предизвикува бука и вибрации во кабина.
« Последно менување: 22 Август 2018, 01:41:43 am Indigo »

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4904
Одг: Проблем со палење (Opel Calibra)
« Одговори #12 на: 22 Август 2018, 08:09:22 am »
Ако можеш симни картер и види го тоа тркалото за положба какво е... Ова искуствено ти кажувам мада ние работиме на големи дизел мотори. Сум имал случај тркалото да е малце искривено и да имам лошо палење и лоша работа на мотор.

Отсутен Indigo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 427
Одг: Проблем со палење (Opel Calibra)
« Одговори #13 на: 22 Август 2018, 12:28:34 pm »
Ако можеш симни картер и види го тоа тркалото за положба какво е... Ова искуствено ти кажувам мада ние работиме на големи дизел мотори. Сум имал случај тркалото да е малце искривено и да имам лошо палење и лоша работа на мотор.

пред некој месец предихтував картер и не ми се отвара пак. од еден пријател со ваков растурен мотор имав прилика да видам како изгледа тригерот..





искрено ова ми делува премногу цврсто за да се свитка или помести. башка колата постојано и „предвидливо“ работи...

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6566
Одг: Проблем со палење (Opel Calibra)
« Одговори #14 на: 22 Август 2018, 22:31:17 pm »
Пошто погоре ти спомнаа за кајла како можен проблем, и јас претходно ти имав споменато за таков случај со кајла:
На шкода форум еден исто вака постираше речиси идентичен проблем, на фелиција ама МПИ фелиција. Нерамномерно работење, се и сешто сменето, степ мотор, сензори, мерена и компресија, се идеално, а пак возилото не работи рамномерно.
На крај испаднало дека проблемот е во оштетена кајла (ни ја незнам што е ова, неможам да најдам соодветен македонски збор) на брегастата и бобината.

Незнам колку ова би ти помогнало, па да го провериш и кај тебе.

Без разлика што се работи за различни возила, сепак после секакво менување на електронски делови кои го контролираат палењето на горивото, моторот и понатаму лошо работи. На крај излегува механички проблем.

Почни да го бараш проблемот кај тебе од механички аспект кога веќе после секаква замена на сензори моторот сеуште не работи онака како што треба.

А иначе да знаеш дека се може да се оштети без разлика што мислиш дека делот е јак. Пред две години имав растурено југо 45 на кое радилицата му беше скршена на два дела, меѓу втор и трет клип и меѓу трет и четврти клип. Не исклучувај ништо од можностите затоа што ''ти делуваат цврсто'' или ''одлично'' од око.

ЕДИТ: Еве ја најдов сликата. Ќе речеш ова нема шанси да се случи, јако ми делува. Башка 45 коња, кај може да се скрши ова. Епа ете може.
« Последно менување: 22 Август 2018, 22:38:19 pm FiLo »