... колата е Opel Calibra 1993 со мотор C20XE 2.0 16v 150hp. од кога ја купив има проблем со палењето, поточно моментот на палење. ме фати инает и ги тестирав параметриве за палење на 10 коли со ист мотор такада информациите што ќе ги прочитате земете ги како факти. се надевам ќе можам да доловам за што станува збор.
Проблемот е во тоа што, мојот мотор прерано фрла искра и како растат обртаите доаѓа до "pinging/engine knock" и палењето потоа касни. резултатот од ова е слабо забрзување, многу вибрации и бучава од моторот.
иницијалното палење (на лер гас) кај мене се случува на 19/20 степени пред горна мртва точка, наспроти фабричкото од 16 степени. Пробав со разни компјутери, потоа ја сменив целата моторна инсталација комплет со сите сензори (предходно беше со разводник, сега е со бомбина), и буквално секој сензор е сменет но без успех. Го проверив ребрастиот и тој е на точки како што треба. што би можело да го предизвикува ова ?
spark advance (calibra) (во лер)
spark advance (astra - со истиот мотор) (во лер)